3Талибанците им го одзедоа правото на жените на сопствено име во документите- ќе се викаат „крава“ и „коза“
Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
2Драма во Валенсија: На Марк Маркез му се запали моторот на последната спринт трка во кариерата (ВИДЕО)
3Кинезите претставија хуманоидни роботи, кои имаат кожа на лицето и работат како презентери, асистенти, фитнес тренери (ВИДЕО)
СветЛајен: Со ревизијата на буџетската рамка обезбедивме основа за Планот за раст за З.БалканНие и обезбедуваме на Украина не само финансирање за одржување на економијата, туку и силна предвидливост за следните четири години. Со усвојувањето на ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка, ЕУ не само што обезбеди 50 милијарди евра за поддршка на Украина, туку и солидна финансиска основа за Планот за раст за Западниот Балкан порача денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред европратениците во Стразбур за време на дебатата за резултатите од последните Самити на Унијата. - Ние и обезбедуваме на Украина не само финансирање за одржување на економијата, туку и силна предвидливост за следните четири години. Тоа покажува што значи да се застане зад Украина онолку долго колку што е потребно, додаде Фон дер Лајен. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, таа нагласи дека дополнително со ревизијата на буџетската рамка до 2027 година, обезбедени се средства кои ќе и овозможат на ЕУ засилување на борбата против нерегуларната миграција и заштитата на своите надворешни граници, како и да се ангажира уште повеќе со земјите од јужното соседство. - И многу ми е драго што Планот за раст за Западен Балкан сега е на солидна финансиска основа, потенцира Фон дер Лајен. Според неа, ЕУ сега има финансиски ресурси да се справи со некои од главните предизвици на оваа деценија, ќе може подобро да одговори во справување со природните катастрофи во земјите членки и на хуманитарни кризи, како онаа во Газа, но и да ги поддржиме критичните технологии во Европа. Фон дер Лајен се осврна и на проблемите на земјоделците во ЕУ, оценувајќи дека многумина од нив се чувствуваат „турнати в ќош“, во услови кога први ги чувствуваат последиците од климатските промени, како сушите и поплавите, но и од руската агресија врз Украина, кој донесе висока инфлација и зголемени трошоци за енергија и ѓубрива. - Прашањата ескалираа во последните години. Нашите земјоделци заслужуваат да бидат слушани. Знам дека се загрижени за иднината на земјоделството и за нивната иднина како земјоделци. Но, тие исто така знаат дека земјоделството треба да премине кон поодржлив модел на производство, за нивните фарми да останат профитабилни во годините што доаѓаат, рече Фон дер Лајен, додавајќи дека токму затоа ЕК го иницираше Стратешкиот дијалог за иднината на земјоделството, преку кој ќе се анализира ситуацијата, ќе се споделуваат идеи и ќе се развиваат сценарија со цел да се врати довербата и да се дојде до остварливи решенија. Според неа, паралелно со поддршката на земјоделството и производството на квалитетна храна, потребна е и ефикасната заштита на природата преку обезбедување на субвенции за поттик на земјоделците. - Јавните субвенции можат да ги обезбедат тие стимулации за зачувувањето на природата,... затоа што само ако нашите земјоделци можат да живеат од својата земја ќе инвестираат во иднина. И само ако заедно ги постигнеме нашите климатски и еколошки цели, земјоделците ќе можат да продолжат да живеат, додаде претседателката на ЕК. Фон дер Лајен пред европратениците говореше и за руската агресија врз во Украина, посочувајќи дека пред две години Русија започнаа војна против „народ и нација со железна волја и надеж за подобра иднина“, но и војна против „сите нас и против слободата, самоопределувањето и демократијата воопшто“. - Украина ја докажа моќта на нацијата и народот кој се бори за нешто. Пред се за себе, но и за нас и за се она во што ние веруваме - нашите слободи, нашата демократија, нашите макотрпни права и аспирации. Некои беа изненадени од херојската акција на Украина, но никој не требаше да биде изненаден што кога беа соочени со угнетување, потчинување и тиранија, Украинците избраа отпор. И затоа, денес останувам исто толку убедена во еден едноставен факт како и пред две години дека Украина ќе успее и дека Европа ќе биде со неа на секој чекор од патот, додаде Фон дер Лајен. Таа нагласи дека рускиот претседател Владимир Путин не може да разбере дека ако им дадеш на луѓето избор, тие ја избираат слободата, па затоа и волјата на Украина за борба не е само посилна од онаа на Русија, таа е суштински различна по природа и карактер. Затоа, според неа, ЕУ мора да продолжи со поддршката на Украина, и финансиски и воено, со што ќе ја заштити сопствената иднина. - Украина и Европа покажаа дека сме подготвени да се бориме и да ја платиме крајната цена за работите во кои веруваме.... Европа ќе биде на страната на Украина за секој ден од војната и за секој ден потоа. Тоа е она што значи да се биде Европеец и да се верува во судбина која е изградена на секојдневната желба да се остави зад себе иднина во која ќе растат нашите деца, додаде Фон дер Лајен. Обраќањето на Фон дер Лајен пред европратениицте следи откако минатата ноќ Советот на ЕУ и Европскиот парламент постигнаа привремен договор за предлогот на Еврокомисијата за создавање на нов единствен Механизам за поддршка на опоравување, реконструкцијата и модернизацијата на Украина, со вкупен буџет од 50 милијарди евра, преку кој во исто време ќе бидат поддржувани и напорите на земјата за спроведување на реформите како дел од нејзиниот пристапен пат кон ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоСнежно време со температура до 5 степени Денеска времето ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места особено долж Повардарието од дожд и снег, информираат од УХМР. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С) -6 Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -3 Крива Паланка, Крушево, Лазарополе, -2 Берово, -1 Тетово, Куманово, 0 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Велес, Виница, Кавадарци, Демир Капија, 1 Штип, 2 Струмица, 3 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) 42 Пожаране, 35 Демир Капија, 34 Струмица, Маврови Анови, 33 Попова Шапка, 31 Претор, 30 Битола, 27 Берово, 25 Крушево, 24 Гевгелија, 22 Охрид, 16 Велес, 15 Крива Паланка, 14 Виница, 13 Тетово, 11 Скопје-Петровец, Прилеп, 10 Скопје-Зајчев Рид, Штип, Тополчани, 9 Лазарополе, 2 Кавадарци. ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА во 07 часот во (cm) 28 Маврови Анови, 27 Крушево, 18 Попова Шапка, 15 Лазарополе, 10 Тетово, 9 Куманово, 8 Тополчани, 5 Берово, Битола, 4 Крива Паланка, 1 Скопје-Петровец. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Облачно со повремени локални врнежи од снег, а во пониските места особено долж Повардарието од дожд и снег. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени. Во Скопје, облачно со повремени врнежи од снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 2 степена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 29. ноември 2026 година Дневен хороскоп за недела, 29. ноември 2026 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете склони кон попуштање во се и сешто , а некои целосно ќе ги симнат критериумите за љубов. Самците би можеле да бидат со личност по принципот ,,која и да е” . Кариера Ако сте решени да делувате од сенка, денеска е ден кога на таков начин може да постигнете успех. Здравје и совет Прво промислете , а потоа делувајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе ја повикате саканата личност на интимна вечера , каде ќе покажете завидно кулинарско знаење. Кариера Иако некои колеги ќе бидат малку почувствителни и ќе прават драма , добро е што ќе донесете креативност и нови решенија. Здравје и совет Освежете се на чист воздух. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се веселите со пријатно друштво и нема да дозволите ништо да ви ги расипе добрите односи , расположението и забавата. Кариера Подобро од другите знаете дека дека со мали чекори се минува исто растојание како и со големи. Здравје и совет Релаксирајте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Блиска личност ќе ви го отвори своето срце и ќе ви ги покаже своите емоции . Ќе возвратите со иста мерка. Кариера Една состојба или дел од работата ќе биде дефиниран, созреан и заклучен. Од тоа ќе произлезат нови иницијативи. Здравје и совет Можна е мала настинка. Овен 21.3-20.4. Љубов Кулминацијата на поврзаноста со пријателите ќе ви донесе радост , а секако ќе ги подобри и личните особини. Кариера Би сакале да воведете некои измени во процесот на работата. Денеска ќе размислувате за деталите. Здравје и совет Крајот делото го краси. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе заклучите дека е време на другите да им покажете колку се сакате и да ја официјализирате врската. Некои тоа само ќе го посакаат. Кариера Ќе работите без напор и нема да се зимачувате со премногу прашања . Имате добра перспектива , позитивен став. Здравје и совет Сега живеете уредно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Богатството на еротиката и сензуалноста ќе бидат главна одлика на овој ден. Уживајте. Кариера Можете слободно да направите нешто за себе. На кого било да му објасните , ќе го разбере вашиот став и ќе го прифати како нешто нормално. Здравје и совет Ќе знаете да се справите со проблемите. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашите скриени чувства денеска ќе се појават , на ваша среќа. Ќе бидете малку збунети , но ќе ви биде мило. Кариера Заклучоците до кои доаѓате ќе останат познати само за вас и за никој друг. Тоа не е типично за вас , но овој пат така е најдобро. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Малите естетски вештини ќе бидат ваш начин да и се приближите на саканата личност , со која сте на дистанца. Делумно ќе имате успех. Кариера Оние кои работат во лаборатории , болници , институции од затворен тип и слично ќе добијат унапредувања и добри резултати. Здравје и совет Не влегувајте во расправии. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се обидете на другата страна да и се претставите во најдобро светло, но тоа нема да биде вашето најдобро издание. Резултатот може да биде менлив. Кариера Резултатите од вашата работа би можеле да излезат на виделина , со што ќе ви порасне гордоста. Продолжете да го градите започнатото. Здравје и совет Мала меланхолија. Вага 24.9.-23.10 Љубов За да ја подобрите вашата љубовна состојба , денеска послужете се со вашата интуиција. Нека таа ве води и се ќе биде подобро. Кариера Во сите дејности , кои се поврзани со луѓе ќе постигнете денеска завидни резултати. Другите ќе соработуваат. Здравје и совет Не освојувајте по секоја цена. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе продолжите да заведувате драга личност. За неа ќе бидете неодоливи. На тој начин ќе ја зголемите блискоста во врската. Кариера Ќе дојде до мали преиспитувања во врска со финансиски вложувања , за кои ќе мислите дека не се стабилни. Ќе смислите нов план. Здравје и совет Не можете вие да одработите за другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотБаба Ванѓа со морничаво претскажување за 2027. – се споменуваат и луѓе со необични способности Меѓу наводните пророштва на Баба Ванѓа за 2027 година се издвојува една необично прецизна бројка. Цената на златото, според тврдењето кое кружи на интернет, би можело да скокне меѓу 25 и 40 отсто, а како причина се споменува развојот на вештачката интелигенција. Засега не постои веродостоен запис кој би ја поврзал таа прогноза со пророчицата. Вангелија Пандева Гуштерова, попозната како Баба Ванѓа, почина во 1996 година, а три децении подоцна нејзиното име се појавува на списоците со предвидувања за секоја наредна година. Како што пренесува Вечерњи лист, повикувајќи се на Sky History, во приказните кои сега се поврзани со 2027 година се споменува и нов извор на енергија, светски конфликт и луѓе со необични способности. Зошто вештачката интелигенција се споменува во приказната за златото? Оние кои го пренесуваат тврдењето за растот на цената на златото го поврзуваат со проширувањето на центрите за обработка на податоци. Според ова толкување, развојот на вештачката интелигенција би ја зголемил побарувачката за електронска опрема, а со тоа и за златото што се користи во одредени компоненти. Сепак, и во таа верзија на приказната има отворено прашање. Како што пренесува Вечерњи лист, соговорниците од индустријата укажуваат дека повисоките цени би можеле да ги поттикнат производителите да бараат поевтини алтернативи. Колку навистина би се променила побарувачката и каков ефект би имала врз вкупната цена на златото не може да се заклучи од изјавата споделена на мрежите. Опсегот од 25 до 40 проценти ѝ дава на приказната изглед на точност. Но, тоа не е придружено со проверлива пресметка што би ја поддржала прогнозата, ниту запис од кој би се видело дека Баба Ванѓа воопшто зборувала за цената на златото во 2027 година. Друга верзија на приказната споменува нов извор на енергија Заедно со прогнозата за злато, се тврди и дека во 2027 година би можел да се развие нов извор на енергија. Во некои толкувања се споменува нуклеарна фузија, иако во пренесениот текст нема оригинален цитат кој би покажал дека Баба Ванѓа зборувала за таа технологија. И терминот „нов извор на енергија“ остава многу простор за толкување. Може да означи експериментален резултат, технолошки напредок или почеток на практична примена. Верзиите што се споделуваат на мрежите не прецизираат на што се однесува тврдењето, па врската со фузијата е сведена на претпоставка. Светскиот конфликт повторно се појавува на списокот Приказната за голем светски конфликт веќе се појави на списоците со наводни пророштва за 2026 година. Во верзиите за 2027 година се додадени поконкретни сценарија. Едниот тврди дека Кина може да ја преземе контролата врз Тајван, додека другиот споменува директна конфронтација меѓу Соединетите Американски Држави и Русија. Не постои проверлив запис за тие тврдења кои би ги поврзале со изјавата на Баба Ванѓа, ниту е јасно кога првпат биле поврзани со 2027. Повторувањето на истиот мотив во списоците за различни години покажува колку содржината на тие списоци се менува од една верзија во друга. Приказната за натчовечките способности веќе кружи Меѓу тврдењата кои повторно се споделуваат е и она на луѓе кои, наводно, по некоја мистериозна болест или генетски експеримент, би можеле да развијат натчовечки способности. За таа приказна веќе пишувавме на порталот Ona.rs. Ниту во новата верзија нема детали за какви способности станува збор, а немањето конкретни податоци отвори простор за шпекулации за тајни лаборатории. Тие шпекулации се непотврдени, како и самото тврдење дека приказната е од Баба Ванѓа. Од каде прогнозите за поединечни години? Дел од изјавите кои и се припишуваат на Баба Ванѓа се пренесени преку луѓе кои ја познавале, меѓу кои била и нејзината внука Красимира Стојанова. Кога таквите изјави се пренесуваат низ годините, тешко е да се одреди каде завршува она што се слуша и каде започнува последователното толкување. Уште потешко е да се одреди кога е додаден точен датум или конкретна бројка на приказната. За прогнозите за златото, енергијата, светските конфликти и натчовечките способности во пренесениот текст, нема оригинален запис или снимка што би потврдила дека Баба Ванѓа ги зборувала и ги поврзувала со 2027 година. Токму затоа и најточниот детал на листата, порастот на цената на златото до 40 отсто, го има истиот статус како и другите- непотврдено тврдење на интернет.Тагови: баба Ванѓа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook