Кузеска: Сања Божиновска создаде хаос во енергетиката кој го плаќаат граѓаните - Канал 5

Кузеска: Сања Божиновска создаде хаос во енергетиката кој го плаќаат граѓаните

По една година власт на ВМРО-ДПМНЕ и министерувањето на Сања Божиновска во новоформираното Министерство за енергетика, можеме јасно да заклучиме:  0 резултати, 0 реформи, 0 проекти.

Кузеска: Сања Божиновска создаде хаос во енергетиката кој го плаќаат граѓаните

Гледаме е целосен распад на енергетскиот систем, поради неспособноста на Божиновска.

ЕСМ како најголем производител на електрична енергија потфрли за цели 35% од планираното производство за 2025 година. Официјалното објаснување е дека планот бил „преамбициозен“, што само го потврдува погрешното управување со секторот.

За првпат во последниве 35 години, РЕК Битола не работеше повеќе од седум дена. Во истиот период, РЕК Осломеј од 8 јуни до денес не е вратен на мрежа.

Во рудникот Суводол се случи сериозна хаварија – лизгање на јаловинскиот систем, што го загрозува производството и безбедноста на работниците.

ТЕЦ Осломеј не се користи за производство, туку за партиски вработувања – на луѓе ставани на списоци преку социјални мрежи.

Енергетска зависност денеска е повисока од кога било досега.

Во првата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, Македонија увезе повеќе струја отколку во трите години претходно заедно.

Новото раководство на ЕСМ потроши 1 милијарда денари повеќе, а трошоците на претпријатието се зголемени за дополнителни 400 милиони денари.

Тоа значи поскапа струја која на крајот ја плаќаа граѓаните од својот џеб.

Во време кога хидроакумулациите треба да се на максимум, нивото на водостоите е на биолошки минимум, што директно го загрозува производството во зимските месеци – тогаш кога струјата е најскапа.

Од партиската програма „1198“, каде беа најавени нови капацитети и енергетски реформи, не е реализирано ништо. Граѓаните чекаат одговори, а добиваат само видеа и изјави за „посветеност“.

Помпезно најавената инвестиција од 500 милиони евра за ветерници заврши како ливада за пасење овци. Нема ниту проект, ниту почеток, ниту локација.

Програмите за енергетска ефикасност – укинати целосно за 2025 година. Во 2023 и 2024 година беа издвоени 325 милиони денари, сега – нула.

Додека министерката се слика по постројки и објавува промотивни видеа, граѓаните плаќаат поскапа струја, а системот се распаѓа.

Дали министерката има склучено договор за правни консултации со познат адвокат близок до ВМРО-ДПМНЕ? И која е неговата улога, советничка или посредничка?

Се поставува прашањето дали одредени соработки со адвокати укажуваат на постоење коруптивна мрежа во министерството која води директно до министерката?

Очекуваме одговори а за ова повеќе информации ќе изнесеме во следниот период.

Почитувани,

Министерката Сања Божиновска не е само најслабиот министер во Владата на Мицкоски. Таа е и симболот за енергетскиот хаос што го живеат и скапо го плаќаат граѓаните.

Со Божиновска и оваа власт, Македонија е понижена, осиромашена и без енергетска иднина.

YouTube video

Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: Дваесет новозасадени украсно-декоративни дрвја во „Паркот на борците“

По повод 11 Октомври – Денот на народното востание, а на барање на Сојузот на борците на Македонија, во паркот пред споменикот на борците од Првиот скопски партизански одред, во населбата Карпош 3, беа засадени 20 нови украсно-декоративни дрвја.&nbs

О. Карпош: Дваесет новозасадени украсно-декоративни дрвја во „Паркот на борците“

Засадени се 18 фотинии и 2 спирални туи, обезбедени со средства од буџетот на Општина Карпош.

Во засадувањето учествуваа градоначалникот Сотир Лукровски и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов.

Општина Карпош, преку годишната програма на Секторот за екологија и енергетска ефикасност, континуирано издвојува средства за набавка и засадување нови садници на претходно утврдени локации. Засадувањето во пролетните и есенските акции придонесува кон облагородување на јавните простори, унапредување на животната средина и зголемување на зелениот фонд на територијата на Општина Карпош.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје -Блаце

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Подгорица, Црна Гора, каде оствари средби со премиерот Милојко Спајиќ, вицепремиерот за европски и надоврешни работи, Филип Ивановиќ.

