МакедонијаКузеска: Дали Обвинителството се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во Обвинителството?Поминуваат месеци откако СДСМ достави пријави, документи, докази и информации за сериозни случаи на сомнежи за криминал, корупција, злоупотреби и загрозување на здравјето на граѓаните.А од Обвинителството – молк. Дали Обвинителството конечно се врати од екскурзија? Или во македонското обвинителство работи само Христијан Мицкоски? Затоа што кога Мицкоски ќе каже кого треба да гонат, обвинителите се будат. Кога Мицкоски ќе најави кој ќе биде обвинет, институциите веднаш се активираат. Но кога СДСМ доставува документи и пријави за функционери на власта – настанува тишина. 1.До каде е кривичната пријава за труењето со вода во Гостивар? Над 5.000 граѓани завршија во болници, цел град со недели беше отруен. СДСМ поднесе кривична пријава против министерот за здравство Сашко Клековски и раководни лица во здравствените институции. Биле ли повикани на распит? Кој ќе одговара? Зошто се молчи? 2.До каде се предметите за криминалните тендерите од 100 милиони евра? Антикорупцискиот тим на СДСМ досега објави случаи на криминални тендери вредни над 100 милиони евра, поднесе официјална пријави, кривични, документи и докази. Поминаа девет месеци од првата пријава. Нема ништо. Не се знае дали некој е повикан, дали се проверени доказите, кој е одговорен. Или предметите намерно се чуваат во фиока? Последниот скандал, со новите договори од 1,5 милиони евра во Министерството за дигитална трансформација. Колку милиони евра треба да бидат во прашање за институциите да се разбудат? 3.Кривичната пријава против Христијан Мицкоски експресно беше отфрлена. И тука се гледа двојниот аршин. Кога треба да се затвори предмет за Мицкоски – може брзо. Кога треба да се испитуваат тендери, функционери на власта и милиони евра народни пари – тогаш нема ништо со месеци. 4.Зошто никој не одговара за нападот врз младите во Ново Село? Млади луѓе беа физички нападнати само затоа што ја кажаа вистината за труењето со водата во Гостивар. СДСМ јавно ги посочи случајот и лицата и побара институциите да постапат. 5.До каде е кривична пријава против полициски службеници и Манасиевски за доверливи службени документи кои завршија во партискиот штаб на ВМРО. Што прави Обвинителството? Кој ги нападна младите? Кој дозволил службени документи да завршат во партиски штаб? Кој е повикан на распит? Или кога жртвите се млади активисти на СДСМ, законот не важи? Ова се конкретни случаи. Со имиња. Со документи. Со докази. За милионски суми народни пари. За нападнати млади луѓе. За загрозено здравје на илјадници граѓани. Се врати ли Обвинителот од екскурзија и ќе почне ли да ја работи својата работа или ќе чека насоки од Мицкоски по телефон или преку телевизија? Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска - портпаролка и членка на ИО на СДСМТагови: Богданка Кузеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПристигна првата реакција на милијардерот Маск по изборитеПо победите на демократите на изборите за Претставничкиот дом и Сенатот, се огласи милијардерот Илон Маск – најбогатиот човек во светот и еден од најголемите финансиски поддржувачи на републиканските кандидати. „Дата центрите во вселената во моментов изгледаат прилично привлечно“, напиша Маск на социјалната мрежа X. „Изгледа дека моите ласери во вселената, наменети за местење избори, овој пат не проработеа 🤷♂️“, додаде тој. За време на изборната кампања, Маск потроши стотици милиони долари за поддршка на републиканските кандидати за Конгресот. Неговата најзначајна инвестиција беше во една трка во Тексас, каде што републиканецот Кен Пакстон – кој ја имаше и поддршката од претседателот Доналд Трамп – загуби од демократскиот кандидат Џејмс Таларико. Изградбата на Дата центри стана значајно политичко прашање во Соединетите Држави. Сè поголемата побарувачка за компјутерска моќ, неопходна за развој на вештачката интелигенција, поттикнува