ЛДП: Двојни аршини на Владата - за граѓаните експресна казна, а за функционерите простување - Канал 5

ЛДП: Двојни аршини на Владата - за граѓаните експресна казна, а за функционерите простување

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува скандалозната и лицемерна реакција на Владата.

ЛДП: Двојни аршини на Владата - за граѓаните експресна казна, а за функционерите простување

Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ја осудува скандалозната и лицемерна реакција на Владата, која наместо итно да го разреши и кривично да го процесира директорот Далибор Китановиќ за величење на осуден воен злосторник, мизерно му понуди можност „да си го повлече ставот“. За величење, одобрување и минимизирање на геноцид и воени злосторства преку информациски системи, членот 407-а од Кривичниот законик јасно предвидува затворска казна до пет години. Законската одредба е децидна и во Кривичниот законик едноставно не постои опција за „повлекување на ставот“ откако делото е веќе сторено.

Ова е уште една шлаканица за народот и за правната држава што не е ниту невиден, ниту првпат за оваа власт, туку таа во континуитет и мизерно продолжува да го практикува. Со сличајот Китановиќ добивме уште еден доказ за скандалозните двојни аршини. Преку системот Сејф Сити, секој обичен граѓанин се удира директно по џеб за најмал прекршок и тука нема простување, ниту можност за „повлекување“. Кога обичниот човек ќе задоцни со плаќање сметка кон некоја државна установа, Владата не покажува никакво разбирање, туку веднаш му праќа извршители за блокирање на сметките. За граѓаните важи стриктно и немилосрдно почитување на законите, додека за владините функционери се резервирани изговори, беззаконие и простување.

Срамота! Државната функција не смее и не може да биде штит од кривична одговорност. ЛДП бара итно разрешување на Китановиќ, а МВР и Јавното обвинителство веднаш да постапат по службена должност согласно членот 407-а од Кривичниот законик, бидејќи законите во оваа земја мора конечно да важат за сите поддеднакво.

Либерално-демократска партија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Федералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.

ФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија.

Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции:

1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици.

2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација.

3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија.

4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа.

Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент.

„Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај.

Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Славна убавица не се откажува лесно од бикинито

Светскио топ модел нема така лесно да се откаже од своето бикини – затоа повторно се соблече.

Фото: Славна убавица не се откажува лесно од бикинито

Се чини дека летото сè уште трае за една од најубавите манекенски на светот, екс топ моделот, Алесандра Амброзио и дека таа нема намера толку лесно да се откаже од своето омилено парче облека – костимот за капење.

Иако есента полека, но сигурно се приближува, убавата Алесандра не сака лесно да се „предаде“.

Судејќи според нејзината најнова објава на социјалните мрежи, таа сè уште сака да ужива во сончевите денови и во придобивките од потоплото време.

Таа моментално престојува на Ибица, а за ова свое патување веднаш ги извести своите верни обожаватели на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дачија подготвува нов, помал кросовер

Производителот на автомобили од Романија, Dacia се подготвува да предизвика уште еден „земјотрес“ на европскиот пазар на автомобили. 

Дачија подготвува нов, помал кросовер

Романскиот производител, чии модели традиционално постигнуваат одлични продажни резултати, планира да ја прошири својата понуда на компактни кросовери со сосема нов модел.

Ова возило – кое неофицијално веќе го нарекуваат „Baby Duster“ – ќе биде позиционирано веднаш под актуелниот хит-модел Duster, нудејќи им на возачите во Европа уште подостапна опција со теренски способности.

Сè започна со прототипот Renault Bridger, кој првично беше дизајниран исклучиво за пазарите надвор од Европската Унија.

Концептот на возилото беше официјално претставен во март 2026 година, но раководството на компанијата брзо го препозна неговиот огромен комерцијален потенцијал.

Во тек се интензивни подготовки за воведување на овој проект на европскиот пазар под логото на романската марка Dacia.

Со планирана должина од околу четири метри, новиот кросовер ќе биде цели 35 сантиметри пократок од актуелниот Duster, но сепак ќе го задржи препознатливиот, робустен теренски изглед со зголемено растојание од подлогата.

Иако дизајнот засега постои само во форма на шпекулации на француските медиуми, се очекува предниот дел да ги содржи модерните стилски елементи на брендот, додека силуетата ќе остане доволно компактна за градско возење, а сепак забележливо помасивна од онаа на стандарден хечбек.

Пристигнувањето на „Baby Duster“ би можело целосно да ја измени структурата на понудата на романскиот бренд. Неговото лансирање совршено би ја пополнило значителната празнина помеѓу стандардниот Sandero и моделот Duster.

Што се однесува до погонската единица, инженерите разгледуваат неколку докажани опции. Како логична почетна точка се спомнува добро познатиот 1,0-литарски мотор со три цилиндри од моделот „Sandero“. Сепак, се очекува главна ѕвезда во понудата да биде новата генерација на моторот „Eco-G“ со 120 коњски сили, кој користи течен нафтен гас (ТНГ), додека сериозно се разгледува и можноста за модерна хибридна верзија, дизајнирана да ги задоволи строгите европски еколошки стандарди.

Она што несомнено најмногу ќе ги израдува купувачите низ Европа е цената: се очекува почетната цена за овој атрактивен SUV да се движи меѓу 17.000 и 18.000 евра!

Оригиналниот модел „Bridger“ прво ќе се појави на патиштата во Индија следната година, додека европската верзија на „Dacia“ би можела да дебитира многу брзо потоа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер