ЛДП: Електронско гласање на избори – наместо повеќе функции и малверзации - Канал 5

ЛДП: Електронско гласање на избори – наместо повеќе функции и малверзации

Додека политичката сцена е заглавена во застарени пазарења за технички влади и министерски фотелји, Либерално-демократската партија (ЛДП) останува единствената опозициона партија која нуди решенија кои водат кон иднината.

ЛДП: Електронско гласање на избори – наместо повеќе функции и малверзации

Додека политичката сцена е заглавена во застарени пазарења за технички влади и министерски фотелји, Либерално-демократската партија (ЛДП) останува единствената опозициона партија која нуди решенија кои водат кон иднината, а не кон нов административен хаос.

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, упати јасен повик до Собранието: Време е да се стави крај на скапиот „Пржински театар“ и фокусот да се префрли на електронско гласање и биометриска идентификација.

„Во 21 век, во ера на тотална дигитализација, ние сè уште дебатираме како да вдомиме нови партиски функционери под изговор за фер избори. Техничката влада стана парада на суети и извор на вонредни трошоци во држава каде граѓаните едвај ги преживуваат инфлаторните шокови. Технологијата не може да се поткупи, не може да се уцени и не познава партиска книшка. Тоа е единствениот лек против изборните малверзации“, стои во ставот на ЛДП.

Партијата потенцира дека наместо да се трошат милиони евра на дополнителни заменици и началници кои само го парализираат системот пред избори, тие средства мора да се насочат кон граѓаните и економијата.

„Аман веќе од функции на грбот на најсиромашниот народ. ЛДП нуди системско решение во работната група за Изборниот законик – да го затвориме ова прашање модерно, европски и економично. Македонија заслужува ефикасен систем и заштитени гласачи, а не политичко парадирање додека џебот на граѓанинот е сè поплиток“, порачуваат од ЛДП, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата

Откако министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев во интервју ги нарече македонските власти, српски, а потоа заклучи дека и не направил голема грешка, откако беше коригиран од новинарот, со став се огласија од македонското МНР.

МНР: Не е во интерес на ниту една земја да создава имиџ на земја заштитник на лица кои бегаат од правдата

Уште еднаш го повторуваме нашиот став дека од Република Бугарија, како наш непосреден сосед, земја членка на Европската Унија и партнер во НАТО, очекуваме доследно почитување на европските и меѓународните стандарди, правните процедури и принципите на владеење на правото. Ова очекување не се однесува само на конкретниот случај, туку и на постапувањето во сите случаи од ваков карактер. Дополнително, сметаме дека не е во интерес на ниту една држава да создава имиџ на земја-заштитник на лица кои бегаат од правдата и избегнуваат постапување пред надлежните институции, велат од МНР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори

Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.

ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори

Според пресекот направен во 18 часот, и податоците пристигнати до Државната изборна комисија, статистиката за излезност на гласачите на Предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница е следната:

Од пристигнати податоци од 24 избирачки места, вкупниот број на гласачи кои го оствариле правото на глас изнесува 7241 , или изразено во проценти 44.57%.

Во споредба со првиот круг на локалните избори во 2025 година, излезноста е зголемена за 0.76 %.

Во однос на заштитата на личното избирачко право, до 18.00 часот се пристигнати 10 приговори, од кои 4 приговори се усвоени, додека 6 се одбиени како неосновани.

Следната информација за јавноста ќе биде соопштување на првичните и неофицијални резултати веднаш по комплетирање на податоците од избирачките места.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рации на над 60 локации низ Македонија, апсења, затворени локали и откриени бројни неправилности

По координираната акција изминативе два дена во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, Одделот за криминалистичка полиција повторно на терен.

Рации на над 60 локации низ Македонија, апсења, затворени локали и откриени бројни неправилности

Неофицијално дознаваме дека во текот на вчерашниот ден и доцна во ноќта, Одделот на криминалистичка полиција при МВР заедно со сите СВР и повеќе инспекциски служби, извршиле рација на повеќе од 60 локации, кафе барови, ноќни клубови, казина, кладилници и останати објекти.

Според сознанијата, Биле констатирани низа неправилности, непоседување апарати за противпожарна заштита, блокирани влезови и излези. Според сознанијата изречени се глоби и забрани за работа на објектите, а некои биле и затворени.

Во локалите биле пронајдени и малолетни лица на кои им бил послужен алкохол. Пронајден е нелегален објект за оnline кладење, извршени претреси и уапсени се повеќе лица.

Се очекуваат повеќе официјални информации од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер