Лавров: Европа се обидува да го отргне Трамп од неговата логика за тоа како треба да се реши украинската криза - Канал 5

Лавров: Европа се обидува да го отргне Трамп од неговата логика за тоа како треба да се реши украинската криза

Русија ја признава независноста на Украина, но се спротивставува на обидите на Киев да уништи сè што е руско, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во интервју за унгарскиот Јутуб  канал „Ултраханг“.

Лавров: Европа се обидува да го отргне Трамп од неговата логика за тоа како треба да се реши украинската криза

- Ние ја признавме Украина врз основа на нејзината сопствена Декларација за независност и Устав. Во 1990 година беше усвоена Декларација за независност, која зборуваше за ненуклеарна, неутрална, вонблоковска држава, која ги признава правата на сите национални малцинства итн. И ова потоа беше вградено во уставот на земјата. Значи, ние признаваме Украина, која е значително различна од земјата во која моментално владее отворено нацистички режим, вели Лавров.

На прашањето кога Русија ќе може да каже дека нејзините цели во Украина се постигнати, Лавров одговори дека целите на Русија „никогаш не се промениле“.

Тој објасни и зошто Русија контролира територии надвор од регионите Донецк и Луганск, за кои тврди дека се дел од руската држава.

- Мислам дека е несоодветно луѓето да прашуваат кога ќе заврши војната, кога ќе престанеме, кога ќе го вратиме Запорожје... Всушност, ние веќе контролираме други територии надвор од регионите вклучени во нашиот устав, рече Лавров. Според него, „причината е едноставна - ни треба тампон зона“.

Потсети дека по „пучот“ (соборувањето на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович во 2014 година) „народот на Крим одржал референдум, а потоа Донецк и Луганск го сториле истото и решиле да бидат дел од Русија“.

Коментаирајќи го најавениот, па одложен состанок во Будимпешта меѓу претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, Лавров оцени дека перспективата на средбата ќе зависи од американската страна, која го иницирала самитот.

Според рускиот министер за надворешни работи, Европа се обидува да го одвлече вниманието на американскиот претседател Доналд Трамп од неговата логика за тоа како треба да се реши украинската криза.

- Многу е индикативно што сега се обидуваат да го одвлечат вниманието на американскиот претседател Доналд Трамп од логиката што тој самиот ја изразувал повеќе пати претходно. Тој директно рече – всушност, можеби беше првиот и, веројатно, единствениот лидер на Западот (а можеби и во целиот свет) кој од самиот почеток, дури и пред да ја преземе функцијата, на почетокот на септември 2024 година: „НАТО не треба да се меша во настаните во Украина. Ако НАТО застане точно на границите на Русија, таа нема да го толерира тоа и можам да ги разберам нивните чувства, забележа Лавров.

Москва, како што наведе, ја дели оценката на американскиот претседател Доналд Трамп за резултатите од самитот во Алјаска дека прашањата околу решавањето на украинскиот конфликт се решливи.

Лавров повтори дека Москва е подготвена да ги продолжи контактите со американската страна со темпо што би му одговарало на Вашингтон.

Тој посочи дека западните политичари од пролетта почнале да зборуваат за „итен прекин на огнот без никакви предуслови“.

- Тие продолжуваат да ја пеат оваа песна до ден-денес. Марк Руте, Емануел Макрон. Патем, кога францускиот претседател Макрон се префрли на логиката „прекин на огнот, запирање на убиствата без предуслови, а потоа ќе видиме“, беше прашан дали тоа значи дека снабдувањето со оружје за Украина ќе биде запрено. Тој одговори: не, не е така. Нема предуслови“, истакна Лавров.

Во интервјуто, Лавров му советува на британскиот премиер Кир Стармер да се сети на зборовите и постапките на европските лидери пред да тврди дека рускиот претседател Владимир Путин не сака мир.

- Кога британскиот премиер Стармер вели дека рускиот претседател Путин е единствениот кој е против преговорите, тој треба да се сети на (поранешниот британски премиер Борис) Џонсон. Треба да се потсети на оние во Германија и Франција кои ги потпишаа договорите (Минските договори ), а потоа, неколку години подоцна, признаа дека никогаш немале намера да ги спроведат, иако тие беа одобрени од Советот за безбедност на ОН, рече шефот на руската дипломатија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер