Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
СветЛами ќе побара од НАТО да ја зголеми поддршката за Украина Британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами ќе изврши притисок врз НАТО да ја зголеми воената поддршка за Украина на денешните средби со сојузниците во Брисел.Се очекува Лами, исто така, да повика НАТО да ги одврати другите земји од соработка со Москва по распоредувањето на 10.000 севернокорејски војници за да помогнат во руската инвазија на Украина. Говорејќи пред неговиот прв министерски состанок на НАТО, Лами рече дека „инвестирањето во безбедноста на Украина е инвестирање во евроатлантската и глобалната безбедност“. - Деведесет и девет отсто од воената поддршка за Украина е од сојузниците на НАТО. Оваа поддршка е клучна за да и се овозможи на Украина да се одбрани од руската агресија, а Обединетото Кралство и сојузниците мора да ги удвојат нашите напори да обезбедиме Украина да победи, нагласи тој. Неговата изјава доаѓаат откако и понатаму се поставуваат прашања за влијанието на вториот претседателски мандат на Доналд Трамп врз поддршката на Западот за Украина, откако идниот американски претседател рече дека сака да го прекине конфликтот на „првиот ден“ од неговиот мандат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
МакедонијаЛукровски во Oхрид ја подигна наградата „Младински пријателски град“Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, присуствуваше на свеченоста за доделување на наградите во рамки на Националниот форум за младинска работа, која се одржа денеска во просториите на Младинскиот центар во Охрид.По покана на организаторите, Лукровски ја подигна наградата „Младински пријателски град“, со која се препознава заложбата на Општина Карпош за унапредување на младинските политики, создавање подобри услови за младите и нивно активно вклучување во процесите на локално одлучување. Воедно, градоначалникот учествуваше и на панел-дискусијата на тема „Од закон до локална реалност – Институционална и финансиска поддршка за младинските центри и младинската работа“, на која се отворија прашања поврзани со предизвиците и можностите за спроведување на законските обврски во областа на младинската работа. Во рамки на дискусијата, Лукровски ги презентираше искуствата на Општина Карпош во поддршката на младите, посочувајќи ја важноста од обезбедување достапни простори, квалитетни младински програми, развој на капацитетите на младинските работници, како и активно учество на младите во креирањето на локалните политики. Посебен акцент беше ставен и на потребата од посистемска институционална и финансиска поддршка за младинските центри, со континуирано финансирање и долгорочни програми, наместо исклучиво проектен пристап. Инаку, Националниот форум за младинска работа кој се одржа во Охрид кон крајот на ноември минатата година, претставуваше значаен чекор кон воспоставување заедничка визија за организиран и системски развој на младинската работа во државата. Тогаш, на форумот беше постигнат консензус меѓу претставниците на локалните самоуправи, младинските центри, Министерството за социјална политика, демографија и млади и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Како резултат на заедничките заложби, едногласно беше усвоена Декларацијата за развој и унапредување на младинската работа, која претставува патоказ за идните законски измени и стандардизација во оваа област. Документот ги повикува општините да преземат конкретни чекори за воспоставување и поддршка на младински центри, јакнење на капацитетите на младинските работници и службениците за млади, како и зајакнување на партнерството со младите. Учеството на Општина Карпош на овој настан и добивањето на признанието „Младински пријателски град“ претставуваат поттик за продолжување на активностите насочени кон создавање локална средина во која младите ќе имаат поголеми можности за личен и професионален развој, активно учество и реално влијание врз одлуките што ги засегаат. Пораката од форумот беше дека квалитетната младинска работа и функционалните младински центри се клучни за враќање на довербата на младите во институциите и создавање услови тие својата иднина да ја градат во сопствените општини. Општина КарпошТагови: Лукровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДелегација на МВР положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоДелегација на МВР предводена од Државниот секретар Петрушевски положи свежо цвеќе по повод 11 Ноември – Денот на ослободувањето на КумановоПо повод одбележувањето на 11 Ноември – Денот на ослободувањето на Куманово и 507 години од постоењето на градот, денеска на Спомен-костурницата во Куманово беше положено свежо цвеќе во чест на борците кои ги положиле своите животи за слободата на градот. Делегацијата на Министерството за внатрешни работи ја предводеше државниот секретар Сашо Петрушевски, кој заедно со останатите членови на делегацијата им оддаде почит на хероите и нивната жртва за слободата. Во продолжение, делегацијата на МВР присуствуваше и на свечената седница во Занаетчискиот дом, на која традиционално беа доделени Ноемвриските награди на заслужни граѓани и правни лица кои со својата работа и придонес оставиле значаен белег во општествениот живот на Куманово. Свеченоста беше збогатена со богата културно-уметничка програма. Одбележувањето на овој значаен датум претставува потсетник на богатата историја, херојското минато и непокорниот дух на Куманово, како и на обврската да се негуваат историското наследство, традициите и вредностите што се дел од колективната меморија на градот.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Буџетските корисници немаат изложеност кон Алта банкаНема ризик за финансиската стабилност на државата поради состојбите во Алта банка АД Битола, порача министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната надзорна расправа во Собранието. Таа посочи дека буџетските корисници согласно закон не можат да отвораат сметки во комерцијалните банки, туку своите средства ги чуваат и реализираат исклучиво преку Трезорот. Во однос на јавните претпријатија и акционерските друштва на централно ниво, од досега добиените информации само едно претпријатие има сметка во Алта банка за што не постои никаков ризик . „Сакам јасно да порачам дека нема ризик за финансиската стабилност на државата. Буџетските корисници немаат сметки во комерцијалните банки, туку средствата ги чуваат и реализираат преку Трезорот. Кај јавните претпријатија и акционерските друштва, според досега добиените информации, изложеноста е минимална“, истакна Димитриеска-Кочоска. Во однос на институционалните надлежности, министерката нагласи дека супервизијата и надзорот над банкарското работење се исклучива надлежност на Народната банка, додека Министерството за финансии има надлежност во подготовката на законската регулатива. Во однос на прашањето за можноста Министерството за финансии да влијае врз исходот од постапката, истакна дека таква можност не постоела, имајќи предвид дека станува збор за законски утврдена постапка во надлежност на независната Народна банка. Министерката потенцираше и дека во процесот на стекнување на сопственоста врз банката Министерството за финансии немало никаква улога, бидејќи стекнувањето на сопственичкиот удел било реализирано преку купопродажба на акции и јавен оглас. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter