Ланчиа го претстави новиот дизајн за наредните 100 години (ВИДЕО) - Канал 5

Ланчиа го претстави новиот дизајн за наредните 100 години (ВИДЕО)

Lancia Design Day откри што можеме да очекуваме од познатиот италијански бренд.

Ланчиа го претстави новиот дизајн за наредните 100 години (ВИДЕО)

Lancia и нејзината судбина со години се обвиткани во црн превез, кој го навестуваше блискиот крај. Некогаш познатата марка беше сведена на еден мал модел (Ypsilon) и немаше знаци дека може да стане подобро. И тогаш пристигна Stellantis и одлучи дека Lancia ќе остане, како премиум бренд што ќе произведува исклучиво електрични автомобили.

Првиот чекор се случи денеска. Lancia Design Day не го откри дизајнот на новите модели кои ќе доаѓаат на секои две години почнувајќи од 2024 година. Се мисли на моделите Ypsilon, Aurelia и Delta по ред.

Не, Lancia откри скулптура со име Pu+Ra Zero и најави нов стил на дизајнирање. Како што сугерира името, комбинира чистота (Pure) и радикален (Radical) пристап, а дизајниран е од Lancia Centro Stile. Jean Pierre Ploue го предводи тимот кој создаде нов дизајнерски израз „за следните 100 години“.

Lancia се здружи и со производителот на мебел Cassina, но се уште е прашање каков ќе биде резултатот од нивната соработка. Наводно, заеднички ќе ја дизајнираат внатрешноста на идните автомобили и ќе донесат детали од моделите Gamma, Thema и Flavia.

Многу поинтересен е концептот Pu+Ra Zero, во кој многумина ги гледаат контурите на Lancia Stratos Zero.

Тоа беше за очекување. Lancia го претставува новото лого на брендот. Како и кај конкуренцијата, трендот е јасен - да се поедностави дизајнот до самите основи. Впрочем, ова е Lancia, а тоа значи дека од сината боја нема лесно да се откаже. Тоа е осма верзија на логото во 116-годишната историја на брендот, а прв ќе го носи новиот Ypsilon од 2024 година.

Го задржал обликот на штитот, а е изработен од алуминиум. Во центарот на нагласениот круг е натписот на брендот со нов фонт, а вертикалната линија е таму како потсетник на амблемот од 1957 година.

YouTube video

Да повториме, новиот Ypsilon доаѓа во 2024 година, а топ моделот на брендот - Aurelia - во 2026 година. Тоа ќе биде електричен кросовер, најелитниот модел на францускиот производител. Конечно, во 2028 година, се враќа Делта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во Охрид се уапсени две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници. 

Приведени две лица во Охрид поради агресивно однесување кон полицајци

-На 31.10.2026 во 22.35 часот, во угостителски објект во Охрид, приведен е А.Н.(46) од Охрид кој претходно бил агресивен кон полициските службеници кои извршиле контрола во објектот и затекнале малолетни лица кои биле послужени со алкохолни пијалоци. По целосно документирање на настанот, против него и против правниот субјект, ќе биде поднесена соодветна пријава.На 01.11.2026 година во 03.08 часот, на паркинг простор во Охрид приведен е Г.Н.(28) од охридско село кој го нарушил јавниот ред и мир со викање а потоа и со агресивно однесување кон полициските службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

Во Охрид е приведен 50 годишен жител на Радовиш поради семејно насилство. 

Во Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата

-На 31.10.2026 година во 19,30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е О.О.(50) од Радовиш, по претходна пријава дека во дом во Охрид каде привремено престојувал, физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Милан победи против Интер со резултат 3:1 во големото градско дерби, а асот на црвено -црните, Хрватот, Лука Модриќ уште еднаш беше еден од најистакнатите актери.

Италијанците воодушевени од Лука Модриќ

Хрватскиот играч за врска ги одигра сите 90 минути, а италијанските медиуми беа особено воодушевени од неговиот потег што му претходеше на третиот гол на „росонерите“.

Како што пренесува „Тутомеркатовеб“ (Tuttomercatoweb), по прекршокот на Николо Барела врз Јунус Муса, Диего Мореира му пријде на Модриќ и побара од него да му го препушти изведувањето на слободниот удар.

Искусниот играч од средниот ред се согласи, а Белгиецот упати спектакуларен удар преку „живиот ѕид“ и го совлада Жозеп Мартинез за конечни 3:1. За својата игра, Модриќ доби оценка 7,5 од порталот „MilanNews“, при што беше спореден со диригент кој управува со играта на целиот тим.

„Тој ја презема улогата на диригент и го води целиот оркестар на Милан, го одредува ритамот на играта и го менува темпото кога е потребно.

Семоќен и величествен“, се наведува во образложението. Највисока оценка, 8,5, доби стрелецот на спектакуларниот гол, Диего Мореира, додека Адриен Рабио, Мајк Мењан и Страхиња Павловиќ беа оценети со 7,5.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер