Шоу бизКвинси Џонс го обвини починатиот Мајкл Џексон за кражбиПознатиот продуцент Квинси Џонс во интервју за Vulture го обвини починатиот Мајкл Џексон за плагијати.Џонс , кој беше продуцент на најголемите хитови на Мајкал Џексон изјави дека Џексон крадел цели песни од неговите колеги . 84- годишниот продуцент изјави дека песната ,,Били Џин “ е украдена од Дона Самер. Го обвини Мајкл Џексон,кој почина во 2009 и дека бил скржавец . Одбил да му помогне на својот пријател , музичарот Грег Филингејенс , иако тој свирел клавијатури за хитот ,,Трилер” . Квинси Џонс , кој е се уште активен во музичкиот свет за себе вели дека има 22 компании низ светот , зборува 26 јазика и дека во Шведска се подвргнал на третман кој му гарантира дека ќе живее 110 години .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
МакедонијаЈанчев: Поставени топлотните пумпи во затворениот базен во КавадарциЗатворениот базен во Кавадарци постепено ги добива сите потребни системи за да биде целосно функционален.Поставени се топлотните пумпи, а во тек е опремувањето со се што е потребно за еден современ затворен базен – од системите за греење и одржување на температурата, до останатата техничка опрема. Чекор по чекор, објектот се подготвува за својата намена – спорт, рекреација и пливање во текот на целата година, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Забава34 издание на „Турнир на медиуми“„34 години нè поврзуваше фудбалот. Денес ги поврзуваме луѓето“.Во Скопје од 7 до 9 октомври се одржува 34. Меѓународна спортско-медиумска ревија „Турнир на медиуми“, која и годинава ги обединува новинарите, спортистите, тренерите, медиумските работници и јавните личности од Македонија и регионот. На манифестацијата учествуваат гости од Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, а централниот ден е 8 октомври, кога програмата ќе понуди три содржински целини – знаење, спорт и дружење. Во 11:00 часот во Свечената сала на Ректоратот на УКИМ ќе се одржи панел-дискусијата „Спортот во ерата на вештачката интелигенција: етика, здравје и извонредност“, на која ќе се говори за примената на AI во спортската анализа, тренингот, здравјето и донесувањето одлуки, но и за улогата на човечката проценка, етиката и фер-плејот. Панелисти се проф. д-р Орце Симов, проф. д-р Влатко Неделковски, проф. д-р Маре Србиновска и тренерот Горазд Михајлов, со видеообраќање на академик проф. д-р Изет Раѓо од Сараево. Од 13:30 часот на игралиштето на ФК Аеродром во Реонски центар Ново Лисиче следува ревијалниот спортски дел, со фудбал, пенали, гол-на-гол и други забавни натпреварувачки формати, во мешани екипи составени од новинари, спортисти, ветерани, жени и јавни личности. Манифестацијата ќе заврши со заедничко дружење на сите учесници, со што повторно ќе се потврди нејзината основна идеја – поврзување на луѓето преку спортот, медиумите, науката, културата и јавниот живот. По 34 години, „Турнирот на медиуми“ продолжува да ја гради традицијата, но и да ја проширува својата мисија. „Фудбалот беше причината да се сретнеме, но луѓето беа причината повторно да се видиме. 34 години нè поврзуваше фудбалот. Денес ги поврзуваме луѓето.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00
МакедонијаАкциска контрола на возила за јавен превоз – за пет часа констатирани 92 неправилностиНа 06.10.2026 година, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли над автобуси и други возила .На 06.10.2026 година, во периодот од 08:00 до 13:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли над автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз на патници. При спроведените контроли контролирани се вкупно 405 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз на патници, при што кај 92 возила се констатирани неправилности. Во рамки на контролите, на технички преглед биле упатени 170 возила, додека 34 се исклучени од сообраќај поради утврдени неисправности. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки согласно законските прописи. Во текот на контролите поднесени се и три кривични пријави согласно член 297-а од Кривичниот законик, а едно возило е одземено согласно член 300-б. Констатирани се и 239 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со спроведување на зајакнати сообраќајни контроли, со цел обезбедување повисоко ниво на безбедност и сигурност при јавниот превоз на патници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook