РецептиКВАТРО ЧОКОЛАДНА ТОРТАРецепт на: Снежана АнгеловскаПотребни состојки за пандишпанот: 4 јајца, 50 гр.какао, 50 гр. шеќер, 70 гр. брашно и малку масло. Потребни состојки за филот: 500 мл млеко, 2 чоколадни пудинга, 200 гр шеќер, 150 мл. вода, 100 гр. какао, 100 гр.млечно црно чоколодo, 100 гр, млечно кафеано чоколадо, 100 гр.горко црно чоколадо и 100 гр.бело млечно чоколадо Постапка: Најнапред се подготвува пандишпанот. Се одвојуваат жолчките од белките. На белките се додава шеќерот и се матат со миксер неколку минути. Во матените белки се додаваат жолчките и се мешаат полека. Се додава просеано брашно и какао и малку масло. Сите состојки добро се мешаат за да се добие хомогена смеса. Смесата се става во калап со пекарска хартија и се пече 10 минути на 170 степени. Додека се пече пандишпанот се подготвува филот. 2 пудинга се мешаат со шеќер и се варат со млеко. Откако ќе се излади пудингот се меша со миксер. Во тенџере со 150 мл. вода се става: 100 гр. шеќер, 100 гр. какао и по 100 гр. од сите 4 видови на чоколади Тенчерето со состојките се става на рингла. Состојките се мешаат се додека не се стопат. Пандишпанот се сече на половина. Врз првата половина се нанесува еден слој од филот и се става втората половина. Потоа тортата целосно се филува и се украсува со чоколадни украси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
МакедонијаСДСМ: Нема трета економија во Европа кога 73% од граѓаните имаат платa под просечнатаКаква„трета економија во Европа“ на Мицкоски кога над 73% од граѓаните земаат плата под просечната?Податоците на УЈП ја разобличуваат владината пропаганда. Нема трета економија во Европа. Има 73% од граѓаните со плата под просечната и власт која душмански го ограбува народот. Половина од вработените, односно 50%, заработуваат меѓу 24.000 и 36.000 денари месечно. По две години власт на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е целосно урнисан. Граѓаните осиромашуваат, платите се меѓу најниските во Европа, а народот живее многу полошо отколку пред две години. Минималната синдикална кошничка веќе изнесува околу 70.000 денари. Тоа значи дека на половина од вработените не им се доволни ниту две плати за да ги покријат основните животни трошоци на едно семејство. Тоа е реалноста зад приказните на Мицкоски за наводни економски успеси: најголемиот дел од работниците едвај врзуваат крај со крај. Животот стана прескап. Платите не го следат растот на цените, храната станува луксуз, а сметките се сè повисоки. Прекинувањето на растот на платите и одбивањето на Владата на Мицкоски да ја зголеми минималната плата на 600 евра директно ги турка работниците и нивните семејства во сиромаштија. Кризата не стивнува. Поскапувањето на горивата е нов тежок удар врз семејните буџети, кој ќе предизвика дополнително зголемување на цените на храната, транспортот и другите основни производи. Додека народот осиромашува, финансиски добро живеат само Мицкоски и ВМРО, кои се богатат на грбот на граѓаните преку криминални тендери. Скопје, 18.07.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМинистерот Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар 10:53Забрана за пиење на водата во Гостивар, граѓаните бараат одговори – кој дозволи да се труеме?18:20Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода15:00Алармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена вода13:17Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер ЛандауВо рамките на работната посета на Вашингтон, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау.Во разговорот соговорниците ја потврдија заедничката определба за натамошно зајакнување на стратешкото партнерство и билатералната соработка, во интерес на граѓаните на двете земји. Фокусот на средбата беше ставен на унапредувањето на соработката во областа на одбраната и сојузништвото во НАТО, економијата, енергетиката и регионалната поврзаност. Беа разменети мислења и за состојбите во регионот, како и за значењето на континуираниот ангажман на САД за мирот, безбедноста и просперитетот на Западниот Балкан.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео- Фото: Дурант го направи најскапиот селфи на Светското првенство: Меси, Ѓоковиќ, Брејди... Мајкл Рубин, американски бизнисмен чие богатство се проценува на 12 милијарди долари, објави селфи на кое е во друштво на голем број ѕвезди од светот на спортот и шоу-бизнисот.Фотографијата, која веднаш привлече светско внимание по објавувањето, е направена за време на фестивалот Фанатикс, глобалната дигитална спортска платформа на Рубин. За селфи да ја опфати оваа поголема група, потребен беше некој со долги раце... Изборот беше лесен: Кевин Дурант, еден од најголемите кошаркари на НБА во последната деценија, со телефонот во рака (стапчето за селфи беше излишно), го овековечи овој навистина незаборавен момент. Дурант се „улови“ себеси, најтрофејниот свтески тенисер Новак Ѓоковиќ, капитенот на Шпанија Родри, легендата на американскиот фудбал Том Брејди, аргентинскиот голман Емилијано Мартинез, раперот Тревис Скот, екс фудбалерот на Манчестер Јунајтед и на англиската репрезентација Рио Фердинанд, волшебникот со буба мара Лионел Меси, Рубин и комичарот Кевин Харт. На втората фотографија, која е направена од друг агол и го прикажува моментот на правење на селфито, во кадарот се и селекторите на Аргентина и Шпанија, Лионел Скалони и Луис де ла Фуенте. 🇦🇷🇪🇸 El saludo de Scaloni con Luis de la Fuente y Rodri tras el cara a cara previo a la final #DAZNMundial pic.twitter.com/BfM3iPyl1r — DAZN Fútbol (@DAZNFutbol) July 17, 2026 Тагови: Кевин Дурант Лионел Меси Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter