Кузеска: Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише Резолуцијата на СДСМ - Канал 5

Кузеска: Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише Резолуцијата на СДСМ

Со договорени мигранти за пари ДПМНЕ ја предаде Македонија, ја продаде за пари, за скапи кредит врз грбот на народот.

Кузеска: Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише Резолуцијата на СДСМ

Цела недела одбегнуваа да одговорат на нашите повици, одбегнуваа да ја потпишат Резолуцијата во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти. Наместо да застанат заедно со нас поднесоа контра Резолуција, се вели во соопштението од СДСМ од прес-конференцијата на портпаролката Богданка Кузеска.

Контра протести, контра Резолуција, лажни вести, закани со кривични пријави, исто како во време на Никола Груевски.

Со контра Резолуцијата ДПМНЕ–ЗНАМ го потврди она што СДСМ со денови го говори: постои договор „мигранти за пари“.

Државата е во тешка финансиска состојба, дупката моментално е 1 милијарда евра. Трезорот се затвора пред време, доцнат исплати за породилно, социјална помош, на ДДВ, нема пари за плати и пензии.

Но, парите не и требаат на власта за граѓаните, туку за пумпање пари преку наместени тендери и бизниси.

Сите ги видовме криминалните шеми, 161 тендер, 14,5 милиони евра само кај две фирми.

Затоа договараат мигранти за пари и скапи кредити што утре ќе ги враќаат младите и идните генерации.

Затоа во контра Резолуција нема ниту една јасна одредба што забранува носење мигранти од Британија за пари.

Има игра на зборови, мигрантите ги кријат зад термини како „економски работници“ или „нелегални мигранти“.

Ова е национално предавство. Владата на Христијан Мицкоски ја распродава иднината на Македонија.

Ние заедно со граѓаните ќе ставиме крај на овие предавнички и криминални политики на ДПМНЕ-ЗНАМ.

Крај на на предавството на Македонија.

Крај на корупцијата и криминалот.

Крај на тендерите за пумпање пари од граѓаните.

Крај на катастрофалните економски политики.

Крај на изолацијата!

Доаѓа вашиот крај. Тоа граѓаните ќе ви го испорачаат!

Борбата за Македонија почна и нема да застане. Сите ќе одговарате!

„Со контра Резолуцијата ДПМНЕ – ЗНАМ го потврдија она што СДСМ со денови го говори: постои договор мигранти за пари“, посочи Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, на денешната прес-конференција.

Таа потенцираше дека ДПМНЕ и ЗНАМ одбегнаа да ја потпишат Резолуцијата на СДСМ, во која експлицитно стои дека нема да се дозволи носење мигранти, и наместо тоа поднесоа контра Резолуција во која нема ниту една јасна одредба што го забранува тоа.

„Затоа во контра Резолуција нема ниту една јасна одредба што забранува носење мигранти од Британија за пари. Има игра на зборови, мигрантите ги кријат зад термини како 'економски работници' или 'нелегални мигранти', појасни Кузеска.

Крај на мигранти во Македонија може да има само со потпишување на Резолуцијата предложена од СДСМ и со јасна и недвосмислена забрана за каков било договор „мигранти за пари“.

СДСМ со граѓаните ќе стави крај на предавствата на ДПМНЕ-ЗНАМ, порача Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, нагласувајќи дека заедно ќе ги одбранат интересите на државата и ќе ги спречат криминалните и предавничките политики на актуелната власт со мигранти и корупциски тендери.

„Ние заедно со граѓаните ќе ставиме крај на овие предавнички и криминални политики на ДПМНЕ-ЗНАМ. Македонија мора да се ослободи од корупцијата и криминалот што ја закопуваат државата и иднината на граѓаните. Крај на предавството на Македонија. Крај на корупцијата и криминалот. Крај на тендерите за пумпање пари од граѓаните. Крај на катастрофалните економски политики. Крај на изолацијата!“, порача Кузеска.

Таа нагласи дека борбата за Македонија не застанува и одговорност мора да има.

„Доаѓа вашиот крај. Тоа граѓаните ќе ви го испорачаат! Борбата за Македонија почна и нема да застане. Сите ќе одговарате!“, потенцираше Кузеска.

YouTube video

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сидни Свини волонтира во нејзиниот роден град погоден од пожари

Актерката Сидни Свини волонтира во нејзиниот роден град Спокејн, Вашингтон, каде што пожарникарите сè уште се борат со големи пожари.

Сидни Свини волонтира во нејзиниот роден град погоден од пожари

Таа и нејзиното момче Скутер Браун помагаат во подготовката на оброци за евакуираните и пожарникарите. Свини потврди дека членовите на нејзиното семејство исто така се погодени од пожарите, објави TMZ.

Помагање на терен

Свини беше видена како купува намирници и организира помош со локални ресторани за да помогне во обезбедувањето храна и привремено засолниште за евакуираните. Актерката, исто така, наводно дала значителни донации на бројни организации за помош.