Николоски: Договорена нова авиолинија Подгорица-Скопје и поврзување на пристаништето Бар преку изгрaдба на автопатот Скопје -Блаце

Заменик претседателот на Владата, Александар Николоски е во работна посета на Подгорица, Црна Гора, каде оствари средби со премиерот Милојко Спајиќ, вицепремиерот за европски и надоврешни работи, Филип Ивановиќ, како и со министерот за транспорт, Радош Зечевиќ.

Во продолжение интегралната изјава на заменик претседателот на Владата, Александар Николоски:

“Денеска сме во официјална посета во Подгорица, на Црна Гора, каде што имаме богата и продуктивна агенда. Остваривме средби со премиерот Милојко Спајиќ, со вицепремиерот Филип Ивановиќ, како и со министерот за сообраќај, Зечевиќ.

Разговаравме за блиската соработка којашто ја имаат Македонија и Црна Гора. Македонија и Црна Гора се две пријателски држави коишто имаат добра, одлична соработка.

Разговаравме за поврзувањето. Веќе почнавме да го градиме автопатот Скопје – Блаце, кој што значи отворање на Македонија кон трето пристаниште – тоа е отворање кон пристаништето Бар, покрај пристаништето Солун кон кое што имаме и автопатска и железничка конекција и покрај пристаништето Драч, каде што во моментот градиме и автопатска и железничка конекција. Исто така, со изградбата на автопатот од Скопје до Блаце зборуваме и за поврзување со пристаништето Бар.

Исто така, зборувавме и за авионското поврзување и очекувам во многу кратко време да се потпише договор којшто ќе значи директен лет помеѓу Скопје и Подгорица, со што ќе имаме уште еден главен град со којшто сме поврзани. Тоа многу ќе помогне за развојот на туризмот, но исто така и за развојот на бизнисот и конекцијата помеѓу двете држави. Аеродромите и во Скопје и во Подгорица растат и ова е добар начин да продолжиме да соработуваме и да продолжат да растат двата аеродроми.

Исто така, зборувавме за заеднички настап пред европските фондови и пред европските банки во делот на финансирањето, пред сè во делот на интелигентни транспортни системи и поврзување на коридорите, а зборувавме и за соработката помеѓу двете држави во делот на политиката и економијата.

Сè на сè, една плодна средба од којашто се враќаме дома со нова авиолинија, како и со убава вест дека автопатот којшто го градиме Скопје – Блаце ќе значи поврзување и со пристаништето Бар” – изјави Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Скандал кој Јаневска и ВМРО го кријат: Деца однесени во Казино во Монте Карло за директорката да се коцка

Денеска објавуваме голем скандал во образованието кој очигледно некое време власта се обидува да го сокрие и да го заташка.

СДСМ: Скандал кој Јаневска и ВМРО го кријат: Деца однесени во Казино во Монте Карло за директорката да се коцка

Скандал кој Јаневска и ВМРО го кријат: Деца однесени во Казино во Монте Карло за директорката да се коцка

Денеска објавуваме голем скандал во образованието кој очигледно некое време власта се обидува да го сокрие и да го заташка.

Деца од училиште однесени во казино во Монте Карло!

За директорката и помошникот директор да се коцкаат.

Да, добро ме слушнавте. Имаме и видеа и фотографии.

Едното видео коешто ќе го објавиме е со заматени ликови, поради тоа што има малолетни деца. Но свиркачи ни го доставија и го имаме и оригиналното.

Брука! Казино образование на Јаневска и ВМРО.

Што покажуваат информациите, сликите видеата? За време на ученичка екскурзија во Монте Карло, директорката на Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, Жанета Сервини, и помошник-директорот Љупчо Здравковски, наместо со учениците - се коцкаат на слот машини во казино.

Во истото време малолетните ученици, за кои тие биле одговорни, ги чекале во холот.

Наместо да се грижат за безбедноста и едукацијата на учениците и да бидат пример за младите, раководители на училиште се коцкаат во казино. И децата ги носат во казино.

Каква едукација им дале првите луѓе на уличиштето - како се вртат слот машини?

На што ги учат децата ВМРО-ОКГ и нивните кадри? Да се коцкаат.

Ова е неморален случај и затоа бараме одговорност од прв до последен.

Ја повикуваме Јаневска итно да изврши надзор и да поведе постапка за одговорност и разрешување на сите инволвирани.

Одговорноста во образованието не е привилегија, туку обврска.

Прес-конференција на СДСМ , Јованче Манасков-претседател на комисија за образование и наука на СДСМ

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер