Мицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност
2Мицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност
3Министерството за економија и труд: 7 милиони денари поддршка за компаниите од преработувачката индустрија преку два нови јавни повици
Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
2Се појави видеоснимка од скандалозниот потег на тренерот на Лион, кој предизвика тепачка со фудбалерите на Фенербахче
ФудбалКварацхелија: Да се постигнат три гола против Челзи е фантастичноНапаѓачот на ПСЖ, Квича Кварацхелија, одговори на постигнувањето на три гола против Челзи во двомечот од осминафиналето на Лигата на шампионите во сезоната 2025/26.Дваесет и петгодишниот Грузиец постигна два гола во првиот натпревар против лондонскиот тим (5:2) на 11 март и додаде еден гол во реваншот (3:0) на 17 март. - Да се постигнат три гола против Челзи е фантастично. Мора да продолжиме во овој дух и да работиме напорно. Секој натпревар е важен за нас. Се обидувам да играм исто на секој натпревар, го цитираше новинарот Фабрицио Романо фудбалерот на социјалните мрежи. Кварацхелија беше прогласен за играч на синоќашниот натпревар во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Челзи. ПСЖ се пласираше во четвртфиналето на турнирот, каде што ќе игра против победникот од натпреварот Галатасарај - Ливерпул (1:0 прв натпревар). Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаМинистерот Сулејмани изврши увид во изградбата на Универзална салаМинистерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска изврши увид во тековните активности за изградба на објектот на „Универзална сала“ во Скопје и се информираше за динамиката и напредокот на градежните работи.При увидот, Сулејмани од страна на управителот на градбата „Мегарон Инженеринг“ – Скопје, надзорниот орган – Друштво за управување со проекти „ЕОС Е.Е. консалтинг“ ДОО Скопје, и изведувачот „Универзал Балкан“ ДОО Скопје, беше информиран дека активностите се одвиваат во рамките на роковите утврдени со динамичкиот план. На објектот се реализирани повеќе значајни активности, меѓу кои ископи на подрумското ниво, изведба на столбови, активности за заштита на конструкцијата, како и изработка и поставување на челични елементи. Дополнителен напредок на активностите се очекува да биде забележлив уште во текот на претстојниот викенд. Инаку во моментов, во производствените капацитети на „Актива“ во Штип интензивно се работи на изработката на челичната конструкција. Значаен дел од челичните конструктивни елементи веќе се изработени, а според планираната динамика, транспортот и монтажата на челичната конструкција, без трибините, треба да завршат најдоцна до средината на септември 2026 година. Според министерот Сулејмани „Универзална сала“ е објект од особено значење за Скопје и за културниот живот во државата. Особено е значајно дека има напредок на работите и важно е изградбата да продолжи со засилена динамика и со почитување на утврдените рокови. Тој очекува во наредниот период објектот да добива се поконкретен и повидлив изглед. Министерот потенцираше дека Министерството за култура и туризам и во иднина ќе продолжи да го следи процесот на реализација на проектот, во соработка со сите надлежни субјекти вклучени во изградбата.Тагови: Универзална сала Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаМицкоски: Со изградбата на интерконекторите со Грција и Србија, државата добива целосна вертикална енергетска поврзаност Сите технички параметри за проектот веќе се кажани, и инвестициска вредност и дијаметар на цевка и како ќе проаѓа таа цевка, низ кои делови од Македонија ќе проаѓа таа цевка.Обраќање на Премиерот Христијан Мицкоски. Сите технички параметри за проектот веќе се кажани, и инвестициска вредност и дијаметар на цевка и како ќе проаѓа таа цевка, низ кои делови од Македонија ќе проаѓа таа цевка, јас би сакал три работи да кажам кои што се мислам значајни за овој проект од стратешко значење. Првото е што по завршувањето на овој проект и комплетирањето на интерконекторот, односно цевководот што ќе не поврзе со нашиот јужен сосед, со Грција, очекувам дека би требало тој проект да се заврши некаде првата половина на следната година, иако втората половина, еве крајот на 2028-та се заврши овој интерконектор со нашиот северен сосед, ќе добиеме целосно вертикална поврзаност којашто е дел од коридорот 10 и геостратешката позиција на државата станува драматично позначајна откако овие проекти ќе бидат реализирани, споредно со тоа што беше во минатото. Да бидам попрецизен, споредено со тоа што сме денес. Ние сме држава којашто не излегува на море и со вакви проекти, кога се поврзуваме со пристаништа, во случајов како што е терминалот Александрополи, кога се поврзувавме со солунското пристаниште, со продуктоводот и нашата рафинерија „ОКТА“, кога градиме интерконектори во делот на снабдувањето со електрична енергија и поврзување со нашите соседи, ние на тој начин ја подобруваме и нашата геостратешка положба како држава. Така што, овие проекти имаат огромно регионално, па и би рекол пошироко геостратешко значење, и јас низ таа оптика го гледам и овој проект, оваа цевка којашто треба да ја поврзе Македонија со Србија. Исто како што цевката треба да ја поврзе Македонија со Грција. Посебно што е двонасочен овој цевковод, и сето тоа му додава вредност на самиот проект. Второ што за мене е многу значајно, а го кажав и вчера на еден друг стратешки проект, а тоа е автопатот Блаце-Скопје, е што македонска компанија ќе ги изведува работите, и тоа е многу важно за македонската економија. Така беше и вчера, така е и денес и тоа е наш приоритет како Влада, македонски компании да изведуваат вакви стратешки проекти, се разбира во рамките на капацитетот којшто ние го имаме како држава и како градежна оператива. Сигурен сум дека со искуството кое што го има компанијата изведувач ќе го искористи максимално во реализацијата на овој проект и ќе ги почитува роковите кои што се зададени во самиот договор. И трето кое што мислам дека е исто така значајно да се каже е фактот дека ова е уште една инвестиција кон реализирање на нашата стратешка цел како Влада, а тоа е да бидеме раскрсница на два паневропски коридори, коридорот 8 и 10, која што раскрсница ќе се темели на три столба, а тоа е инфраструктурно поврзување во рамките на патната инфраструктура. односно автопатите и експресните патишта. Сакам да им се заблагодарам на Недим и на сите членови во раководството на НОМАГАС, на вработените кои што би рекол еве работеа макотрпно за овој проект да стане реалност. Ќе биде исто добро и онаа отсечка за која што зборувавме до другиот наш северен сосед до Косово, ако можеме да ја направиме. Јас вчера зборував и со премиерот на Косово дека и покрај тоа што они имаат доволно количини на јаглен, но имајќи предвид новите регулативи во рамките на Европската Унија итн., оваа физибилити студија можеби ќе ни даде одговор за потребите, па можеби во иднина, иако они сега велат дека не им треба ваква врска, мислам дека треба да се оствари можност за во иднина и тоа да се сработи. Така што, да се заблагодарам и на колегите од Владата, се разбира без нивната поддршка овие проекти не можат да станат реалност. На медиумите што не следат цело време. Ние ќе продолжиме да ја реализираме програмата на Владата, ова се приоритетите во рамките на таа програма. Честитам уште еднаш и посакувам проектот да се реализира во рамките на тоа што е договорено, истакна Мицкоски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
МакедонијаМинистерството за економија и труд: 7 милиони денари поддршка за компаниите од преработувачката индустрија преку два нови јавни повициМинистерството за економија и труд објави два нови јавни повици со вкупна финансиска поддршка од 7 милиони денари, наменети за унапредување на конкурентноста на домашните компании од преработувачката индустрија.Со јавните повици се обезбедува конкретна поддршка во две значајни области – зајакнување на соработката меѓу компаниите и универзитетите преку заеднички проекти, како и воведување, имплементација и сертификација на стандарди и развој на практики на општествена одговорност. „Нашата определба е јавната поддршка да ја насочуваме кон мерки кои создаваат долгорочна вредност за компаниите и економијата. Со овие два јавни повици обезбедуваме вкупно 7 милиони денари за преработувачката индустрија, со фокус на иновациите, знаењето, новите технологии, стандардите и поголемата конкурентност. Сакаме домашните компании да бидат посилни, помодерни и подобро подготвени за настап на европските и светските пазари“, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Првиот јавен повик, со вкупен буџет од 5 милиони денари, е наменет за зајакнување на соработката помеѓу деловните субјекти од преработувачката индустрија и универзитетите преку реализација на заеднички проекти. Преку оваа мерка се поддржуваат нови иницијативи во областа на истражувањето, развојот, иновациите, трансферот на знаење и технологии, интернационализацијата и паметната специјализација. Проектите може да опфаќаат и користење на универзитетски лаборатории за испитување и истражување, подобрување на технолошките процеси и производи, воведување на циркуларна економија, зелена и дигитална трансформација, стручни анализи, консултации и специјализирани обуки. Министерството обезбедува 70 проценти од докажаните трошоци, но најмногу до 500.000 денари по барател. Право на учество имаат деловни субјекти од преработувачката индустрија согласно НКД Рев. 2.1, кои имаат најмалку пет вработени на неопределено полно работно време пред објавувањето на јавниот повик. Вториот јавен повик е со вкупен буџет од 2 милиони денари и е наменет за надоместување на дел од трошоците на компаниите за набавка, имплементација и сертификација на хоризонтални и други стандарди, стандардизациски документи и извештаи потребни за развивање и примена на социјално прифатливи практики, интернационализација и поголема конкурентност. И по овој повик Министерството покрива 70 проценти од докажаните трошоци, но до 200.000 денари по барател. Поддршката опфаќа и изработка на извештаи поврзани со SA 8000, BSCI, SMETA, GOTS и STEP, како и извештаи за ESG – Environmental, Social and Governance стандарди и практики и извештаи согласно ESRS стандардот. Ќе се признаваат докажаните трошоци настанати во 2025 и 2026 година. „Со вториот повик сакаме да им помогнеме на компаниите да ги подигнат своите стандарди и да ги исполнат современите барања на пазарите. Денес конкурентноста не значи само да произведувате и да продавате, туку и да работите според стандарди кои отвораат можности за интернационализација и соработка со странски партнери. Затоа поддржуваме и сертификација, ESG и ESRS практики и други стандарди кои се важни за идниот развој на компаниите“, потенцираше Дурмиши. Апликациите по двата јавни повици можат да се достават најдоцна до 15 септември 2026 година, во затворен плик до Архивата на Министерството за економија и труд, ул. „Јуриј Гагарин“ бр. 15, Скопје, или по препорачана пошта. Потребните обрасци и дополнителни информации се достапни на веб-страницата на Министерството за економија и труд, а за дополнителни информации компаниите можат да се обратат на телефоните 02/3093-475 и 02/3093-403. Министерството за економија и трудТагови: Министерството за економија и труд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26
Вкупно 53 случаи на западнонилска треска, најмладата пациентка од Студеничани е отпуштена од болница15:00
Мицкоски: По повеќе од 20 години, започна изградбата на автопатот Скопје - Блаце, историски момент за државата12:56
Николоски: Градиме нов автопат, за подобро поврзување со Косово и Црна Гора, ја градиме Македонија12:26