„Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“ одзеде струшката полиција - Канал 5

„Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“ одзеде струшката полиција

 Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај.

„Ламборџини“, „Ауди“ и „БМВ“ одзеде струшката полиција

Возилата денеска ќе бидат испратени на вонреден технички преглед по што, ќе следат соодветни поднесоци.

Како што информира за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, на 1 август полицијата одзела два автомобили „БМВ“ и едно „Ауди“, додека неколку часа подоцна, односно следниот ден одземено е и возило „Ламборџини“ поради предизвикување голема бучава.

- На 1 авуст во 21 часот, на улицата „15 корпус“ во Струга, сопрено е патничко возило „БМВ“ со швајцарски национални ознаки, управувано од К.Ш. (22) од Струга, со престој во Швајцарија, по што е одземено поради сомнеж за техничка неисправност, која се однесува на предизвикување голема бучава, како и автомобил „Ауди“ со струмички регистарски ознаки, управуван од М.Р.(26) македонски државјанин со престој во Холандија, изјави Димоски.

Истиот ден, додаде, заради бучавост сопрен е и автомобил „БМВ“ со струшки регистарски таблици, управуван од Б.А.(45) од струшкото село Радолишта, кај кого дополнително е констатирано дека возилото имало непродолжена важност на сообраќајните документи.

Неколку часа подоцна, односно во 30 минути по полноќ на 2 август поради предизвикување голема бучава запрено е и „Ламборџини“ со германски национални ознаки.

- На улицата „Партизанска“, 30 минути по полноќ на 2 август, по основ сомнеж за техничка неисправност, која се однесува на предизвикување голема бучава, запрено е возило „Ламборџини“ со германски национални ознаки, управувано од А.А.(21) од Струга, на привремена работа во Германија по што е одземено, информира Димоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 14.11.2026 во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода С.В.(29) од Радовиш.

Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и предмети со остатоци од марихуана. За настанот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Новиот кинески електричен патнички авион полета со одлични резултати, завршувајќи го својот прв лет со екипаж.

Полета новиот кинески електричен авион (ВИДЕО)

Авионот од 10 тони прелета над Бинжоу, во источната кинеска провинција Шандонг, каде што двајца пилоти и еден инженер за тестирање на летот го тестираа во саботата.

Развиен од COMAC - Корпорацијата за комерцијални авиони на Кина - CE-25A е првиот електричен комерцијален авион на компанијата. Дизајниран првенствено за кратки меѓуградски летови, може да носи до 19 патници со брзина на крстарење од 300 километри на час.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

Новиот „Mustang Cobra“ доаѓа во 2027 година, но потенцијалните купувачи ќе мора брзо да дејствуваат.

„Ford“ ја враќа ознаката „Cobra“

„Ford“ го подготвува враќањето на значката „Cobra“ на „Mustang“, а новиот спортски модел треба да продолжи таму каде што застана „Shelby GT350“. Се очекува да има атмосферски V8 мотор, мануелен менувач и моќност од најмалку 550 КС.

„Ford Racing“ објави кратко тизер видео со кое се потврдува пристигнувањето на нов „Mustang“ со мотор развиен врз основа на искуството од трките. Премиерата е најавена за 2027 година, а сè укажува на враќање на значката „Cobra R “.

Според информациите објавени од „Ford Authority“, новиот модел ќе биде духовен наследник на „Mustang Shelby GT350“, а треба да пристигне во салоните како модел од 2028 година. Производството би можело да трае релативно кратко, до моделската година 2029 година. Под хаубата се очекува атмосферски 5,2 или 5,4-литарски V8 мотор, поврзан со шестстепен мануелен менувач „Tremec“. Официјалните бројки за моќност сè уште не се објавени, но се проценува дека моторот би можел да развие помеѓу 550 и 575 КС.

За споредба, претходниот „Mustang Shelby GT350“ користеше 5,2-литарски „Voodoo V8“ со 533 КС и 582 Nm вртежен момент.

Сегашниот „Mustang Dark Horse“ со 5,0-литарски V8 мотор развива 508 КС, додека „Dark Horse SC“ има дури 806 КС.

Враќањето на името „Cobra“ има и финансиска позадина. „Ford“ повеќе не сака да му плаќа на „Shelby American“ за користење на неговото име.

Според текстот, „Ford“ претходно плаќал околу 800 долари за секој продаден „Shelby Mustang“, што вкупно изнесувало повеќе од 30 милиони долари трошоци за лиценцирање.

Затоа, новиот модел би можел да се нарече „Cobra“ наместо „Shelby GT350“.

Последен пат кога „Ford“ ја користеше оваа ознака беше на почетокот на 2000-тите, на моделот „Mustang SVT Cobra“ со V8 мотор со компресор.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер