Лапорта избран за нов претседател на Барселона

Жоан Лапорта извојува убедлива победа на претседателските избори во европскиот фудбалски гигант Барселона.

По враќањето на претседателската функција во великанот од Ноу Камп пред Лапорта е тешка борба за враќање на клубот на посакуваната патека. Барселона е во тешка финансиска и резулатска состојба, но сигурно првата задача на новиот претседател ќе биде статусот на ѕвездата Лионел Меси, на кого летово му завршува договорот, а аргетинскиот волшебник веќе и најави заминување од клубот.

Меси гласаше на изборот во Барселона, а аналитичарите сметаат дека токму Мапорта бил неговиот избор.

-Да се види Меси како со синот доаѓа да гласа на изборите е нешто преубаво. Тоа е доказ колку Меси го сака и се грижи за клубот. Ако Јохан Кројф би бил тука би му рекол да остане. Се зависи од него, но сепак јас морам да ветам дека Меси ќе добие предлог за нов договор. Парите не се најважната работа. Ќе го побарам и ќе сторам се што можам за тој да остане со нас . Ако некој друг победеше на изборите, Меси сигурно ќе си заминеше од Ноу Камп, изјави лапорта по победата.

Новиот претседател до летниот преоден рок ќе мора да пронајде средства за нови фудбалери, но и за договорите за Меси, Серхи Роберто и Осман Дембеле, кои наскоро влегуваат во последната година од договорот.

Според шпанските медиуми дел од средствата за нови договори барселона може да ги добие со продавање на Филип Кутињо и СамуелУмтити.

Барселона во следниот преоден рок не бои требало да направи некој голем трансфер, може да пристигнат само фудбалери без обештетување. Медиумите веќе ги споменуваат Срхио Агуеро и Ерик Гарсија, од Манчестер Сити, Вајналдум од Ливерпул, Депај од Лион...

Во Шпанија медиумите сметаат дека Лапорта сигурно ќе ангажира и нов тренер на местото на Роналд Куман. Новиот претседател наводно размислува на ангажман на Микел Артета од Арсенал.

Тевез итно пренесен во болница

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез синоќа беше примен во болница со силни болки во градите. 

40-годишниот поранешен напаѓач, кој моментално е тренер на локалниот клуб Индепендиенте, беше пренесен во болница во Буенос Аирес откако се почувствувал лошо, но првичните тестови не покажале ништо сериозно за неговата состојба.

-Нашиот тренер Карлос Тевез беше примен во болницата „Ла Тринидад“ во Сан Исидро со болки во градите. Тој ги направи соодветните тестови и тие беа задоволителни. Денеска тој ќе продолжи со нова серија на однапред планирани тестови како дел од поопшт преглед, се вели во официјалното соопштение од клубот, кој ја потврди ситуацијата.

Според локалните изданија, проблемите на Карлос Тевез се поради стрес.

Поранешниот репрезентативец на „гаучосите“ боледувал од висок крвен притисок и редовно се подложувал на тестови и се следи неговата состојба.

Ова доведе до шпекулации во локалниот печат за можноста тој да ја заврши тренерската кариера во обид да го намали притисокот и стресот околу него.

Се уште не е јасно дали Тевез ќе присуствува на денешниот тимски тренинг. /МИА

Мбапе подготвен да игра на нова позиција во Реал Мадрид

Напаѓачот Килијан Мбапе ја прифатил улогата за која е планиран по трансферот во Реал Мадрид, тврди „Ас“. 

Иако официјално не е објавен трансферот на фудбалерот од Пари Сен Жермен, на „Сантијаго Бернабеу“ веќе размислуваат како Французинот најдобро ќе се прилагоди во составот следната сезона.

За време на неговиот престој со парижаните, напаѓачот јасно стави до знаење дека претпочита да игра на левото крило на нападот на тимот, што му овозможува да се потпира на повеќе слободни простори на предните позиции. Во Реал оваа улога вообичаено му се доделува на Винисиус Јуниор, а ова е претпочитана позиција и за Родриго.

Сепак, според „Ac“, Мбапе е подготвен да игра повеќе во центарот на нападот како број 9 следната сезона, а тоа се поврзува и со неговата голема желба да ја освои „Златната топка“, бидејќи оваа позиција се смета за поволна за реализација на повеќе голови.

Францускиот репрезентативец оваа сезона постигна 41 гол на 43 натпревари за ПСЖ во сите натпреварувања. /МИА

Инцидент во грчкиот Парламент – пратеник физички нападна друг пратеник

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Независниот пратеник Константинос Флорос, кој беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, претпладнево физички го нападнал пратеникот од Грчко решение Василис Граменос во Парламентот, пред салата во која се одржува пленарната седница, јави дописничката на МИА од Атина.

На инцидентот му претходела вербална расправија во самата сала, што во ходникот се претворила во физичка пресметка, кога Флорос со тупаници го нападнал Граменос.

На нападнатиот веднаш му била пружена прва помош од лекарот во Парламентот.

Медиумите во Грција коментираат дека станува збор за инцидент без преседан во Парламентот.

Претседателот на Парламентот Константинос Тасулас за насилното однесување на пратеникот побара највисока казна предвидена со правилникот на работа, односно исклучување на Константинос Флорос од Парламентот на 15 дена, а паралелно ќе биде побарано и одземање на пратеничкиот имунитет и кривично да одговара.

Флорос на изборите во јуни минатата година беше избран со малата радикално десничарска партија Спартанци, која подоцна ја напушти и стана независен пратеник.

Спартанци се поврзува со поранешниот пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис кој издржува затворска казна./МИА

притисни ентер