Лажните СМС пораки за измама се праќаат од странски броеви - Канал 5

Лажните СМС пораки за измама се праќаат од странски броеви

Со оглед на начинот на кој е конструирана пораката се чини дека е креирана од вештачка интелегенција, а апелите од МВР се граѓаните да не наседнуваат.

Лажните СМС пораки за измама се праќаат од странски броеви

„Врз основа на сликите направени со опрема за надзор на патиштата и верификацијата, вашето возило ги прекршило членовите 14 и 21 од Законот. Системот постојано ве поттикнува да ја платите неплатената казна. Последици: такса до 100% од казната и возилото ќе биде запленето.“

Вака звучат лажните СМС пораки пратени од странски телефонски број кои се помасовно пристигнуваат на телефоните на граѓаните. Целта е измама ако кликнете според инструкциите на пораката, а засега не е познато кој се стои позади ваквите пораки. Со оглед на начинот на кој е конструирана пораката се чини дека е креирана од вештачка интелегенција, а апелите од МВР се граѓаните да не наседнуваат, убаво да го воочат текстот и да забележат од кој број е пратена порака, бидејќи ако е од МВР ќе стои МВР инфо или МВР „сејф сити“ т.е. скратеница на латиница од називот на системот за детектирање прекршоци.

Од МВР за Канал 5 потврдуваат дека има граѓани кои „наседнале“ на лажните пораки и биле измамени и велат дека за се постапува по случаите на оштетените граѓани. Засега не се знае дали по случаен избор се таргетираат граѓани или нивните телефонски броеви се земаат од државните дата бази.

Од воведувањето на „сејф сити“ до 30 април 2026 година регистрирани се вкупно 73.340 прекршоци, од кои најмногу околу 28.000 последниот месец април. Најголемиот дел се за „управување на возило со брзина поголема од дозволената“-над 70.000, околу 2.500 прекршоци за измината важност на сообраќајната дозвола и околу 450 прекршоци за „минување на црвено“. Најмал број на подрачјето на прекршоци се регистрирани во Тетово –околу 1.300.

Со оглед на тоа дека ако се плати одма казната се преполовува не се знае точната сума на пари која се влеала во државната каса од „сејф сити“, но по груба математика ако се земе предвид дека најголем дел од прекршоците се за пречекорување на дозволената брзина, за што најчесто се изрекува казна од околу 50 евра, тогаш потенцијалниот приход за државата е над 3,5 милиони евра.

Според најавите до крајот на годинава „Сејф сити“ треба да функционира на територија на целата земја. Во изминатиот период се поставуваа сообраќајни камери во Велес, Охрид, Струга и Кавадарци.

Надлежните уверуваат дека системот влијае на безбедноста, а намален е и бројот на возачите што поднесуваат приговори за изречените казни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува Алта банка наскоро да добие нов сопственик, нагласувајќи дека веќе има заинтересиран купувач. 

Мицкоски: Најдовме купец, АЛТА банка ќе биде спасена до крајот месецот

Со тоа вели нема да се реализира сценариото за стечај, за кое според него се залагала опозицијата. Мицкоски посочи дека поминал тридневниот рок за известување на српскиот регулатор, а сега тече десетдневниот рок по кој Народната банка треба да ги понуди акциите на продажба преку Македонската берза. Потоа следуваат уште пет дена за лиценцирање на потенцијалните понудувачи. Аукцијата, како што најави Мицкоски се очекува кон крајот на месецов или почетокот на идниот.

- И денеска сум голем оптимист дека, за жал, од опозицијата ќе бидат разочарани, бидејќи нивните црни сценарија и обиди банката да отиде во неизвесност, односно во стечај, нема да се реализираат. Односно, ќе имаме финансиска институција, банка којашто ќе биде сопственик на Алта банка. Значи, ќе ја спасиме банката – тоа е многу важно и за доверителите, но и за луѓето коишто се во, би рекол, некаква релација со Алта банка. А тоа е лоша вест за нашата опозиција којашто се молеше и на дневна основа водеше кампања дека банката ќе банкротира, ќе отиде во стечај итн.,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Кој е заинтересираниот купувач не е познато, а претходно, гувернерот Трајко Славески изјави дека интерес покажале шест инвеститори, меѓу нив и две домашни банки.

Во меѓувреме, Алта банка од денеска ги отвори вратите и во Тетово и Струмица, за шалтерска исплата до 20.000 денари за клиентите кои немаат платежни картички. Од денеска, зголемен е и неделниот лимит за користење на картичките и подигнување пари од банкоматите од 15 на 20 илјади денари.Но првиот ден од проширувањето на шалтерската мрежа не помина без проблеми..Слична слика како и во Битола, денеска имаше во експозитурата во Струмица, редици граѓани пред банката и незадоволство. Дел од граѓаните утрово реагираа дека чекале со часови, бидејки на шалтерите ниту во банкоматите немало пари, па се очекувало тие да бидат донесени од Скопје.

- Внатре немаат пари, ниту пак во банкомат има.

- Од 7 саат чекам тука и што да правам болна жена ако ми стане лошо кој ќе одговара?

- Таму нема на шалтерите, чекаат од Скопје да донесат, а кога ќе дојдат не знам.

Од Народната банка попладнево соопштија дека проблемот бил решен и дека исплатите на сите шалтери продолжиле да се одвиваат непречено. Велат дека во експозитурата во Струмица на почетокот на работниот ден имало краткотрајно доцнење поради логистичка организација, по што исплатата продолжи согласно предвидената динамика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг би можеле да се сретнат во Кина следната недела за да разговараат за завршување на војната во Иран.

Трамп планира да се сретне со Путин и Си во Кина следната недела

Трамп им рече на новинарите дека очекува да се сретне со рускиот и кинескиот лидер на азиско-пацифичкиот самит во Шенжен, Кина, закажан за 18 и 19 ноември.

„Тоа ќе биде интересно. Ќе разговараме за многу работи, вклучително и за денуклеаризација. Се обидуваме да ја завршиме војната во Иран“, кажа Трамп.

Идејата за ваков самит прв ја предложи Путин, кој притоа сакал да се разговара за завршување на војната во Украина. Кремљ на 21 октомври соопшти дека се прават подготовки за ваква средба

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

Инфлацијата во октомври според индексот на трошоците на животот бележи зголемување од 3.3  отсто во однос на истито месец лани, додека индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.2  отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата во октомври 3,3%, соопшти ДЗС

На годишно ниво најмногу поскапело горивото. Според статистичките податоци, транспортот во октомври годинава е за 9,5 отсто поскап во однос на лани. Трошоците за рекреација, спорт и култура се зголемиле за 8,5 отсто, а за образование над 5 отсто.

На месечно ниво инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во октомври 2026 година, во однос на септември 2026 година, изнесува 0.4 отсто, индексот на цените на мало е повисок за 0,2 отсто.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер