Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
АвтомобилизамЛамборџини го обвинува дилерот дека продава суперавтомобили на „дилери на дрога и макроа“Американски дилер на егзотични автомобили е обвинет за продажба на возила на препродавачи, барање мито и сега се наоѓа во мултимилионска правна битка со Ламборџини.Со години, производителите на луксузни автомобили се обидуваа да ги задржат своите најпосакувани возила во рацете на вистински ентузијасти, а не на оние што ги купуваат за брзи пари. Сега Ламборџини се најде во средината на правна битка што покажува колку тоа може да биде комплицирано. Италијанскиот производител на автомобили го тужи дилерот од Илиноис, Голд Коуст Егзотик Импортс, тврдејќи дека го прекршил договорот со продажба на десетици возила на посредници и препродавачи, а не на крајни клиенти, според тужбата што ја видел Чикаго Сан Тајмс. Иако бизнисот со препродажба на луксузни автомобили не е нов, се чини дека Ламборџини претрпе доста. Случајот трае од 2024 година, но сега потенцијално се приближува кон вонсудска спогодба. Според Ламборџини, договорот со дилерството на Голд Коуст дозволувал продажба само на индивидуални малопродажни клиенти или други овластени дилери. Во еден пример, дилерството тврдеше дека го продало возилото на сопственик на клиника за киропрактика во Минесота и на поранешен професионален спортист од Чикаго. Всушност, автомобилите наводно биле продадени на посредници кои немале намера да ги задржат. Сомнителни купувачи и трансакции Во друг случај, Ламборџини наводно било продадено на лице кое претходно се изјаснило за виновно за случај на измама што вклучува продажба на луксузни автомобили на дилери на дрога и макроа како средство за перење пари. Ламборџини тврди дека само во 2023 година идентификувале 32 трансакции во кои Голд Коуст Егзотик Импортс продале возила на клиенти кои не се малопродажни. Од 2019 година, производителот на автомобили тврди дека му платил на дилерството повеќе од 4 милиони долари во бонуси за продажба. Исто така, тврди дека дилерот побарал стотици илјади долари под маса за да им даде на клиентите пристап до ексклузивни модели со ограничено издание. Правна битка за пари и интереси Голд Коуст Егзотик Импортс ги негира обвиненијата, но не успеа да го отфрли случајот. Дилерот тврди дека Ламборџини му должи стотици илјади долари за подобрувања на салонот, не му ги надоместил трошоците за маркетинг и дека производителот на автомобили се обидува да го отстрани нивниот претседател, 81-годишниот Џозеф Перило. Судијката на американскиот окружен суд, Ребека Палмиери, за „Чикаго Сан Тајмс“ изјави дека двете страни се во преговори за можна вонсудска спогодба. Адвокатот на дилерот додаде дека „страните работат заедно за решавање на сите барања, вклучително и оние пред Одборот за преглед на моторни возила во Илиноис“. Извор: Б92Тагови: дилери Ламборџини макроа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаПоранешен истражувач алармираше дека вештачката интелигенција е закана за човештвотоШефовите на водечките компании за вештачка интелигенција сè погласно предупредуваат на ризиците од трката во развојот на сè помоќни AI системи. Дел од нив отворено повикуваат на поголема претпазливост и безбедносни механизми, додека политичари и експерти бараат и построга регулација. Дарио Амодеи, извршниот директор на Anthropic, директно повикува да се забави темпото на развојот. -Мојата прва загриженост е што, од приближно летово, вештачката интелигенција напредува драматично побрзо, пред сè поради сè поголемата способност на AI да ја гради следната генерација на AI. Ако не се контролира, овој процес би можел да ја надмине нашата способност да ги разбереме и контролираме овие системи. Затоа, со него мора да се постапува исклучително внимателно — доколку воопшто продолжи. На ризиците од брзиот развој претходно предупредуваа и други влијателни имиња од технолошкиот сектор, меѓу нив и Сем Алтман, извршниот директор на OpenAI, како и Илон Маск, кој со години предупредува дека напредната вештачка интелигенција може да носи сериозни ризици доколку не биде соодветно контролирана. Предупредувањата не доаѓаат само од технолошкиот сектор. Американскиот сенатор Берни Сандерс бара уште порадикален чекор – пауза во развојот на напредната вештачка интелигенција, додека не се воспостават јасни безбедносни правила. -Ако лидерите на големите АИ компании признаваат дека губат контрола над нивната екстремно оасна технологија, според мене е неодговорно за општеството да им дозволи да продолжат д аги прават овие продукти дури многу понапредни и многу поопасни. Неопходно е да се стави на „пауза“ овој напреден развој и трајна забрана на супер-разузнавањето и вештачките умови попаметни од секој човек способен да работи независно надвор од нашата контрола. – Берни Сандерс Поранешниот американски претседател Барак Обама повикува на јавна регулација и надзор, за AI да не биде во корист само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. -Важно е да постои јавна регулација која ќе го насочува развојот на оваа технологија, за таа да не им користи само на неколку богати корпорации, туку на луѓето пошироко. Тоа ќе помогне и да се спречат негативните последици од вештачката интелигенција, како дезинформациите и дипфејк-содржините. - Барак Обама – Поранешен претседател на САД Во меѓувреме, трката продолжува. OpenAI, Anthropic, Google и другите технолошки гиганти инвестираат милијарди во развој на нови и помоќни модели, додека истовремено расте притисокот врз владите да воспостават правила за нивна безбедна употреба.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче дебело профитираа за време на кризитеДенес Владата на ВМРО ДПМНЕ е со конкретни мерки за горивата и заштита на стандардот на граѓаните.Кога СДС нема што да понуди им останува само политичката критика но веќе им е познато на граѓаните дека на СДС се им смета па дури и конкретни мерки за заштита на стандардот како мерките кои ги превзема Владата на ВМРО ДПМНЕ за горивата. СДС 7 години го крадеа народот, ја распродаваа и омаловажуваа државата и ги понижуваа граѓаните. СДС и Филипче во време на криза профитираа за денес да се луксузираат на јахтите со Заев по Егејот. За разлика од СДС и ДУИ денес нема фудбалчиња по канцелаарии, нема банди по улиците, нема марихуана економија, нема распродавање на државните интереси. Денес Владата се грижи за животниот стандард на граѓаните и превзема конкретни мерки. Во однос на горивата мерки веќе има, намелени акцизи, и ќе се донесат и нови мерки со што наместо зголемување ќе има намалување на цената на горивото. Владата на ВМРО ДПМНЕ продолжува да го штити стандардот на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСавески: Повлекувањето на сексуалното образование не значи намалување на последицитеНевладината организација „Хера“ објаснува дека не треба да се избрзува со повлекувањето на предметот секуслано образование, бидејќи тоа е повеќе од важно во ера кога младите избираат да учат од интернет каде има многу непроверни инфомрации. Претседателот на Хера Велимир Савески објаснува дека се подготвени за разговри и со преставници од црквата и министерството за образовние за важноста на едукацијата кај младите, по примерот на речиси сите развиени земји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter