Лажните пораки измамија десет граѓани кои „наседнале“ и платиле за наводна казна на „Сејф сити“ - Канал 5

Лажните пораки измамија десет граѓани кои „наседнале“ и платиле за наводна казна на „Сејф сити“

Десет граѓани наседнале на лажните СМС пораки што во последниот период масовно пристигнува на телефонските броеви и преку платежна картичка си платиле за прекршок што не го сториле, потврдуваат од МВР.

Лажните пораки измамија десет граѓани кои „наседнале“ и платиле за наводна казна на „Сејф сити“

Според досегашните официјални податоци од Министерството евидентирани се само 17 пратени лажни пораки за плаќање на наводни казни, што значи дека најголем број од граѓаните не ги пријавуваат пораките.

-Во врска со плаќање наводни казни за сообраќајни прекршоци, Ве известуваме дека евидентирани се вкупно 17 настани за пратени лажни пораки за плаќање наводни казни за сообраќајни прекршоци, од кои во 10 случаи од граѓаните се одземени парични средства, велат од МВР.

Апелот од надлежните е добиените пораки граѓаните да ги игнорираат и да не постапуваат по наведените упатства на т.н. фишинг линкови како и дека сите досегашни вакви пораки се од странски телефонски број.

Содржината на лажните пораки кои пристигнуваат со цел измама најчесто е следна „врз основа на сликите направени со опрема за надзор вашето возило ги прекршило членовите 14 и 21 од Законот. Системот ве поттикнува да ја платите неплатената казна. Последици: такса до 100% од казната и возилото ќе биде запленето.“ Доколку пораката е автентична и сте направиле прекршок на добиената порака нема да може да го видите бројот на испраќачот туку вообичаено стои МВР инфо или МВР „сејф сити“ т.е. скратеница на латиница од називот на системот за детектирање прекршоци.

Според последните официјални податоци од воведувањето на „сејф сити“ заклучно со април регистрирани се над 73.000 прекршоци, од кои најмногу околу 28.000 токму минатиот месец. Најголемиот дел се за брзо возење, а околу 450 прекршоци за „минување на црвено“.

По груба пресметка, ако се земе просечна казна од околу 50 евра за најголемиот дел од прекршоците за брзина, потенцијалниот износ на изречени казни би надминал 3,5 милиони евра, иако реалната наплата може да е помала поради можноста за плаќање половина казна и различните суми на санкциите.

Ставот на власта е дека системот досега ја оправдува својата цел односно, се намалиле сообраќајните прекршоци, има поголема дисциплина при управувањето со возилата и зголемена безбедност на патиштата. Опозицијата пак смета дека токму измамите со лажните пораки се доказ дека станува збор за сериозен безбедносен пропуст, како и дека системот може лесно да се злоупотребува и за други цели.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. 

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

-На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

Во Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. 

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

-На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“.

Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар.

Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим.

„Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно.

Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер