Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени
1Манасиевски: СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени
Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
2Емотивни сцени по елиминацијата на Англија: Дејвид Бекам не можеше да ги сокрие солзите и разочарувањето
КошаркаЛазовски нов селектор на македонската женска кошаркарска репрезентацијаМарјан Лазовски е назначен за нов селектор на сениорскиот национален тим на Република Македонија во женска конкуренција. За него ова ќе биде нов правец во професионалната кариера односно прв предизвик како тренер/селектор на состав во женска конкуренција. По бројните ангажмани на клупски план како тренер, Лазовски пет години беше и дел од стручниот штаб на сениорскиот национален тим во машка конкуренција, а го предводеше како селектор во 2012, на Олимписките квалификации во Венецуела. - Досега не сум работел во женска кошарка, но според мене разлика во машката и женската кошарка не постои. Мислам дека имаме солиден состав, девојките се подисциплинирани, поисполнителни и поработливи. Најпрвин мислам дека треба да направиме одлична атмосфера, а потоа верувам дека ќе следат и добри игри. Со дисциплина и добра игра, нема да изостанат и резултатите, тоа е сигурно, изјави Лазовски за веб страната на МКФ. Првиот собир сениорките ќе го одржат на 26 мај, во Скопје. Како дел од подготвителниот период во пресрет на почетокот на квалификацискиот циклус (ноември, 2017 година). Македонската кошаркарска федерација (МКФ) ќе биде домаќин на турнир „Трофеј Македонија“ каде покрај домашната, учество ќе земат националните селекции на Бугарија и Босна и Херцеговина. - Турнирот ќе ни служи за проверка на силите по три години пауза, а во квалификациите ќе влеземе без оптоварување за задолжителен пласман на Европското првенство, се првите импресии на Лазовски по назначувањето. Ждребот за составот на групите за квалификациите за Европското првенство ќе биде одржан на 4 јули во Минхен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалЌе се одложи ли финалето Аргентина - Шпанија во недела во Њу Џерси?Финалето на Светското првенство можеби ќе биде одложено, причината е повеќе од опасна?!Финалниот натпревар во Њу Џерси меѓу Шпанија и Аргентина е закажан за в недела во 21:00 часот, но се чини дека можеби нема да биде така. Светското првенство се ближи кон самиот крај; остануваат уште само два натпревара. Сепак, временската прогноза им создава сериозни проблеми на организаторите. Финалето треба да започне во 15:00 часот по локално време, при температура од околу 28 степени, но метеоролозите најавуваат грмотевици. Според безбедносните правила што важат во САД, доколку гром удри во радиус од 13 километри од стадионот, натпреварот мора да се прекине најмалку 30 минути. Вакво сценарио веќе беше видено на ова Светско првенство – почетокот на второто полувреме од натпреварот меѓу Франција и Ирак, како и почетокот на натпреварот меѓу Мексико и Англија, беа одложени за речиси еден час токму поради временските услови. Во случај временските услови да бидат уште понеповолни, не се исклучува можноста за промена на датумот на финалето, што би претставувало голем организациски и финансиски удар за ФИФА. Покрај дополнителните трошоци за организацијата, би настанале и проблеми за телевизиските куќи што го резервирале терминот со најголема гледаност, како и за спонзорите и комерцијалните партнери на финалниот натпревар на турнирот. Доколку финалето навистина се одложи, тоа би бил преседан - прв пат во историјата на Светското првенство натпреварот за титулата да не се одржи на закажаниот датум. Контроверзиите околу ова Мундијал се веќе бројни, од проширениот формат на натпреварувањето до продолжената пауза помеѓу полувремињата поради музичкиот спектакл, а евентуалното одложување на финалето само дополнително би го зајакнало впечатокот дека крајот на турнирот е далеку од идеален.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетениСДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа не се донесе Изборниот законик.Провидна е играта на опозицијата. СДС, Левица и ДУИ на следниот изборен циклус сакаат да се претстават како жртви и оштетени, затоа и не се донесе Изборниот законик. Стравот од поразот на изборите кој е повеќе од евидентен, направи овие три политички партии да се здружат и да го блокираат еден од најважните закони за политичките партии. Иако како никогаш досега имаше простор за консензус и слух од Владата, тие одбраа опструкции. Иако како никогаш досега, имаат партија на власт која им вели договорете се што сакате и токму тоа ќе ви биде прифатено, тие тоа го одбија. Европските функционери велат Македонија е лидер во Реформската агенда и ќе добие најмногу финансиски средства од Планот за раст токму поради испорака на реформи, истите повикаа и на консензус од сите политички партии за носење на Изборниот законик, меѓутоа СДС, Левица и ДУИ одлучија да го блокираат напредокот на државата. Прочитани се и оваа политика на жртва нема да им помине. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев оствари средба со сопственици на дотраени и склони на уривање објектиДенес градоначалникот Митко Јанчев оствари средба со дваесет сопственици на дотраени и склони на уривање објекти.Во наредните два месеци, со поддршка од Општината и јавните комунални претпријатија, ќе започне отстранувањето на овие објекти, со цел да се зголеми безбедноста на граѓаните и да се создаде поуредена и поурбана средина. Со конкретни чекори и одговорен пристап, локалната самоуправа продолжува да решава долгогодишни проблеми и да создава побезбедна и поубава општина за сите, објави на својот фејсбук, првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter