Латас ги доби транскриптите од „бомбите“ за „Тотал“

По неколку одложувања, денеска во Кривичниот суд почна судењето за предметот „Тотал“ на СЈО во кој обвинет е новинарот Драган Павловиќ-Латас.

Одбраната на Латас на почетокот побара да ги добие транскриптите од 14 прислушувани разговори кои СЈО ги предлага како доказ во постапката. Според одбраната, транскриптите се потребни за да се подготват за главната расправа.

Реагираше обвинителката Елизабета Јосифовска, која смета дека обвинитиот и одбраната имале можност досега да ги слушнат прислушуваните аудио разговори. Според неа, целта на одбраната е да се одолговлекува постапката.

Судијката Славица Наумова, сепак, го прифати барањето на одбраната и му ги даде на обвинетиот транскриптите од разговорите.

Драган Павловиќ-Латас е на обвинителната клупа за предметот „Тотал“ зато што, според СЈО, давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица „Тотал маркетинг" ДООЕЛ, „Тотал медија центар" и „Медијамакс" затаил данок во износ од 7.466.981 денар или 121.414 евра, а лично како физичко лице затаил 3.876.471 денар или 63.032 евра.

Претходните три рочишта за овој случај не се одржаа, бидеќи не присуствуваше Павловиќ-Латас поради здравствени и семејни причини./МИА.

Обвинителството изврши увид по двојното убиство во с.Стајковци

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци .

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, заедно со инспектори и увидна екипа на МВР и тим од обдуценти од Институтот за судска медицина, извршија увид на лице место во семејна куќа во селото Стајковци каде попладнево едно лице ги лишило од живот сопствениот брат и сопругата на другиот брат, кој претходно бил починат.

Причините се утврдуваат. Сторителот е идентификуван и обезбеден. Тој е хоспитализиран со повреди.

Обезбедени се траги на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење, а по наредба на јавниот обвинител телата на починатите ќе бидат дадени на обдукција, соопштуваат од ОЈО.

Претседателот на ЗЕЛС, Ѓорѓиевски и градоначалникот Костовски со решенија за подобри општини

Со средба со градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски ја започна серијата средби со градоначалниците .

Со средба со градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски ја започна серијата средби со градоначалниците која има за цел преку интензивни разговори и меѓусебно споделување на добри идеи и практики да се надминат проблемите на скопјани. Посочи дека градоначалникот на Бутел е одличен пример како преку посветена работа и комуникација со сограѓаните може да се решат децениски проблеми и целосно да се смени на подобро нивното секојдневие. Му честиташе за одличните резултати и продискутираа за надминувањето на проблемите кои досега се наметнуваа поради опструкциите од поранешната централна власт и актуелното раководство на Град Скопје и кои во периодот што следи, мора да бидат пребродени и преточени во реализирани проекти. Ѓорѓиевски посочи дека со новоизбраната централна власт, предводена од идниот премиерот Христијан Мицковски, доаѓа подобро време за сите општини и игнорантскиот однос од претходните години ќе замине во минатото.

-Денеска во просториите на општина Бутел остварив средба со градоначалникот на општината, Дарко Костовски, каде што разговаравме за досегашната успешна работа изминатите две години, но и за проблемите со кои се соочуваат граѓаните на Скопје. Мора да нагласам дека, Дарко и неговиот тим се големи борци кои навистина го даваат својот максимум за поубава локална самоуправа и посреќни граѓани. Од она што го следам, можам да кажам дека влегоа буквално во секое населено место, ги решија децениските проблеми на жителите и денес Бутел е една општина со драстично сменета реалност на подобро. Тоа се гледа и на терен и морам да им честитам. И покрај сите опструкции од сега веќе поранешната централна власт и актуелната на град Скопје, Дарко и неговиот тим имаат највисок степен на реализација на проекти, повеќе од сите претходни раководства заедно. Денес на средбата, како претседател на ЗЕЛС ,отворив теми за тоа што треба дополнително да се реализира и да видиме како можеме да дојдеме до заеднички решенија. Она што најмногу недостига е непостоењето на слух од страна на град Скопје. Се надевам дека во периодот што следи до следните избори, Дарко ќе најде сили да го реализира она за што се обврза, како што е проектот за мега парк на Христијан Тодоровски – Карпош, потоа чистењето на реката Серава итн. Оваа средба е почеток на средбите со градоначалниците што во периодот што следува ќе се интензивираат се со цел да се најде решение за граѓаните на Скопје.

Ќе ги посетиме општините, ќе ги детектираме проблемите и изготвиме решенија за што побрзо решавање на истите бидејќи градот Скопје и општините не смеат да чекаат.

Со новата централна власт, предводена од премиерот Христијан Мицкоски доаѓа подобро време за сите општини и игнорантскиот однос изминатите години заминува во минатото.

Градот Скопје и сите општини во Македонија ќе имаат вистински партнер во новата влада и реализација на многубројни проекти.

Градските проблеми ќе ги решаваме заедно, Скопје заслужува да биде метропола која ќе се носи рамо до рамо со европските и заедно ќе стигнеме до таа цел.

Му Благодарам на Дарко и неговиот тим за пријателското кафе и разговор. Само сплотени можеме да направиме многу повеќе. Скопје заслужува да биде повторно горд град-истакна Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, соопштуваат од ЗЕЛС.

Двојно убиство во Стајковци: 67- годишен маж си ги убил братот и снаата

Осомничениот се обидел да се самоубие со остар предмет, пренесен бил во болницата „Свети Наум Охридски“.

Двојно убиство во скопско Стајковци.. 67-годишен маж смртно ги застрелал братот и снаата, а потоа со убоди од остар предмет се обидел да си пресуди..

Мирјана Мирчевска Јовановиќ е во Стајковци.. Мими, познат ли е мотивот за злосторството кое го вознемири селото..

притисни ентер