Кузеска: Владата предводена од СДСМ продолжува со помош и поддршка за домашната економија

Објавени се седум јавни повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор, како дел од Шестиот пакет економски мерки.

Владата предводена од СДСМ продолжува со помош и поддршка за домашната економија.

Објавени се седум јавни повици за финансиска поддршка за угостителскиот и туристичкиот сектор, како дел од Шестиот пакет економски мерки.

Јавните повици се однесуваат на туристичките агенции, туристичките водичи, естрадните уметници, компаниите организатори на настани, игротеките, приватните детски одморалишта, кабареа, ноќните и диско клубови и рестораните за свадби.

Со првите два повици се опфаќаат естрадни уметници и туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход понизок од 15.000 денари, а финансиската поддршка ќе биде во нето износ од 30.750 денари по лице.

Понатаму, за компании - оператори од индустријата за организација на настани, агенции кои организираат настани, за регистрирани игротеки и приватни детски одморалишта, за лиценцирани вршители на угостителска дејност кабаре, ноќен бар, дискоклуб и дискоклуб на отворен простор, за регистрирани и категоризирани ресторани за свадби и за лиценцирани туристички агенции, основа за пресметка на поддршката ќе се земаат просечните месечни приходи остварени во 2019 година, а висината на поддршката ќе изнесува 30% од просечниот месечен приход.

Дополнително, секој регистриран активен субјект ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 31.12.2020 година.

Шестиот пакет на мерки е во вредност од 17,8 милиони евра а со него ќе се поддржат 10.000 компании и над 60.000 граѓани.

Преку сите шест пакети Владата предводена од СДСМ реализира околу 100 различни мерки со кои се опфатени и поддржани субјектите и физичките лица погодени од пандемијата.

Сите антикризни мерки за поддршка на економијата во својот фокус ги имаат граѓаните и зачувување на нивните работни места, зајакнување на ликвидноста, но и поставување основи за рестарт на економијата и враќање на претходните стапки на економски раст.

Остануваме посветени на реализација на мерки и политики кои значат помош и поддршка на граѓаните и стопанството. Градиме стабилна, развојна економија што носи шанса за сите.

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, во понеделник на 6 мај Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Во понеделник во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

НАТО: Се интензивираат хибридните напади на Русија врз членките на Алијансата

Членките на НАТО се длабоко загрижени поради неодамнешните зголемени злонамерни хибридни напади на Русија на територијата на земјите од Алијансата, кои претставуваат безбедносна закана, соопшти денеска Алијансата.

Тоа, според соопштението објавено на веб-страницата на НАТО, вклучува напади кои резултираа со истрага и обвинение против повеќе лица во врска со непријателски активности кои ги засегаат Чешка, Естонија, Германија, Летонија, Литванија, Полска и Велика Британија.

НАТО го осуди однесувањето на Русија и ја повика да ги почитува нејзините меѓународни обврски, велејќи дека постапките на Москва нема да ги одвратат членките на Алијансата да продолжат да ја поддржуваат Украина.

Во соопштението се наведува дека овие инциденти се дел од „интензивната кампања на Русија која продолжува да ја спроведува на целата територија на земјите членки на НАТО“.

Се наведува дека овие инциденти вклучуваат саботажа, акти на насилство, кибер и електронско попречување, кампањи за дезинформација и други хибридни операции.

НАТО ја нагласува солидарноста со земјите-членки погодени од руските хибридни напади и истакнува дека ќе дејствува колективно за да ги реши таквите акции.

Се нагласува дека Алијансата ќе продолжи да се спротивставува на руските хибридни напади. /MИА

Папата Фрањо упати честитка до монсињор Стојанов по повод 25-годишниот бискупски јубилеј

25-годишен јубилеј од хиротонијата на Киро Стојанов.

Апостолскиот нунциј во земјава монсињор Лучано Суријани, придружуван од првиот советник во нунцијатурата монсињор Џорџо Кеца, вчера во бискупската резиденција на Водно лично му ја предаде честитката од папата Фрањо на бискупот скопски и епарх струмичко-скопски Киро Стојанов по повод неговиот 25-годишен јубилеј од хиротонијата.

- Наполнуваш дваесет и пет години од твојата епископска хиротонија. Ви го честитаме овој јубилеј и пастирската служба која грижливо ја извршуваше. Тоа всушност е служба на постојано проповедање на Евангелието и посветено толкување на христијанската вистина. Преку застапништво на Пресвета Богородица, која се вознесе на небо, Го молиме Господа за ведрина на духот и добро здравје. Исто така упатуваме благослов до Тебе и твоето стадо, со понизна молба да упатувате молитви, па така – зајакнати со верата, надежта и љубовта – посветено да ја извршуваме петровата служба, се наведува во честитката.

притисни ентер