ЛДП: Не се гордејте со просекот на матурата кога државата останува без деца! - Канал 5

ЛДП: Не се гордејте со просекот на матурата кога државата останува без деца!

Изјавата на министерката за образование дека оваа учебна година ќе има најмалку 3.000 првачиња помалку е најтешката оценка за политиките на Владата. 

ЛДП: Не се гордејте со просекот на матурата кога државата останува без деца!

Ова не е само статистика, ова е аларм дека Македонија забрзано се празни.

Додека министерката се обидува да ја претстави државната матура како успех, вистинското прашање е: кому ќе му предаваме утре, ако секоја година имаме илјадници деца помалку?

Не може да се зборува за успешен образовен систем кога училиштата остануваат без ученици, а младите ја напуштаат државата.

Демографскиот пад е директна последица на погрешните политики, економската несигурност, недовербата во институциите и отсуството на визија. Секоја година со помалку првачиња значи помалку млади луѓе, помалку работна сила и послаба иднина за Македонија.

Либерално-демократската партија предупредува дека ова не смее да се третира како обична бројка во извештај. Потребна е итна национална стратегија за демографска обнова и поддршка на младите како и донесување на конкретни мерки за создавање услови за граѓаните да останат и да ја градат својата иднина дома.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Репоратажа од Гостивар: Нервоза меѓу граѓаните, кризата со водата продолжува

Пружени раце и надеж за чиста питка вода. Она што вообичаено го имаме со едно вртење на чешмата, за гостиварчани деновиве значи чекање во редици и неизвесност. 

Репоратажа од Гостивар: Нервоза меѓу граѓаните, кризата со водата продолжува

Во услови на високи летни температури, пунктовите за вода, кои низ градот ги има околу десетина и најчесто се поставени во близина на поважни локални институции, станаа нова секојдневна станица за жителите – место каде доаѓаат по најосновната потреба, вода за пиење и готвење.

Но, граѓаните реагираат дека дистрибуцијата не секогаш се одвива според очекувањата. Велат дека времето на пристигнување на водата се менува од ден на ден, а на дел од пунктовите, според нив, понекогаш воопшто ја нема. Животот со ограничени количини вода за пиење и готвење, среде лето, станува се потежок, а количините што ги добиваат, велат тешко ги задоволуваат потребите на едно домаќинство.

Кризата со водата не го промени само секојдневието на домаќинствата. Последиците ги чувствуваат и угостителите, кои велат дека работат под отежнати услови, со дополнителни трошоци за обезбедување вода, но и со намален број гости и промет.

Додека граѓаните и бизнисите се обидуваат да се снајдат во новите услови, од Советот за превенција при Општина Гостивар велат дека состојбата редовно се следи, а локалниот кризен штаб постојано заседава и ги разгледува проблемите со кои се соочуваат жителите. Оттаму посочуваат дека вода се обезбедува преку институциите, но и преку општествено одговорни компании. Велат дека потребите се дополнително зголемени во летниот период, поради враќањето на иселениците во Гостивар за време на одморите.

Четири населени места во гостиварско и натаму се соочуваат со проблеми во водоснабдувањето. Дел немаат вода ниту за техничка употреба, а дел имаат недоволен притисок. Од Општината велат дека овие населени места дополнително се снабдуваат и со цистерни, а со цистерни, како што посочуваат, се обезбедуваат и дел од потребите на болницата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова

Има пропусти во делот на лекувањето на 19 годишната родилка од струмичкото село, Баница Станка Михајлова која била породена во штипската болница со царски рез, дознава Канал 5 од извори во министерството за здравство.

Канал 5 дознава: Утврдени се пропусти во лекувањето на 19 годишната родилка од струмичко, Станка Михајлова

Она што било констатирано во извештајот на ДСЗИ е дека дежурниот гинеколог од струмичката болница не го повикал анестезилогот во болницата за царски рез, туку ја препратил родилката во штипската болница, каде била породена со царски рез, каде имало одредени пропусти, дознава Канал 5. Од министерството за здравство потврдија дека ДСЗИ завршил со инспекцискиот надзор во сите здравствени установи каде била прегледувана родилката. Исто така се чека и извештајот на комисијата за стручен надзор составена од лекари специјалисти по неврологија, анестезилогија, гинекологија, радиологија и неврохирургија.

-Со цел да се обезбеди целосна, независна и објективна стручна процена, министерот за здравство побара во комисијата за стручен надзор да биде вклучен и медицински експерт од соседна држава. Тој ќе учествува во разгледувањето на целокупната медицинска документација на пациентката и во изготвувањето на стручното мислење за преземените дијагностички и терапевтски постапки. По завршувањето на стручниот надзор, Министерството за здравство ќе ја информира јавноста за наодите и заклучоците,- министерство за здравство.

За здравствената состојба на Михајлова проговори на нејзиниот свекор кој објави видео и изјава каде објаснува дека еден месец по царскиот рез неговата снаа не може да оди и покрај лекувањето на клиниката за неврологија и е во инвалидска количка.

Од платформата за родова еднаковст бараат независна истрага за овој случај и надлежните институции да обезбедат независна и трнспарентна и стручна постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот каде 19 годишната жена по породувањето остана во инвалидска количка со сериозни здравствени последици.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа

Гринпис и холандската невладина организација ПАКС предупредија за ризик од сериозна еколошка катастрофа по појавата на нафтена дамка на отворено море крај природен резерват во Оман.

Се шири нафтената дамка кај брегот на Оман, невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа

Нафтената дамка покрај Оман се зголемила од 20 квадратни километри на 24 јули на приближно 600 квадратни километри на 4 август, покажуваат сателитските снимки. Експертите предупредуваат дека распаѓањето на бродот може да предизвика регионална еколошка катастрофа и да ги погоди рибарите.

Како извор на истекувањето се посочува танкерот „Каролин Безенги“, кој во мај натоварил еден милион барели нафта на рускиот црноморски терминал Шесхарис.

Обединетото Кралство во февруари го стави танкерот под санкции поради сомневање дека превезува руска нафта.

На 6 јуни бродот го потресле три експлозии, кои ги онеспособиле моторот и управувачкиот механизам и поплавиле повеќе оддели. Причината не е утврдена, а екипажот бил безбеден.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер