Лазаров и соиграчите на „Камп Ноу“ ги славеа титулите - Канал 5

Лазаров и соиграчите на „Камп Ноу“ ги славеа титулите

На преполниот „Камп Ноу" синоќа Каталонците ја прославија двојната круна на фудбалерите на Барселона.

Лазаров и соиграчите на „Камп Ноу“ ги славеа титулите
Како дел од забавата се приклучија и ракометарите на Барселона на чело со Кирил Лазаров.

Тие беа поздравени со овации од присутните 90 илјади навивачи на Барселона.

Ракометниот тим предводен од тренерот Пасквал македонскиот ракометар како прв клупски стрелец и во домашното првенство и во Европа освои пет титули оваа сезона, вклучувајќи ги и истите две кои ги освоија и фудбалерите, шампионатот и националниот куп.

За жал на каталонскиот гигант, ниту фудбалерите, ниту ракометарите не ја одбранија титулата европски шампион освоена ланската сезона. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Против пожарната единица Кавадарци уште еднаш покажа како се работи пожртвувано и тимски

Со 4 пинцгауери, 1 џип со пумпа, 2 унимога, 12 пожарникари и 1 цивил, цела ноќ се водеше тешка битка со огнената стихија на исклучително непристапен терен, објави на Фејсбук првиот човек на Кавадарци, Митко Јанчев. 

Јанчев: Против пожарната единица Кавадарци уште еднаш покажа како се работи пожртвувано и тимски

Голем пожар избувна во атарот на кавадаречкото село Раец, каде што доцна синоќа огнот бил активен на пет различни локации.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, оцени дека состојбата е исклучително сериозна и соопшти дека пожарникарите и другите надлежни служби вложуваат максимални напори за локализирање на пожарот.

-Teritorijalna Protiv Pozarna Edinica-Kavadarci уште еднаш покажаа како се работи пожртвувано и тимски. На терен и во постојана координација со пожарникарите беше и градоначалникот Митко Јанчев, до раните утрински часови, се додека огнот не се локализира.

Со 4 пинцгауери, 1 џип со пумпа, 2 унимога, 12 пожарникари и 1 цивил, цела ноќ се водеше тешка битка со огнената стихија на исклучително непристапен терен.

Пожарникарите презедоа огромен ризик, работејќи без престан во многу тешки услови за да ги стават под контрола петте подметнати пожари. Нивната пожртвуваност, професионалност и несебична борба заслужуваат најголема почит.

Голема благодарност и до Васко механичарот од Дреново, кој одлично го познава теренот и цела ноќ беше рамо до рамо со пожарникарите, помагајќи им во оваа исклучително тешка акција.

Вака се сака Македонија, со дела, со храброст и со пожртвуваност.

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи работи на откривање на сторителот или сторителите кои стојат зад подметнувањето на пожарите, стои во објавата на Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

72 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко

Најмалку 72 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко, соопштија шпанските власти. 

72 лица загинаа за време на неодамнешниот масовен прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута од Мароко

Мароканските власти тврдат дека се помалку жртви 11.

Повеќето од околу 60.000 луѓе кои набрзина влегоа во северноафриканската територија на Шпанија, повеќето со пливање, се вратија во Мароко по најголемиот масовен премин на мигранти на територијата.

„ Најголемиот наплив на мигранти во енклавата предизвика меѓународна криза за Шпанија, бидејќи некои од нејзините европски партнери го критикуваа Мадрид за неговата имиграциска политика.

Шпанија ги обвини криминалните банди за ширење гласини дека неодамнешната одлука на Врховниот суд на Шпанија за имиграцијата ќе им овозможи на мигрантите полесен премин.

Некои аналитичари сугерираат дека Мароко можеби им дозволил на мигрантите да ја преминат границата за да изврши дипломатски притисок врз Шпанија, која неодамна ги подобри односите со соседниот Алжир, најголемиот непријател на Рабат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бројот на потврдени и суспектни на „западен нил“ се искачи на 16

Расте бројот на хоспитализации поради вирусно воспаление на мозокот на Инфективната клиника во Скопје.

Бројот на потврдени и суспектни на „западен нил“ се искачи на 16

Вчера се хоспитализирани уште тројца нови пациенти со што бројот на потврдени и сомнителни случај на западно – нилска треска се искачи на 16.

Сите досега хоспитализирани имаат повеќе хронични болести и се над 60 годишна возраст....

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер