Лашкоска: Власта не сака конструктивност и дебата по однос на законот за антикорупција

СДСМ ниту сакаат држава без корупција, ниту имаат намера да донесат квалитетен закон кој е резултат на дебата.

Повторно сме сведоци како СДСМ и Владата насилнички и со ставање на европско знаме на предлог закон сакаат да го протуркаат Законот за спречување на корупцијата и судирот за интереси и со тоа да оневозможат дебата за истиот.

По трет пат во собранието го доставуваат истиот предлог закон, најпрвин од страна на Владата, потоа по скратена постапка го предложија пратеници и сега повторно истиот текст го доставува Владата со европско знаменце и по скратена постапка, со што во Собранието имаме два исти закони во процедура.

Ова е класичен пример дека власта не сака конструктивност и дебата по однос на законот за антикорупција, за кој толку долго ја замајува јавноста и меѓународната заедница.

Не обвинуваа дека ние со предложените амандмани сме го кочеле процесот на носење на законот. Напротив амандманите поднесени од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се суштински и значително го подобруваат законот во насока на поголема професионалност на антикорупциската комисија, зголемување на транспарентноста во работењето и намалување на корупцијата кај носителите на јавни функции во државава – се она за што од петни жили критикуваше СДСМ додека беше во опозиција.

Ние и за овој закон повторно ќе ги поднесеме амандманите со кои се имплементираат забелешките на ГРЕКО, амандманите со кои ќе се овозможи поголема професионализација на Државната комисија и кои ќе ја намалат корупцијата во државава.

Имено, амандманите на ВМРО-ДПМНЕ се од суштинско значење со што би се спречило антикорупциската комисија да се претвори во еден вид партиско тело за реваншизам и пресметки со неистомисленици на власта.

ВМРО-ДПМНЕ преку амандманите сака да ја спречи злоупотребата на антикорупциската комисија и да создадеме комисија која што професионално ќе се бори против корупцијата и судирот на интереси во нашето општество.

ВМРО-ДПМНЕ апелираше уште пред референдумот да се формира антикорупциската комисија. СДСМ чекаше цели 9 месеци откако сме без антикорупциска комисија, 9 месеци во кои не помина ден без корупциски скандал од страна на власта, за сега 5 до 12 да глумат дека наводно се заинтересирани за формирање на антикорупциска комисија.

Јавноста во Република Македонија треба да знае дека СДСМ не сака да донесе закон што ќе ја намали корупцијата во државава, туку дека сакаат закон кој ќе им одговара само нив и со кој ќе си формираат антикорупциска комисија по нивен терк, формирање нов чадор што би им служел за притисок врз политичките неистомисленици, комисија над која Собранието ќе има минимална контрола.

Апелираме до пратениците од власта да ги прифатат нашите амандмани со што конечно, заеднички, власта и опозицијата ќе донесеме закон кој ќе може да ја спречи и да ја сузбие корупцијата во Република Македонија. вг/мс/

Ане Лашкоска, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Собранието на Република Македонија

Младите и пчеларството во фокусот на одбележувањето на Светскиот ден на пчелата

Светскиот ден на пчелата - 20 Мај годинава ќе биде одбележан под темата „Младите ангажирани во заштита на пчелите“. 

Одбележувањето на Светскиот ден на пчелата ќе се одржи на плоштадот „Филип Втори“ во населба Автокоманда и на платото пред Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, во чиј круг се наоѓа и „Паркот на пчелата“, кој е во фаза на изградба.

Организатори се хуманитарната и развојна организација АДРА Македонија, со финансиска подршка од Амбасадата на Република Словенија и со поддршка од општината Гази Баба и Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, заедно со децата од градинките на територија на општината и студентите од факултетот.

- „Младите ангажирани во заштита на пчелите“ ја истакнува важноста од вклучување на младите во активности за промовирање на пчелите и пчеларството, и воопшто, во зачувување на опрашувачите, препознавајќи ги како идни чувари на нашата животна средина. Истовремено, ја нагласува глобалната потреба од соработка за ангажирање на младите во заштитата на овие инсекти од витално значење. Со тоа ја штитиме безбедноста на храната и овозможуваме стабилен земјоделскиот сектор и се бориме за зачувување на биолошката разновидност, се вели во соопштението од АДРА Македонија.

Предвидена е богата програма во која акцент е ставен на учеството на младите, ќе биде проверено нивното знаење за пчелите и пчелните производи, ќе биде одржана ликовна колонија на теми посветени на пчелите, ќе бидат засадени медоносни растенија во „Паркот на пчелата“. Ќе бидат поставени богати штандови со пчелни производи, сѐ со цел пошироката јавност да се запознае со огромната улога што ја имаат медоносните пчели во опрашувањето на растенијата, како и во производството на пчелните производи.

Меѓународниот ден на пчелата се слави на 20 мај, роденденот на Словенецот Антон Јанша, основоположникот на модерното пчеларство (1734-1773). Предлогот на Словенија за воведување на Меѓународен ден на пчелата бил едногласно прифатен на Генералното собрание на ООН на 20 декември 2017 година.

Со одбележувањето на Светскиот ден на пчелата, АДРА Македонија со своите партнери се приклучуваат кон кампањата за заштита на автохтоната македонска медоносна пчела (Apis mellifera macedonica), која здружението Македонска пчела (MacBee) ја започна пред неколку години под слоганот „Одгледувам македоника, одгледувам наше“. /МИА

САД: Можни се терористички напади врз претставници на ЛГБТ заедницата ширум светот

 Владата на САД ги предупреди американските државјани да бидат внимателни поради евентуални терористички напади врз претставниците на ЛГБТ заедницата ширум светот.

- Поради потенцијалниот ризик од терористички напади, демонстрации или акти на насилство против американските граѓани и интереси, Стејт департментот ги предупредува своите граѓани во странство да покажат зголемена будност, се наведува во соопштението.

Исто така се наведува дека постои потенцијален ризик од насилство врз ЛГБТ заедницата инспирирано од странски терористички организации.

- Американските граѓани треба да бидат внимателни за време на маршевите на ЛГБТ заедницата, наведува Стејт департманот./МИА

Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан

Министерството за надворешни работи на Азербејџан вчера ги отфрли „навредливите обвиненија“ и повтори дека Баку не е поврзан со протестите во Нова Каледонија.

- Наместо да го обвинува Азербејџан дека наводно ги поддржува протестите за независност во Нова Каледонија, Франција треба да се фокусира на неуспешната политика на прекуокеанските територии што доведе до такви протести. Уште еднаш ја повикуваме Франција да престане со неоснованите тврдења против нашата земја, истакна портпаролот на азербејџанското МНР, Ајхан Хаџиев.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на 15 мај го обвини Азербејџан за мешање во политиката на пацифичката територија Нова Каледонија.

- Ова не е фантазија … Жалам што некои од сепаратистите се договорија со Азербејџан … дури и ако има обиди за мешање … Франција е суверена на својот сопствена територија, истакна Дарман.

Но, Дарманин не презентираше докази за вмешаноста на Азербејџан во немирите на Нова Каледонија.

Француската единица за откривање дезинформации преку интернет, „Вигинум“, формирана како одговор на руските активности во Африка, објави извештај во кој се идентификувани најмалку 86 азербејџански профили кои на платформата Икс шират антифранцуска пропаганда.

Немирите на Нова Каледонија почнаа на 13 мај поради уставната реформа, која предвидува промени на изборниот закон на француската територија. Националното собрание во Париз усвои реформа со која на илјадници француски граѓани, кои пред најмалку 10 години се преселиле на јужниот пацифички архипелаг, им се дава право на глас на локалните избори, а со тоа и поголемо политичко влијание. /МИА

притисни ентер