Лајка: 85 успешни стерилизации и кастрации за само 20 дена во јануари

Со појавата на првиот случај на „distemper“ во прифатилиштето на ЈП Лајка крајот на минатата година, беа воведени и спроведени низа превентивни мерки.

Прифатилиштето беше 30 дена под целосен карантин и фокусот беше на третман на заболените кучиња со што ситуацијата во моментот е под контрола. По истекот на карантинскиот период, продолживме со редовните работни активности, вклучително спроведувањето на ветеринарни интервенции односно стерилизација и кастрација. Во период од 11.01 до 31.01.2023 се направени рекордни 85 стерилизации и кастрации.

Удел во успешното справување со овој проблем имаат и граѓаните кои во огромен број се одзваа на нашиот повик лично да донесат бездомно куче на хуман третман во прифатилиштето и за тоа сме им неизмерно благодарни.

Отворениот повик за било кој граѓанин да донесе бездомно куче на третман сè уште е во тек и ке биде се дур има ваков огромен интерес од истото.

Ги повикуваме сите граѓани да го донесат својот маалски миленик на третман, со цел уште многу успешни месеци во решавање на проблемот со бездомната популација на кучиња.

Гувернерката Ангеловска - Бежоска т на Пролетните средби на ММФ и Светска банка

Гувернерката Ангеловска - Бежоска и вицегувернерот Бајрами учествуваат на Пролетните средби на ММФ и Светска банка

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и заменик-министерот за финансии Филип Николоски ја предводат делегацијата којашто учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, САД. Во состав на делегацијата е и вицегувернерот Фадил Бајрами.

Од Народната банка најавуваат дека гувернерката и вицегувернерот ќе одржат состаноци со заменик-директорот на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, со директорот на ММФ за Европа, Алфред Камер, како и со извршниот директор на ММФ и алтернативниот извршен директор, Пол Хиберс и Лук Дресе.

- На состаноците со високите претставници на ММФ ќе стане збор за економските состојби во нашата земја и поставеноста на монетарната политика, којашто придонесе за стабилизирање на инфлацијата. Делегацијата на Народната банка, предводена од гувернерката, ќе оствари средба и со претставниците на одделите за статистика и за монетарни и капитални пазари при Меѓународниот монетарен фонд, на која ќе се споделат досегашните достигнувања и резултати од заемната успешна соработка, информираат од Народната банка.

Во рамки на Пролетните средби, Ангеловска-Бежоска ќе одржи состаноци и со заменик-претседателката на Светска банка, Антонела Басани и со извршниот директор на СБ за Конституенцата во која членува нашава земја, Јуџин Ругенаат. Исто така, делегацијата на Народната банка ќе учествува и на редовниот состанок на земјите членки на Конституенцата.

Одржувањето на Пролетните средби секоја година на едно место ги собира носителите на политиките, односно првите луѓе на централните банки и министрите за финансии од земјите членки, кои ќе разговараат за политиките и финансиските реформи во насока на остварување на целите за одржлив раст (SDG), особено поврзани со климатските промени и родовата еднаквост.

Брнабиќ: Белградските и локалните избори ќе се одржат на 2 јуни

 Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека донела одлука да го прифати барањето на опозициските партии сите локални избори да се одржат заедно со изборите во Белград на 2 јуни. 

Брнабиќ на вонредна прес-конференција рече дека тоа би значело дека в сабота ќе се расправа за измените Законот за локални избори. Локалните избори ќе ги распише в недела.

„Одлучивме да го прифатиме барањето, во консултација со претседателот, на опозицијата околу СПН и коалицијата НАДА и да ги распишеме сите тие избори закажани за јули и август. За ова ќе биде потребна измена на законот за локални избори ... И секако е важно да го направиме тоа што е можно поскоро, затоа моето барање до службите и до сите пратенички групи е да го завршат попладнево“, изјави таа.

Песков: Американската помош за Украина нема да ја промени ситуацијата на фронтот

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изјави дека новата американска помош за Украина нема да промени ништо на бојното поле.

- Тоа на никаков начин нема да влијае на развојот на ситуацијата на фронтот … што е многу неповолно за украинската страна, посочи Песков.

Неговата изјава уследи откако претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон најави дека на 20 април ќе се одржи долгоочекуваното гласање за помош на Украина, Израел и Индо-Пацификот.

Гласањето е по повеќе од два месеци откако пакетот беше одобрен во Сенатот.

Надлежниот комитет претстави закон што ќе обезбеди 60,84 милијарди долари за Украина и регионалните партнери, од кои 23,2 милијарди долари ќе бидат искористени за обнова на резервите американско оружје и објектите.

Поддршката за Израел изнесува вкупно 26,38 милијарди долари, вклучително и средства за покривање на трошоците за американските воени операции како одговор на неодамнешните напади.

Средствата наменети за Индо-пацификот изнесуваат 8,12 милијарди долари.

притисни ентер