Лазарова Трајковска: Јавноста мора да знае што работат судовите, така ја враќаме вербата

Денес и овде борбата за владеење на правото и против организираниот криминал е патриотска работа и должност. Мора да има взаемна поддршка и соработка во регионот и поврзаност на институциите.

Меѓународната соработка е клуч за борбата против организираниот криминал, а отворениот пристап кон јавноста, објавувањето на пресудите поврзани со организиран криминал, перење пари и корупција е од големо значење за јавноста. Пресудите мора да бидат добро образложени и јасни и за засегнатите во тие предмети, но и за јавноста.Тоа е една од областите каде што треба да се работи. Да ги доближиме пресудите до граѓаните, вели Мирјана Лазарова Трајковска, судијка на Врховниот суд на Македонија и национална координаторка на проектот на АИРЕ/РАИ за регионално поврзување на експерти од областа на конфискација и управување со имот произлезен од кривично дело.

Лазарова Трајковска, на денешната презентација на Регионалната мрежа на експерти за ова прашање воспоставена од Совети за индивидуалните права во Европа (АИРЕ) центарот и Регионалната антикорупциска иницијатива (РАИ), со поддршка од Владата на Обединетото Кралство, исто така, укажа на важноста на следење на стандардите на Европскиот суд за човековите права во оваа област и комуникацијата со експерти од просторот на Западниот Балкан.

– Клучната мотивација за регионалниот дијалог е изнаоѓање одговор на прашањето „каде се слабостите, а каде се добрите искуства на системот во мојата земја?“ Како судијка на Врховниот суд работам на предмети во кои се појавува имот произлезен од кривични дела, па препознавам колку е важно постојано да ја подобруваме нашата судска практика. Мерката конфискација на имот може да биде од голема корист, не само за заштита на економијата од корупција, туку правилната примена на конфискација на имот во постапки каде што постои организиран криминал служи за заштита на јавното добро. Јас верувам дека добар закон, добро допро применет во пракса, може да донесе јакнење на владеењето на правото. Корупција, организиран криминал и перење пари ги напаѓа јавните добра и не смее да остане неказнет(а), па на мора да се одземе она што не им припаѓа на сторителите на ваквите криминални активности. Моите мотиви во регионалната соработка се поврзани со мојата сегашна професија, но и со моите претходни професионални активности, и имаат за цел да споделам знаења од судската практика на ЕСЧП, а преку компаративен пристап, да се подобрат практиката и законите и во мојата земја, рече Лазарова Трајковска, се вели во соопштението од AIRE центарот.

Судијката Лазарова Трајковска вели дека неуморната работа во оваа област е прашање на морална и законска должност.

– Денес и овде борбата за владеење на правото и против организираниот криминал е патриотска работа и должност. Мора да има взаемна поддршка и соработка во регионот и поврзаност на институциите. Со помош на АИРЕ центарот и РАИ на тој начин ја јакнеме и судската култура за отворен пристап кон јавноста. Транспарентноста помага во градење на довербата во судството и правдата, рече Лазарова Трајковска.

Конфискацијата е едно од најефикасните средства за борба против организираниот криминал, но е од особено чувствителен карактер. Судиите, се вели во соопштението, мора да го применуваат законот и да бидат свесни дека станува збор за право на имот, што значи дека мора да ги утврдат сите факти до последниот детал, за правилно да го конфискуваат имотот, имајки го пред себе јавниот интерес мора да внимават никако да не го повредат приватниот интерес.

– Затоа е важно сите институции да бидат изградени на здрави темели. Така на пример, зборувајки за македонските искуства и добри практики, може да се каже дека Комисијата за спречување корупција заслужува пофалби.Транспарентниот начин на избор на оваа комисија создаде во јавноста перцепција дека таа работи непристрасно. Понатаму, значајно е понатамошно поткрепување и унапредување на институциите кои работат на следење на паричните текови.. Покрај тоа, во Јавното обвинителство беше формирана посебна канцеларија која ќе се грижи за меѓународната соработка во врска со постапките за замрзнување и конфискација на имот. Македонија направи и Стратегија во врска со конфискацијата и управувањето со одземениот имот, која ги обединува сите релевантни институции. Сепак, како и во Регионот, и во мојата земја има уште да се сработи. АИРЕ центарот и РАИ придонесуваат да се подигне свеста за тоа кои се нашите предизвици, на што треба да работиме, кои се празнините што треба да ги пополниме. Едукацијата, прирачниците, упатствата и размената на искуства се темелот на толку потребниот напредок. Затоа растеме заедно, заклучува судијката Лазарова Трајковска.

Преку регионална соработка, воспоставена е онлајн (интернет) платформа фокусирана на поврзување и информирање за конфискација и управување со имот произлезен од кривични дела, а Мрежата на експерти ќе ги постави темелите за позначајна соработка меѓу јурисдикциите од Западниот Балкан во иднина.

Мицкоски: Актуелната власт донесе цикличен артаноиден хибриден режим

„Во овие 15 дена од кампањата за првиот круг за претседателски избори буквално насекаде низ Македонија се чувствува победничката атмосфера, се чувствува како граѓаните се обединуваат околу желбата за промени“

„Во овие 15 дена од кампањата за првиот круг за претседателски избори буквално насекаде низ Македонија се чувствува победничката атмосфера, се чувствува како граѓаните се обединуваат околу желбата за промени“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Ранковце.

„Масовно на 24-ти април да излеземе овде во Ранковце и да го поддржиме идниот претседател на Македонија, професорката Гордана Силјановска Давкова. Тоа е многу важно затоа што државата ни е одземена од мала група на луѓе кои што се дел од раководството на ДУИ и неколкумина измеќари од СДСМ кои што цело време за да добијат некое парче коска од наместените тендери, да добијат некое ситно евро во џебот и да ги задржат своите фотелји упорно и упорно шест и половина години измеќарат на овие од Мала Речица“, појасни Мицкоски.

Мицкоски додаде дека Македонија ја претворија во еден вид на артаноиден режим. Таква е денеска Македонија поради дел од раководството на ДУИ и неколкумина измеќари од СДСМ.

„Пред шест и половина години овие што сега се Влада ни ветуваа дека ќе донесат слобода, ќе донесат правда, подобар живот, подостоинствен живот, поквалитетен живот за граѓаните, повеќе пари за граѓаните. А, во суштина што направија? Донесоа цикличен артаноиден хибриден режим“, рече тој.

„Кога велам артаноиден тука мислам и на неговиот ментор, а тоа е Али Ахмети од Зајас, кој што денеска ја доби Македонија на тацна од Ковачевски, Зечевиќ и останатите неколкумина политичари во раководството на СДСМ, кои се покажаа и докажаа како главни измеќари“, укажа Мицкоски.

Тој посочи дека никој не очекуваше една државотворна партија СДСМ да се претвори во гранапче на Али Ахмети, на Артан, на ДУИ и да бидат главни измеќари само за да ги задржат своите позиции.

„Тоа е политичкото мочуриште во кое што ние денеска живееме“, истакна Мицкоски.

Мицкоски укажа дека СДСМ и Стево Пендаровски немаат план, немаат програма. Единствено нешто што научиле е само ЕУ, ЕУ.

„А, од ЕУ им остана само еврото кое што го крадат од вас граѓаните преку наместени тендери“, нагласи тој.

„После осми мај Македонија ќе биде повторно слободна и предводена од Влада на ВМРО-ДПМНЕ. А, сите оние кои што и нанесоа зло, неправда, болка, јас ви ветувам дека ќе одговараат“, порача Мицкоски.

Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ на овие избори се бори за 61 пратеник и за претседател Гордана Силјановска Давкова. Време е граѓаните да живеат достоинствен живот во Македонија каде што ќе има правда, успешен образовен систем, подобар здравствен систем, се наведува во партиското соопштение.

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува 800 милиони евра за земјоделците,реновирање на сите водоводни канали

Во изминатиот период во изминатите неколку дена имав можност да посетам многу населени места, градови села се сретнав со многу луѓе со земјоделци со образовни работници со лекари со воени лица со полицајци .

Во изминатиот период во изминатите неколку дена имав можност да посетам многу населени места, градови села се сретнав со многу луѓе со земјоделци со образовни работници со лекари со воени лица со полицајци и секаде каде што одев преовладуваше една иста мисла. Време е за промени време е Македонија да престане да губи време Македонија да почне да победува- кажа Драган Ковачки член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ3 од митингот во Ранковце.

„Време е Македонија да ја вратиме во рацете на граѓаните, затоа што Македонија ни е одземена, ни е украдена и затоа што Македонија ни е понижена. Во Македонија владее една структура што е на заминување меѓутоа е под директно влијание на Мала Речица. Значи луѓе со 13 пратеници во изминатиот период успеаја да ја девастираат Македонија. Да го уништат системот да ги уништат институциите“, кажа Ковачки и додаде:

Здравството не функционира, земјоделците ни велат немаме загарантирана откупна цена, немаме вода за да си ги наводнуваме нашите ниви, немаме откупни центри епа затоа владата на ВМРО-ДПМНЕ се обврзува дека ќе вложи 800 милиони евра само за земјоделците. Ќе ги реновираме сите водоводни канали. Ќе воведеме откупна загарантирана цена и ќе отвориме нови откупни центри.

Тој рече и дека ВМРО-ДПМНЕ во својата програма ветува 5 000 денари покачување на пензиите за сите. Ветуваме проширување на позитивната листа на лекови. 250 милиони евра директна помош за Општините.

„ВМРО-ДПМНЕ ветува реализација на следните проекти: Изградба на делницата од Страцич (Чатал) до Длабочица како дел од експресниот пат А2, од Ранковце до Крива Паланка од патниот коридор 8 до Република Бугарија. Ќе се работи на изградба на канализациона мрежа за Опила, изградба на патен правец с. Петралица до село Баратлија, изградба на општински пат Радибуп до Средна маала, како и повеќе други проекти кои заедно со Општината Ранковце ќе ги реализираме“, нагласи Ковачки и додаде:

За сето тоа потребна ни е поддршка, масовната излезеност за пет дена од сега ни е многу важна. Поддршка на 24-ти април за г-ѓата Гордана Силјановска Давкова. Потоа на 8-ми мај да славиме голема и убедлива победа, да си ја вратиме Македонија, се наведува во партиското соопштение.

Милошоски: Владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе додели поголем број на средства за Радовиш

Би сакал да изразам благодарност за поканата од страна на градоначалникот и соработниците на Општина Радовиш.  

Од она што може да се забележи општина Радовиш во моментов има два крупни проблеми, првиот е еден мал скромен буџет, а вториот проблем е што самата централна власт на општината и прави опструкции со политички намери.

Со промената на власта овие два проблеми за Радовиш ќе бидат надминати, затоа што новата влада на ВМРО-ДПМНЕ планира да додели за секоја општина поголем број на средства секоја година и за тие средства да бидат искористени за корист на општината и граѓаните.

Реконструкцијата на стоковната куќа и нејзината пренамена во објект кој ќе го користат граѓаните и ќе биде од јавен интерес е еден од првите проекти на кој сакаме да дадеме поддршка на општина Радовиш.

Исто така би сакале да дадеме поддршка за сите оние околни населени места во општина Радовиш за да може инфраструктурата во тие места да биде поддржана и со средства од централната власт.

За да може тоа да се случи ние би сакале да има што поголема излезеност. За да се случат промените нас ни треба тоа да го направиме заеднички со сите граѓани без разлика на нивната политичка, национална или социјална припадност и мислам дека во овој случај победникот се насетува кој ќе биде. Нам ни треба разликата да биде поголема по број на пратеници за да можеме како влада да не зависиме и да не бидеме уценувани од други политички субјекти и да ја постигнеме нашата политичка цел, формирање на влада во која нема да учествува ДУИ.

Сметаме дека оваа партија досега не направи добри работи, напротив, стана еден фактор на висока корупција и криминал и ВМРО-ДПМНЕ има намера во новата влада да не вклучува вакви субјекти за да можеме реформите и на државата и помошта на општините да ги спроведуваме на поефикасен начин, рече Антонијо Милошоски, кандидат за пратеник во изборна единица 4.

притисни ентер