Порака на социјалните мрежи

Актерката се огласи на Инстаграм откако властите потврдија дека пожарот уништил повеќе од 4.200 хектари и оштетил најмалку 700 објекти. „Спокејн отсекогаш бил мој дом. Пораснав тука, моето семејство сè уште живее тука, а луѓето и местата што ме обликуваа се тука“, напиша таа.

Свини, која беше номинирана за Еми за нејзините улоги во „Белиот лотос“ и „Еуфорија“, додаде дека пожарите целосно ги промениле животите на многумина.

„Моето семејство е меѓу погодените“

Актерката потврди дека нејзините роднини се меѓу 65.000 луѓе на кои им е наредено да се евакуираат. „Илјадници семејства ги загубија своите домови, своите работни места, а моето семејство е меѓу нив“, рече таа. Таа предупреди дека заедницата никогаш не се соочила со уништување од ваков обем и дека Спокејн не добива исто медиумско внимание и помош како поголемите градови во слични ситуации.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Акциите на „SpaceX“ растат по големиот пад иако инсајдерите можат да почнат да продаваат

Акциите на „SpaceX“ пораснаа и покрај истекот на забраната за продажба што им овозможи на вработените и другите рани инвеститори да ги понудат своите акции на берзата за прв пат, пишува „AP“.

Акциите на „SpaceX“ растат по големиот пад иако инсајдерите можат да почнат да продаваат

Повеќе од 900 милиони акции станаа достапни за тргување, што речиси го дуплираше бројот на акции што може да се купат или продадат. Инвеститорите во претходните денови ја намалија цената, очекувајќи дека некои вработени и рани акционери ќе ја искористат можноста за продажба.

Акциите на „SpaceX“ пораснаа за 2,5 проценти денес до пладне, на околу 97 евра. Денот претходно, тие паднаа за речиси 14 проценти, што беше еден од најголемите дневни падови откако компанијата стана јавна. Износите беа конвертирани според референтната стапка на Европската централна банка.

Аналитичарот очекува речиси тројно зголемување

Аналитичарот на „Morgan Stanley“, Адам Џонас, верува дека истекот на забраната за продажба претставува можност за другите инвеститори да купат акции на „SpaceX“ по пониска цена.

Тој проценува дека нивната цена би можела да се искачи на околу 263 евра до средината на следната година, што е речиси три пати повеќе од сегашната вредност.

„Morgan Stanley“ беше меѓу инвестициските банки кои учествуваа во првичната јавна понуда на „SpaceX“ и наплатија надоместоци за зделката. Акциите на компанијата почнаа да се тргуваат на „Nasdaq“ на 12 јуни по почетна цена од околу 119 евра.

Приходите нагло растат, но „SpaceX“ сè уште работи со загуба

„SpaceX“ објави претходно оваа недела дека изгубил околу 475 милиони евра, или околу осум евроценти по акција, во кварталот што заврши на крајот на јуни. Загубата беше повеќе од половина од големината на прогнозите на аналитичарите.

Приходите се зголемија за повеќе од 90 проценти во споредба со истиот период минатата година, на околу 6,8 милијарди евра.

Во исто време, компанијата нагло ги зголеми инвестициите во истражување, развој и инфраструктура, особено во проекти поврзани со вештачка интелигенција. Големите капитални трошоци предизвикаа нервоза кај инвеститорите во технолошките компании во последните месеци.

Акциите накратко се тргуваа по речиси 198 евра

Елон Маск првпат понуди акции на „SpaceX“ на јавноста во јуни во најголемата почетна јавна понуда во историјата. Акцијата накратко достигна речиси 198 евра по излегувањето на берзата, привремено туркајќи го богатството на Маск над 1 трилион долари.

Цената оттогаш нагло падна и моментално е под почетниот максимум од околу 119 евра. Падот избриша стотици милијарди евра од пазарната вредност на компанијата.

Дополнителни акции постепено ќе бидат пуштени во тргување, додека акциите на Маск остануваат заклучени до јуни 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски за прв пат доаѓа во Србија

Украинанскиот претседател Володимир Зеленски треба да пристигне во Србија на 8 август на својата прва посета.

Зеленски за прв пат доаѓа во Србија

Оваа информација беше потврдена за Киев Индепендент од висок украински функционер, пишува Киев Индепендент.

Посетата се смета за симболично важна бидејќи Србија традиционално одржува блиски односи со Русија. Од почетокот на руската инвазија на Украина во 2022 година, Белград се обидува да ги балансира своите врски со Москва и односите со Западот.

Дипломатски односи

Русија историски е еден од клучните дипломатски сојузници на Србија, а земјата е исто така во голема мера зависна од рускиот природен гас. Српскиот претседател Александар Вучиќ присуствуваше на воената парада за Денот на победата во Москва минатата година, но оваа година не присуствуваше на церемонијата.

Во исто време, Вучиќ ја оствари својата прва официјална посета на Украина во јуни 2025 година и учествуваше на самитот Украина-Југоисточна Европа во Одеса. Тој повторно беше во Киев на 15 јули оваа година како дел од делегација на европски лидери по повод Денот на државноста на Украина.

Според некои извештаи, Србија индиректно ја снабдувала со оружје Украина, но Вучиќ јавно ги негираше овие тврдења во мај 2025 година.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер