3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
МакедонијаЛДП: Проширувањето на ЕУ клучно за стабилноста на Европа – порака од конференцијата на либералите „Quo vadis Europa 2025?“Европската иднина на Западен Балкан е неопходност, а не алтернатива, а проширувањето на Европската Унија претставува стратешка инвестиција во стабилна, безбедна и обединета Европа.Европската иднина на Западен Балкан е неопходност, а не алтернатива, а проширувањето на Европската Унија претставува стратешка инвестиција во стабилна, безбедна и обединета Европа - ова е централната порака што беше испратена од годишната регионална конференција на либералите „Quo vadis Europa 2025?“, која вчера и денес се одржа во Скопје, во организација на Либерално-демократската партија (ЛДП), во соработка со Алијансата на либерали и демократи за Европа (АЛДЕ / ALDE) и Мрежата на либерали од Југоисточна Европа (LIBSEEN). Настанот обедини високи политички претставници, европратеници, експерти и партнери од регионот и Европската Унија, кои низ дводневна програма отворија суштинска дебата за иднината на Европа и европската перспектива на Западен Балкан, геополитичките предизвици и улогата на либерално-демократските вредности во современиот европски контекст. Во фокусот на дискусиите беа европските интеграции на земјите од Југоисточна Европа, усогласувањето со европските стандарди, регионалната соработка и потребата од поефикасна, политички посилна и проширена Европска Унија, способна да одговори на современите безбедносни и економски предизвици. Преку панел-дискусии и тематски сесии беа адресирани клучни прашања поврзани со усогласувањето со европските стандарди, регионалната соработка, европската безбедност и потребата од поефикасна, политички посилна и проширена Европска Унија. Отворајќи ја конференцијата Моника Зајкова, претседателка на Либерално-демократската партија и претседателка на LIBSEEN истакна дека Македонија донесе тешки одлуки во име на европската иднина и дека покажа храброст, компромис и посветеност на европските вредности – често по висока внатрешна цена. Но сепак нејзиниот европски пат останува неизвесен, одложуван не само поради недостаток на реформи, туку и поради структурните слабости во самиот процес на европско одлучување. „Доколку ЕУ е навистина сериозна во однос на проширувањето, кредибилитетот и својата геополитичка улога, таа мора да биде сериозна и во реформата на начинот на донесување одлуки бидејќи едногласноста пречесто се претвори во алатка за блокада, наместо за постигнување консензус. Таа овозможува билатералните прашања да се европеизираат, а националните вета да ги надвладеат заедничките европски интереси. За земјите кандидати како Македонија, Црна Гора, Косово и други, ова не е техничка дебата – ова е прашање на доверба. Доверба дека нашиот напредок ќе биде оценуван правично и дека ЕУ може да дејствува како политичка унија, а не само како форум за бесконечни одложувања“, рече Зајкова. Таа посочи дека движењето кон квалификувано мнозинство во клучните области не значи слабеење на државите членки туку значи зајакнување на способноста на Европа да дејствува, да одлучува и да води. Притоа додаде дека Западниот Балкан не е периферија на Европа туку е нејзина недовршена приказна и дека стабилноста, демократијата и просперитетот во нашиот регион се неразделни од иднината на самата ЕУ, како и тоа дека интеграцијата не смее да биде селективна или симболична, туку реална, инклузивна и неповратна. Според Свенија Хан претседателка на АЛДЕ Партијата и пратеничка во Европскиот парламент, време е приказната за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан конечно да биде завршено бидејќи Западен Балкан е есенцијален дел од ЕУ. „Ако сакаме силна и просперитетна Европа мора да го одржиме единството, а само проширена Европа може да обезбеди го обезбеди тоа. Европа нема да биде целосна без земјите од Западен Балкан“, рече Хан. Поздравувајќи ги високите гости од Европа и учесниците од името на македонската држава Африм Гаши, претседател на Собранието, истакна дека европската перспектива е стратешка определба на државата. „Откако Македонија ја трасираше својата евроатлантска ориентација, преку посветените реформи и пожртвуваноста кон овој процес, докажа дека нашата единствена стратешка цел останува Европската Унија. Оваа визија не е краткорочна, ниту условена, туку претставува непоколеблива и консензуална определба. За оваа визија и овој стремеж спроведуваме реформи, го зајакнуваме владеењето на правото, ја унапредуваме транспарентноста, ги модернизираме постапките и го усогласуваме нашето законодавство со она на ЕУ“, рече Гаши. Со видео обраќање на учесниците се обрати и Ирена Јовева, пратеничка во Европскиот парламент, која нагласи дека Европската Унија мора да покаже кредибилитет и доследност кон земјите кандидатки и дека европската иднина на регионот е прашање од заеднички европски интерес. Таа истакна дека Македонија е земја која заслужува повеќе од што Европа моментално го дава. „Оваа наша Унија денес нема толку проблеми со процедурите, колку што има со довербата и за жал и со сопствениот кредибилитет. Македонија направи политички компромиси кои беа многу болни, тешки и историски, и не заслужува политички маратон без крај. Ветото е алатка за принуда, а не за заштита на ЕУ и затоа е потребно квалификувано мнозинство и во надворешната политика бидејќи светот не чека“, порача Јовева. Во рамки на конференцијата се одржаа две клучни панел-дискусии. Првиот панел, на тема „Европа инвестира во сопствената одбрана: Дали оружјето е доволно?“, се фокусираше на европската безбедност, одбранбените политики и пошироките геополитички ризици, со учество на Рик Дамс, поранешен претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Елиза Хоџа, пратеничка и членка на LIBSEEN, Маријана Пуљак, пратеничка и поранешна ко-претседателка на партијата Центар, и Ватрослав Белан, поранешен државен секретар и претседател на Либералната партија на Црна Гора. Вториот панел, „Геополитички силна, проширена и ефикасна Европска Унија“, ги отвори прашањата за реформите во ЕУ, динамиката на проширувањето и улогата на Западниот Балкан во новиот европски поредок, со учество на Весна Пусиќ, поранешна заменик-претседателка на Влада и министерка за надворешни работи, Луција Тачер Перин, пратеничка, Свенија Хан и Моника Зајкова. Заедничкиот заклучок од дискусиите беше дека без интеграција на Западниот Балкан, Европската Унија не може да биде целосна, ниту геополитички кредибилна, и дека проширувањето мора да се третира како стратешка нужност, а не како бирократски процес што се одложува. Конвенцијата „Quo vadis Europa 2025?“ уште еднаш ја потенцираше потребата од обновен европски ангажман, јасна политичка волја и засилена поддршка за европската перспектива на Македонија и регионот. Зашто, Европа оди напред кога е доволно храбра да се реформира, доволно искрена да вклучи и доволно принципиелна да застане зад своите вредности. И дека Македонија припаѓа во Европската Унија, Западниот Балкан припаѓа во ЕУ и Европа мора да биде подготвена да се развива за да ја направи таа иднина возможна, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter