Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги погазуваше новинарските слободи, СДСМ ја врати слободата и демократијата

СДСМ ги почитува европските принципи за слобода и демократија и затоа го поддржува развојот на медиумите и слободата на говорот и аргументираната критика, рече на прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Ја вративме слободата, демократијата и критичкото размислување

За само две и пол години заедно со граѓаните и новинарите успеавме да ги ослободиме медиумите од партиските влијанија и од 11 годишната узурпација од страна на режимот на ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе нема јавувања од политички функционери по уредници и нема нарачка на прилози и вести.

Партијата на Никола Груевски цела деценија корумпираше одредени медиуми со црни пари и со народни пари со кои купуваше рекламен простор во милионски износи. Со поткупот на медиумите ВМРО-ДПМНЕ стана и сопственик, и уредник и пропагандист во медиумите под нивна контрола.

ВМРО ДПМНЕ го зави во црно македонското новинарство за да му служи на режимот. Да се потсетиме дека новинари завршуваа во затвор за објавени информации, на големи медиуми ставија клуч затоа што ја критикуваа нивната ненародна и криминална политика, стотици новинари ги оставија на улица затоа што не му се приклонија на Груевски во узурпацијата на медиумите

Режимот на ВМРО-ДПМНЕ од медиумите направи партиски мегафони за да ги величаат неговите злодела и да го штитат при секоја криминална постапка или лошо спроведена политика.

Денес, се е исто во белиот дворец.

И тогаш и сега ВМРО-ДПМНЕ поткупува медиуми за да пласираат лажни вести. Тогаш за да го одржат режимот, а денес за да пишуваат против европските успеси на државата.

СДСМ ја актуелизира оваа тема затоа што неодамна се појави новинарско истражување во Словенија кое директно посочува четири медиуми во Скопје во кои се слеале 2,5 милиони евра со цел да се поткопува Преспанскиот договор и членството на Северна Македонија во НАТО.

СДСМ нема да престане со борбата за создавање професионална и независна медиумска сфера. За нас се приоритет демократските и европските вредности за јавна критика, дебата и слобода на изразување. Сето она што беше забрането во режимот, рече Кузеска.

Верстапен го израмни рекордот во Ф1 за последователни пол-позиции

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, повтори достигнување кое не беше постигнато повеќе од 30 години.

Холанѓанецот беше најбрз во денешните квалификации за Големата награда на Емилија-Ромања и го повтори рекордот на уште еден трикратен шампион во Формула 1, Аиртон Сена, освојувајќи осум пол-позиции по ред. Сена успеа да го стори тоа во 1988-1989 година.

Покрај тоа, Верстапен го повтори рекордот за последователни пол-позиции на почетокот на сезоната - во 1993 година, Ален Прост освои седум квалификации по ред.

Главната трка на патеката „Енцо и Дино Ферари“ ќе се вози утре со почеток во 15 часот. /МИА

Видео: Страшна глетка, невреме кај Градско

Страшно невреме вечерва во делови од Македонија, до нашата редакција пристигна видео од страшната глетка на автопатот кон Скопје веднаш после Градско.

На снимката може да се забележат поројни врнежи од дожд и повремени грмотевици.

Во голема полициска акција во Албанија запленет имот вреден над 4,5 милиони евра

Во голема полициска акција, во содејство со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), спроведена во повеќе градови во Албанија, запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.

- Пронајдени и одземени како материјални докази се 2.996.760 евра готовина; значителни количини злато и скап накит; часовници од скапи марки со приближна вредност од 500.000 евра; огнено оружје; прилагодени регистарски таблички; луксузни возила (од кои пет блиндирани возила во вредност од над 500.000 евра); системи за надзор со камера, покер маса и слично, објави Министерството за внатрешни работи.

Се додава дека во рамки на оваа мега-операција, биле погодени седум структурирани криминални групи со значителна моќ и географски опфат на нивните криминални активности во некои од поголемите градови во земјата, како што се Тирана, Драч, Валона, Лежа, Фуш Круја и Решен, а биле издадени 43 налози за апсење.

Уапсени се 20 лица, а по останатите, меѓу кои и поранешен пратеник и четворица високи полициски раководители се трага./МИА

притисни ентер