3Шасивари од Будва: Криминалот не смее да се исплати, а незаконски стекнатиот имот не смее да остане кај сторителите
Паричка, стара над 150 години е продадена за 4,7 милиони долари- со децении била скриена од јавноста (ВИДЕО)
2Паричка, стара над 150 години е продадена за 4,7 милиони долари- со децении била скриена од јавноста (ВИДЕО)
СветЛајен: 2025-та мора да биде година на напредок во процесот на проширување на ЕУ Сакам да испратам јасна порака, 2025 година мора да биде година на напредок за сите оние земји кои се на нивниот пат заснован на заслуги кон пристапување во нашата Унија. Комплетирањето на нашата Унија е во наш основен интерес .Оваа 2025 година мора да биде година на напредок за сите оние земји опфатени со процесот на проширување на Европската Унија, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето на Годишната конференција на амбасадорите на Европската Унија, насловена „Надворешна политика на ЕУ што испорачува“, што се одржува во Брисел. . - Сакам да испратам јасна порака, 2025 година мора да биде година на напредок за сите оние земји кои се на нивниот пат заснован на заслуги кон пристапување во нашата Унија. Комплетирањето на нашата Унија е во наш основен интерес и тоа ќе биде основен приоритет во следните пет години, истакна Фон дер Лајен. Таа потенцира и дека Европа ќе ја заштити својата економска и национална безбедност, но при тоа е важно да постигне вистински баланс и да се подготви за сите можни сценарија. - Тоа секако е случај кога станува збор за САД, земја со која имаме најсилни врски. Трансатлантското партнерство беше камен темелник на мирот и просперитетот во најдобриот дел од векот. Споделуваме многу исти преокупации за регионалната стабилност или за глобалната економија. Ниту една друга економија во светот не е интегрирана на толку напреден начин, рече Фон дер Лајен. Според неа, ЕУ сака да овозможи ваквите односи да продолжат да функционира, не само поради историски врски, туку и затоа што тоа е едноставната паметна работа. - Има простор да се направи многу повеќе - од критични синџири на снабдување до новите технологии. Ќе бидеме подготвени за тешки преговори каде што е потребно и да најдеме решенија каде што е можно, за да ги решиме сите незадоволства и да ги поставиме основите за посилно партнерство. Ќе бидеме отворени и прагматични за да го постигнеме тоа. Но, подеднакво ќе ставиме до знаење дека секогаш ќе ги штитиме нашите сопствени интереси, како и да е и кога и да е тоа потребно. Ова секогаш ќе биде европскиот начин, порача Фон дер Лајен. Таа потенцира дека во услови на актуелната состојба во светот, потребна е подиректната и пофокусирана европска надворешна политика, која ќе се гради согласно потребите на луѓето од Европа, - Вистината е дека светот и Европа се поповрзани од кога било досега. Од почетокот на векот, обемот на глобалната трговија се удвои и сега сме уште повеќе поврзани на други начини - од нашите високо интегрирани синџири на снабдување до непосредните текови на капитал или дигитални комуникации, рече Фон дер Лајен. Сепак, според неа, на последниот Светски економски форум во Давос имало „остра, а понекогаш и мрачна, промена на тонот“ дека светот насочен кон поголема соработка и хиперглобализација станал застарен. - Тоа е повеќе од апстрактно чувство. Големите стравови се вратија. Од стравот од климатските промени или вештачка интелигенција, до страв од миграција или едноставно да останеме се зад себе. И тоа се пренесува и на глобалните односи. Земјите се насочуваат една против друга. Сега сме во ерата на хиперконкурентна и хипер-трансакциска геополитика, додаде Фон дер Лајен. Претседателката на Европската комисија нагласи дека се создава свет во кој правилата и нормите што беа изградени во изминатите 70 години повеќе не можат „да се земаат многу здраво за готово“ и тоа влијае на сите односи. - Тоа е свет во кој има заеднички обид да се изградат сфери на влијание, па дури и да се граба земја, слично како во 19 век или во екот на Студената војна. Свет во кој новите авторитарни сили се здружуваат со непријателската Русија, која е подготвена да изкористи какви било поделби или слабости во сојузите. Свет во кој новите сили се разочараа од начинот на кој функционира меѓународниот систем и се повеќе бараат алтернатива. Во повеќето случаи, тие ќе работат со оној кој ќе ја стави најдобрата понуда на маса, додаде Фон дер Лајен. Според неа, оваа посурова и повеќе трансакциска реалност можеби не им се допаѓа на некои во Европа, но таа мора да се прилагодува на светот во кој се наоѓаме. - Јас сум убедена дека во овој свет со вжештени глави, најдобриот пристап на Европа е да остане рамнодушна. Таа мора да носи одлуки не врз основа на емоции или носталгија за светот каков што беше некогаш, туку повеќе врз тоа што е во нејзини интерес во овој свет каков што е денес... Тоа е начин да се обезбеди стабилност, безбедност и просперитет за нашите граѓани и за нашите партнери. Тоа прави уште поважно да останеме верни на тоа кои сме и во што веруваме, додаде претседателката на ЕК. Според неа, секоја земја мора да биде слободна да ја избере својата судбина на демократски начин, границите не може да се менуваат со сила и Повелбата на ОН мора да остане суштина на европскиот ангажман. - Нашите вредности не се менуваат. Тие се вградени во нашите декларации за права, во нашите декларации за независност, во нашите договори. Тие се живото наследство на нашата бурна историја. И тие помагаат да не направат сигурен и силен партнер. Но, за да ги унапредиме овие вредности, треба да го промениме начинот на кој дејствуваме. Треба да бидеме храбри. Треба да бидеме агилни. Треба да се ангажираме. Можеби ќе треба да се вклучиме во тешки преговори, дури и со долгогодишни партнери. А можеби ќе треба да работиме и со земји кои не се истомисленици, но делат некои од нашите интереси. Затоа што основниот принцип на дипломатијата во овој нов свет е да ги држиме очите кон целта. Тоа значи, наоѓање заеднички јазик со партнерите во наша заедничка корист и прифаќање дека повремено ќе треба да се согласиме дека не се согласуваме, истакна Фон дер Лајен. Според неа, таквиот пристап е особено важен бидејќи светот станува поопасен и се забрзува економската конкуренција, трка во вооружување, во информативниот простор или во напредна воена опрема. - Ние мора да ја завршиме нашата домашна задача овде во Европа за да продолжиме, без разлика, дали ќе ги зголемиме инвестициите во одбраната или ќе ја направиме нашата економија поконкурентна, рече Фон дер Лајен, нагласувајќи дека тоа токму е целта на „Компасот за конкурентност“ насочен кон намалување на јазот во иновациите и поставување на заеднички патоказ за декарбонизација и конкурентност. Таа во продолжение се осврна на глобалните партенрства на ЕУ, соработка со држави ширум светот во различни сфери, како трговијата, чистата енергија или суровините, како и на програмите и инструментите на блокот за поддршка на трети земји, како и на, како што рече, на еден од најкомплексните и најважните односи на Унијата во светот, оние со Кина. Фон дер Лајен говореше и за идната безбедност и просперитет на Европа, нагласувајќи ја потребата од поддршка на Украина во справувањето со руската агрсија, бидејќи, според неа, не се работи само судбината на оваа земја, туку и за судбината на европскиот континент, а се осврна и на напорите за мировно решение на Блискиот Исток - Мојата порака денеска е дека Европа е подготвена да ја одигра својата улога низ целиот свет. Ќе слушнете многу пати оваа недела дека светот е поопасно место од кога било досега, дека заканите доаѓаат во различни форми и од многу различни правци. Тоа е вистина. Но, премногу се зборува дека денешниот свет е фаталистички. Голем дел од светот ја гледа Европа посилна отколку што ја гледаме ние. И Европа има многу повеќе можности во овој свет отколку што мислиме. Ако останеме обединети, ние сме тие што можат да создадат услови за попросперитетна и посигурна иднина, додаде Фон дер Лајен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсена е поранешна турска министерка за членство во криминална организацијаПоранешната турска министерка Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена во рамките на истрага за трансакции на пазарот на капитал, под сомнение за кршење на Законот за пазари на капитал и членство во криминална организација.Поранешната турска министерка Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена во рамките на истрага за трансакции на пазарот на капитал, под сомнение за кршење на Законот за пазари на капитал и членство во криминална организација, објави денес обвинителството во Истанбул. Според документот на обвинителството, Каја е осомничена дека имала информации што можеле да влијаат на цената на акциите на „Озата Денизчилик“, објави „Анадолу“. Истражителите изјавија дека поранешната министерка ги купила акциите на компанијата во април 2026 година и ги продала на 16 септември, денот пред одлуката за ликвидација на средствата. Обвинителството се сомнева дека Каја знаела за претстојната ликвидација и дека ги префрлила акциите на „Тера Јатирим Менкул Дегерлер“, која ѝ ја исплатила нивната вредност истиот ден, наместо парите да бидат исплатени во вообичаените два работни дена. Поранешниот претседател на Одборот на пазарите на капитал, Ибрахим Омер Ѓенул, и Илијаш Каја беа ослободени под мерки на судски надзор, кои вклучуваат редовно пријавување кај властите и забрана за патување.Тагови: министерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЏенифер Лопез позира без облека, а косата никогаш не ѝ била посветла (ВИДЕО)Џенифер Лопез избра костим од Барбарела за овогодинешниот Ноќ на вештерките, ликот што Џејн Фонда го играше во истоимениот филм од 1968 година. За таа пригода, таа беше трансформирана со помош на прекрасна руса фризура моделирана по познатата актерка, а носеше и реплика од проѕирниот боди со светки од филмот. Таа дополнително го адаптираше костимот за Ноќта на вештерките со солзи и детали што имитираат крв. Пејачката и актерка често експериментирала со фризури во текот на својата кариера, од природни кадрици од деведесеттите до медено руси прамени, пишува Харперс Базар. Најсветлата нијанса досега Иако Ноќта на вештерките заврши, се чини дека Лопез сè уште не е подготвена да се збогува со својот нов изглед. Нејзиниот фризер Крис Аплтон објави претходно невидени фотографии на Инстаграм на кои пејачката е речиси непрепознатлива. View this post on Instagram A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) На фотографиите, Лопез позира целосно гола, а посебно внимание привлекува нејзината екстремно светла руса коса, најсветлата нијанса што некогаш ја носела. „Бомбастични боцки“, напиша Аплтон во описот на објавата, алудирајќи на Барбарела и нејзиниот костим. Тој ја обликуваше нејзината коса во луксузни, волуменозни кадрици, со дополнителен волумен нагласен на темето. Фризерот одговорен за бројни трансформации Аплтон стои зад многу фризури на Џенифер Лопез, вклучувајќи го и нејзиното неодамнешно „фенирање од милион долари“. Станува збор за луксузно стилизирана коса со костенливи прамени и шишки што го врамуваат лицето. @jlo Her specialty is LOVE ❤️ Barbarella 🚀 Happy Halloween everybody! ♬ original sound - JLO View this post on Instagram A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) Перика или трајна промена? Дали Лопез ќе ја задржи новата боја на косата сè уште не е познато. Не е ни јасно дали носи перика на фотографиите. Имено, Аплтон е позната по големите трансформации на изгледот на неговите познати клиенти, вклучувајќи ги Ким Кардашијан и самата Џенифер Лопез. Затоа, останува да се види дали ова е потрајна промена или само привремен експеримент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Ширење паника или паника кај МицкоскиМицкоски сега ја обвинува опозицијата за ширење паника.Како шири паника СДСМ кога уште пред една година алармиравме да не се дозволи ова со банката? Дали СДСМ ширеше паника во Европа и во Црна Гора каде што е одбиена оваа банка и забранет е велз на нејзиниот сопственик? Дали СДСМ ширеше паника во Србија каде што се отворени истраги за криминал, каде е приведен Мацура и прогласен стечај на Алта банка? Прашањето е едноставно, дали СДСМ ширеше паника во Европа, Црна Гора, Србија или Мицкоски е во паника затоа што знае дека ќе одговара затоа што ја донесе Вучиќевата пералница на пари во Македонија? Еве ја хронологијата. Факти, не шпекулации. Во 2023 и 2024 Алта група на Давор Мацура се обидува да ја преземе Addiko банка во повеќе земји, вклучувајќи Црна Гора. Европската централна банка и австрискиот регулатор реагираат. Во август 2024 ECB привремено го суспендира правото на глас поради тајно заедничко дејствување. Во септември австрискиот регулатор изрекува санкција. Financial Times пишува за проверки околу потеклото на капиталот и контролите против перење пари. Формалниот сопственик е човек што до вчера држеше менувачница во Земун. Нема банкарско искуство. Има сомнежи за капиталот. Во октомври 2025 Централната банка на Црна Гора го одбива преземањето на Addiko. Гувернерката Ирена Радовиќ потврдува дека имало притисоци кога го одбиле планот. Мацура планирал по Addiko да влезе уште во две банки. Алта не добива банкарска дозвола во Црна Гора. Регулаторот вели: интегритетот на пазарот е поважен. Во истиот период, октомври 2025, Алта банка АД Белград ја купува Стопанска банка Битола со одобрение на НБРМ. 95 проценти од акциите. Покрај банката, Алта група во 2026 ги купува и ЗОИЛ Македонија АД Битола - 100 проценти од осигурителната компанија. Компанијата е преименувана во Алта осигурување АД Скопје. Владата на Мицкоски праќа укажување на јавни претпријатија да одлучат за преземање акции од страна на Алта банка. Мицкоски не само што ја турка банката во Македонија. Го турка и осигурувањето. Ја внесува целата група во Македонија. Во октомври 2026 Мацура е вратен од аеродром во Подгорица. Забранет му е влез во Црна Гора од причини на национална безбедност. По изборите во Србија паѓа СНС. Се појавуваат тврдења за големи одливи. На 30 и 31 октомври Народната банка на Србија ја одзема дозволата на Алта банка АД Белград. Се отвора стечај. Вучиќева гувернерка на Народната банка на Србија рече дека сè е во ред со банката, а веќе истата ноќ, во 2:30 часот по полноќ, ѝ беше одземена дозволата за работа. Српското Обвинителство отвора истрага. На 2 ноември е уапсен Мацура. Сомнеж дека изнел околу 380 милиони евра од трезорот - дел физички, дел преку фиктивно евидентирање. На 3 ноември судот формално отвора стечај. Во Македонија, гувернерот рече дека сè е во ред, а во рок од 24 часа беше воведена принудна управа во банката. На 1 ноември НБРМ воведува присилна управа над Алта банка АД Битола. Одредуваат лимити за граѓаните. Штедачите не можат да дојдат до своите пари. Вчера гувернерот на Народната банка на Македонија изјави дека токму Мицкоски бил тој што вршел притисок за дозволата. Значи: во Европа има санкции и суспензии. Во Црна Гора има одбивање и притисоци што не поминале. Во Србија има стечај, апсење и истрага за 380 милиони евра. Формалниот сопственик е човек од менувачница. Постојат сомнежи за потеклото на капиталот. И покрај сето тоа, Мицкоски врши притисок за дозвола и ја внесува банката во Македонија. Го внесува и осигурувањето. Ја внесува целата Вучиќева пералница на пари од криминал и корупција. Ја внесува со пари на јавни претпријатија и на граѓаните. Сега, кога сè се одмотува, Мицкоски ја обвинува опозицијата за ширење паника. Не ширевме паника во Европа. Не ширевме паника во Црна Гора. Не ширевме паника во Србија. Фактите се на виделина. Мицкоски е во паника затоа што знае дека ќе одговара. Затоа што знае дека документите и трансакциите се тука. Затоа што знае дека не може да се сокрие кој вршел притисок. Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа. Паниката е кај Мицкоски. Вистината е во документите. Мицкоски мора да одговара!, се наведува во партиското сопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook