Кварт во Лос Анџелес жестоко се противи на снимањето на продолжението на „Брзи и бесни“ - Канал 5

Кварт во Лос Анџелес жестоко се противи на снимањето на продолжението на „Брзи и бесни“

Населба во Лос Анџелес, која била позадина за филмовите „Брзи и бесни“ вчера било место на протести против снимањето на новото продолжение, а учесниците велат дека нивните улици оттогаш претрпеле епидемија на нелегални трки.

Кварт во Лос Анџелес жестоко се противи на снимањето на продолжението на „Брзи и бесни“

Жителите изразуваат гнев пред снимањето планирано да започне овој викенд во Анџелино Хајтс, историска населба во близина на центарот на Лос Анџелес. Сагата „Брзи и бесни“ е за фиктивното место на живеење на Доминик Торето, кој го игра американскиот актер Вин Дизел.

Демонстрантите велат дека се работи за нелегални трки на кои, обично ноќе, таму се собираат многу заинтересирани за да ги видат возачите на автомобили како се тркаат со голема брзина низ улиците.

За Демијан Кевит, локален жител и основач на SAFE, кој силно се спротивставува на оваа практика, Fast and Furious придонел за „популарноста на таа нелегална активност“ со претворање на населбата во „туристичка дестинација за нелегални улични трки“.

„Во петок, сабота и недела навечер, три, четири, пет или повеќе автомобили доаѓаат тука и прават секакви маневри со своите автомобили, чкрипејќи со гумите “, вели Демијан Кевит, додавајќи дека „немаше улични трки во соседството пред да бидат снимени „Брзи и бесни“.

Друга жителка на населбата, која се претставила како Бела, вели дека нејзините деца се трауматизирани од бучавата од автомобилите пред нивната куќа, која редовно ги буди среде ноќ. Таа вели и дека децата се плашат да излезат надвор да си играат, бидејќи неколку пати го виделе моментот кога автомобилите бегаат од полицијата и за влакно избегнуваат да удрат во пешаците.

Бела мисли дека Universal Studios треба да ја преместат локацијата на снимањето, а SAFE го повикува градот да стави легнати полицајци во соседството и да воспостави нулта толеранција за улични трки. Првиот филм од сагата „Брзи и бесни“ ја имаше својата премиера во 2001 година. Филмот прерасна во серија со најголема заработка во историјата, дури 6,6 милијарди долари за 10 снимени филмови.

Премиерата на единаесеттиот дел од сагата „Брзи и бесни 10“ треба да се одржи во мај следната година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 14. август 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 14. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 14. август 2026 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Дури и ако не сте пресреќни во приватниот живот , денеска ќе најдете рамнотежа со помош на луѓето и пријателите блиски до вас.

Кариера

Можно е да го добиете заслуженото признание или ќе се појават резултатите од вашата претходна работа.

Здравје и совет

Сите ќе ги победите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Подобро ќе се чувствувате во поширок круг на луѓе , отколку во двојка. Затоа поврзете се со друштвото и не прашувајте премногу.

Кариера

Ниту денеска не треба да изостанат пофалби за вашата работа. За многумина ќе бидете пример за добар работник.

Здравје и совет

Ослободете се од љубовните грижи.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате ако со саканата личност останете дома. Тука ќе се предадете еден на друг.

Кариера

На повидок е решение на еден проблем поврзан со недвижност или со вашиот дом. Работата ќе ја завршите вообичаено.

Здравје и совет

Дозирајте ја храната и пиењето.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Некои ќе уживаат во таинствени погледи или ќе градат мал флерт. Други ќе се водат со интуиција или мечта по љубоните прашања.

Кариера

Денеска ќе биде потребно да се одработи една мала заостаната работа , што чекаше извесно време. Ќе биде тоа мала инвентура.

Здравје и совет

Пијте повеќе течности.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Можно е претерување или фалби кон себеси пред други. На некои тоа можеби ќе им изгледа симпатично , а некои ќе бидат изнервирани.

Кариера

Вашите шефови се подготвени да ви излезат во пресрет и покрај тоа што можеби не е праведно. Ценете го нивниот став.

Здравје и совет

Претерувате во исхраната.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Веројатно ќе раскажувате нереални приказни за вашиот љубовен живот , за да ја импресионирате другата страна.

Кариера

Ако пред вас поставуваат поголеми и позначајни задачи , тогаш треба да ги оправдате со серизоно залагање.

Здравје и совет

Пораснете.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашата љубовна ренесанса ќе продолжи и денеска и тоа уште подобро , посилно и посреќно. Сите врати ви се отворени.

Кариера

Би можел да се случи оној прекрасен момент кога работите сами си доаѓаат на своето место. Одете напред.

Здравје и совет

Денеска планетите се на ваша страна.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе најдете начин за да и се приближите на личноста која ви е блиска, но се уште нема да го доживеете исполнувањето кон кое тежнеете.

Кариера

Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале. Сега на вас е редот паметно тоа да го искористите.

Здравје и совет

Јадете пополека и доволно џвакајте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Можно е да одите на некое место на кое не одите често и убаво да си поминете. не форсирајте ништо.

Кариера

Ќе ги раширите вашите деловни контакти , но во самото изразување се уште сте збунети. Затоа оставете ги другите да зборуваат наместо вас.

Здравје и совет

Мали нервози.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Сите критики и проблемите што ги имате со другата страна денеска успешно ќе ги решите со спонтан разговор без притисок.

Кариера

Не ви е сосема јасна вашата цел, така што и други ќе ве прашуваат за тоа. Не им замерувајте ако немаат трпение да ве сослушаат.

Здравје и совет

Слушајте ги луѓето во вашата околина.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Можеби ќе се чудите колку добро ви оди во љубовта. Единствено внимавајте да не зборувате таму каде што не треба.

Кариера

Вашата енергија ќе биде заразна за околината. на многумина ќе им бидете поттик зашто сте конструктивни и посветени на работата.

Здравје и совет

Понекогаш земете си пауза.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе размислувате што сте постигнале до сега во приватниот живот. Ќе ги анализирате своите постапки.

Кариера

Трудот што до сега сте го вложиле донесе стабилни темели за развој на работата. Продолжете да го градите започнатото.

Здравје и совет

Бариерите се уриваат сами од себеси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петар Богојески во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус гостува Петар Богојески.

Петар Богојески во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во Грција

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со внимание ја следи актуелната состојба со пожарите во Грција, преку своето дипломатско-конзуларно претставништво во Солун и во комуникација со надлежните грчки институции.

МНРиТ: Со внимание ја следиме актуелната состојба со пожарите во Грција

Апелираме до нашите државјани кои се наоѓаат во погодените подрачја и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001.

Воедно, ги потсетуваме македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти.

МНРиТ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер