ЛДП: Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието - Канал 5

ЛДП: Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Гувернерот на Народната Банка, Трајко Славески, на страната на ЛДП за намалување односно укинување на дел од високите банкарски трошоци, кои се дополнителен товар на граѓаните. 

ЛДП: Гувернерот на страната на ЛДП, на ред банките и Собранието

Иако пратениците се глуви, идеите на ЛДП се слушаат и на денешната средба со претставниците од македонските банки, гувернерот Славески им претстави иницијатива за намалување или укинување на банкарските трошоци и изедначување со нивото на ЕУ. Сега на ред се банките, кои ако не постапат ќе мора законски да бидат ограничени. Собранието еднаш имаше шанса и не застана на страна на граѓаните, сега ќе биде повторно на потег.

Оваа иницијатива минатата година ја покрена ЛДП со низа јавни и медиумски настапи, прес конференции и учества во панел дискусии и трибини. Претседателката на ЛДП и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова, поднесе измени и дополнувања на Законот за платежни услуги и платни системи по скратена постапка, но тие не наидоа на поддршка од мнозинството во парламентот.

„Граѓаните не се должни да ги богатат банките на нивна штета. Затоа, значењето за брзо носење на ова законско решение е огромно! Не смееме да дозволиме банките да наплаќаат надоместоци за затворање на платежна сметка, ниту пак надоместоци за затворање на дебитни или кредитни картички – банката е должна веднаш да ја затвори сметката на барање на граѓанинот“, изјави претседателката Зајкова, по ланското поднесување на предлогот.

Измените на законот предвидуваа укинување на плаќањето надоместоци за затворање на сметка, укинување на трошоците за повлекување на пари од други банкомати, онлајн плаќања и проверка на сметки, намалување на трошоците за подигнување на кредити и други предлог мерки за заштита на граѓаните во процесите во банкарското работење.

Претседателката Зајкова тогаш упати апел до сите пратеници од партиите во македонското собрание да гласаат и да го поддржат овој предлог-закон, со единствена цел - обезбедување праведен банкарски систем и заштита на интересите на граѓаните.

Славески на денешната средба изјави дека Народна банка го прави првиот чекор со намалување на надоместоците што банките ги плаќаат за користење на услугите на МИПС, како што се надоместоци за долговниот промет и дека очекува и банките во најкус можен рок да ја ревидираат висината на надоместоците за извршување на плаќањата за граѓаните и компаниите и истата да ја постават на разумно ниво.

Либерално-демократска партија

Нвидиа е првата компанија во историјата со вредност над четири трилиони долари

Акциите на Нвидиа денеска скокнаа за повеќе од два проценти, првпат надминувајќи пазарна капитализација од 4 трилиони долари со што производителот на чипови стана првата компанија која ја достигнала оваа пазарна вредност.

Нвидиа е првата компанија во историјата со вредност над четири трилиони долари

Нвидиа ги надмина Мајкрософт и Епл, иако и двете компании ја достигнаа границата од три трилиони долари пред Нвидиа. Мајкрософт е исто така еден од најголемите и најважните купувачи на Нвидиа.

Компанијата со седиште во Калифорнија, основана во 1993 година, првпат ја надмина границата од два трилиони долари во февруари 2024 година, додека границата од три трилиони долари ја надмина четири месеци подоцна.

Нвидиа во голема мера профитираше од растечката побарувачка за хардвер и чипови од претставувањето на ChatGPT кон крајот на 2022 година. Компанијата се позиционираше како водечки лидер во создавањето на графички процесорски единици (GPU) кои ги напојуваат големите јазични модели.

Порастот на побарувачката ја зголеми вредноста на акциите на овој гигант за повеќе од 1500 проценти во последните пет години. Акциите пораснаа за повеќе од 15 отсто во последниот месец и 22 отсто од почетокот на годината.

Неодамнешниот раст на Нвидиа се случи и покрај геополитичките тензии и моменталните ограничувања на чиповите кои ја попречуваат продажбата во Кина. Минатиот месец, Нвидиа најави дека неодамнешното ограничување на извозот на нејзините H20 чипови развиени за Кина ќе ја чини осум милијарди долари.

Еден трилион во децималниот систем се запишува како 1.000.000.000.000. Тоа претставува илјада милијарди, односно милион милиони.

Нови научни сознанија за суперновите: Што е разлика меѓу „ГРБ“ и „ФХТ“ експлозиите?

 Млазевите што не успеале да ја пробијат надворешната обвивка на ѕвезда што умира се извори на мистериозни рендген-зрачењa и блесоци што ги збунуваат астрономите со десетлетија. 

Нови научни сознанија за суперновите: Што е разлика меѓу „ГРБ“ и „ФХТ“ експлозиите?

Ново научно истражување за ѕвезда и нејзината супернова, т.е. моќна и светла експлозија којашто го означува крајот на вселенското тело, открива дека експлозиите на рендгенско зрачење познати како „брзи транзитни честици на рендгенски зраци“ ('Еф-икс-те') се резултат на неуспешна „експлозија на гама-зраци“ („ГРБ“) - една од најенергичните експлозии што може да ги произведе Вселената.

Анализите се подробно опишани во два труда прифатени во американскиот „Астрофизички журнал“ (The Astrophysical Journal Letters) и ce достапни на платформата „Арксив“ (arXiv).

- Од 1970-тите, астрономите детектираат „Еф-икс-те“ - експлозии од далечни галаксии што можат да траат од неколку секунди до повеќе часови, вели астрономот Џилијан Растинеџад од Северозападниот Универзитет во американската сојузна држава Илиноис. - Но, нивните извори останаа долгогодишна мистерија. Нашата работа дефинитивно покажува дека „Еф-икс-те“ можат да потекнуваат од експлозивната смрт на масивна ѕвезда. Исто така, тоа ја поддржува причинско-последичната врска меѓу „ГРБ“-суперновите и „Еф-икс-те“-суперновите, при што „ГРБ“ се создаваат од успешни млазеви, а „Еф-икс-те“ се создаваат од заробени слаби млазеви, додаде научникот.

Според него, евентуалната имплозија на ѕвезденото јадро и исфрлањето на материјалот околу него надворешно се навестени од долг период на нестабилност во којшто ѕвездата ги отстранува своите надворешни слоеви. Кога ѕвездата конечно ќе ја погоди таа точка на суперновата, млазовите експлодираат нанадвор од колабирачкото јадро, пробивајќи се низ надворешните слоеви во меѓуѕвездениот простор. Тие млазови, всушнoст, ги предизвикуваат „ГРБ“, преку материјалот околу ѕвездата, а експлозијата е проследен со моќни одливи.

YouTube video

Детектирањето на настанот на 8 јануари оваа година беше во полза на нашето разбирање на начинот на којшто овие енергетски експлозии можат да тргнат наопаку. Рендгенски телескоп на сондата „Ајнштајн“ сними „Еф-икс-те“ експлозија на 2,8 милијарди светлосни години далечина низ Вселената, пренесува порталот „Американ фокус“ (American Focus).

- Важно е да се напомене дека податоците од икс-зраците сами по себе не можат да ни кажат кои феномени ја создале „Еф-икс-те“. Брзите набљудувања на локацијата на „Еф-икс-те“ на оптички и инфрацрвени бранови должини се клучни за идентификување на последиците од „Еф-икс-те“ и собирање сознанија за неговото потекло, објаснува Растинеџад.

Астрофизичарот Роб Ајлс-Ферис од Универзитетот во Лестер во Велика Британија смета дека оваа „Еф-икс-те“ супернова е „речиси близнак“ на експлозиите по „ГРБ“.

- Нашите набљудувања на раните фази од еволуцијата на „ЕП 250108-a“ покажуваат дека експлозиите на масивните ѕвезди може да бидат предизвикани од двете појави. Ова откритие најавува пошироко разбирање на разновидноста во смртта на масивните ѕвезди и потреба од подлабоки истражувања на целиот пејзаж на ѕвездената еволуција, вели Ејлс-Ферис.

„Еф-икс-те“ експлозијата е именувана „ЕП 250108-a“ и, како што откриваат новите податоци, тој е поврзан со суперновата наречена со прекар „Кенгур“. Истражувачите открија дека оваа супернова е особено ретка појава којашто произлегува од колапсот на јадрото на масивна ѕвезда - со маса меѓу 15 и 30 пати поголема од Сонцето.

- Од повеќедецениски научни истражувања, знаеме дека млазовите можат успешно да се пробијат низ надворешните слоеви на умирачка ѕвезда и ги гледаме како „ГРБ“. Во нашиот труд, откривме дека овој „заробен“ млаз е почест кај масивните ѕвездени експлозии отколку кај млазовите што успешно излегуваат од ѕвездата, додаде Растинеџад.

Сѐ тоа значи дека имаме нов начин за испитување на ѕвездените експлозии - супернови. Иако науката сега знае малку повеќе за „Еф-икс-те“, подробностите за тоа како се создаваат и што тоа прави ѕвездата да се распрснува како „Еф-икс-те“, а не како „ГРБ“, сè уште и допрва треба да се разберат.

Трамп испрати писма за царински мерки до шест земји

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска испрати нова серија писма до група од шест земји, информирајќи ги за дополнителните царини што ќе бидат применети на нивните производи кои влегуваат во САД.

Трамп испрати писма за царински мерки до шест земји

Писмата беа испратени до Алжир, Султанат Брунеи, Ирак, Либија, Молдавија и Филипини.

Се очекува алжирските, либиските и ирачките производи да бидат оданочени со околу 30 отсто, од Молдавија и Брунеи со 25 отсто, а од Филипини со 20 отсто.

Американскиот претседател во понеделникот почна да испраќа писма до земјите со трговски суфицит со САД, информирајќи ги за царинските мерки.

САД од 1 август ќе почнат да применуваат повисоки царини на увозот на стоки од повеќе земји, означувајќи нова фаза во трговската војна што Трамп ја почна во април.

притисни ентер