изградба на огромни центри за податоци кои трошат огромни количества електрична енергија и вода. Како резултат на тоа, сè поголем број локални заедници во САД се спротивставуваат на нивната изградба, стравувајќи од зголемени трошоци за електрична енергија, преоптоварување на инфраструктурата и негативни влијанија врз животната средина. На овогодинешните избори, неколку кандидати од Демократската партија за гувернери – вклучително и оние во Тексас, Џорџија и Охајо – се заложија за ограничување или привремено стопирање на изградбата на нови центри за податоци. Маск, сепак, долго време ја промовира идејата тие да се преместат во вселената. Концептот подразбира сместување на компјутерските сервери, потребни за обработка на податоци и за функционирање на системите за вештачка интелигенција, на сателити што кружат околу Земјата, наместо во големи објекти на копно. Главната предност на еден ваков пристап би била можноста за искористување на речиси континуирана сончева енергија.Тагови: Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ФудбалБаерн го освои „Метрополитано“, Јунајтед со пресврт до триумф над РомаФудбалерите на германскиот велика, Баерн Минхен го совладаа Атлетико во Мадрид со резултат 2:0 (0:0) во дербито на првата вечер од 4. коло во Лигата на шампионите.Фудбалерите на германскиот велика, Баерн Минхен го совладаа Атлетико во Мадрид со резултат 2:0 (0:0) во дербито на првата вечер од 4. коло во Лигата на шампионите. Дербито во Мадрид на стадионот „Ванда Метрополитано“ во првото полувреме беше прилично израмнето, но и досаддно, додека во второто полувреме до израз дојде квалитетот на баварскиот великан. Победникот беше решен во средината на вториот дел кога Карл и Лајмер го совладаа Облак во 54 односно 74 минута за конечни Атлетико - Баерн 0-2. Манчестер јунајтед синоќа направи голем пресврт во Лигата на шампионите, со што практично ја спаси работата на Мајкл Керик. „Црвените ѓаволи“ губеа од Рома на „Олд Трафорд“ со 0:2, но успеаја да победат во второто полувреме. На полувремето, Керик успеа да го промени расположението во тимот, чии играчи поверуваа дека можат да го свртат текот на натпреварот. „На полувремето сакав да бидат попозитивни – во најмала рака, да не паѓаат во очај и да не бидат премногу фрустрирани. Кога постојано се обидувате да направите нешто, најлесно е да почнете да се сожалувате себеси. Ако нешто тргне наопаку, се разочарувате. Тоа никому нема да му помогне. Ако е така, тогаш сите можеме да си одиме дома. Мораме да продолжиме да бараме нова шанса, ново решение“, изјави Керик. Карик е задоволен по ваквиот исход. „Не сакам премногу да зборувам за момците, за тоа што може да направи ова место, за историјата и минатото, но сето тоа е тука. Ова место прави магични работи; ги правело и претходно, а ќе ги прави и во иднина, одново и одново. Има нешто посебно во ова место – кога имаме вакви вечери, успеваме на потешкиот начин. Но, еден момент може целосно да ја промени ситуацијата. Разговарав со момците за тоа; им реков: ’Ајде да создадеме еден момент што ќе го сврти текот на настаните‘ – и токму тоа се случи“, додаде Карик. Јунајтед има шест бода по четири кола и моментално се наоѓа на 17-тото место. Лига на шампиони, 4. коло вторник Галатасарај - Штутгарт 2:0 (2:0) Батраков 12, 15 Шахтјор - Спортинг 0:1 (0:0) Думбија 59 Атлетико Мадрид - Баерн 0:2 (0:1) Карл 54, Лајмер 74 Барселона - Астон Вила 3:0 (1:0) Џамал 7, Рафиња 52, 62 Бодо/Глимт - Лил 0:0 Феенорд - Интер 0:3 (0:2) Бисек 8, Еспосито 34, Зиелински 54 ЛАСК - Слован 4:0 (3:0) Молгард Јоргенсен 19, 37, Љубичиќ 44, Адениран 48 Манчестер Јунајтед - Рома 3:2 (0:2) Фернандес 58. стр, Куња 82, 86 - Суле 11, Мален 17. стр Виљареал - ПСЖ 0:6 (0:4) Невес 9, Дуе 12, Мајулу 13, Руиз 17, 50, Боли 78 среда 18.45 АЕК - Реал Мадрид Фенербахче - Ливерпул 21:00 Борусија Дортмунд - Бетис Објектив - Комо Порто - Наполи ПСВ - Клуб Бриж РБ Лајпциг - Манчестер Сити Славија Прага - Арсенал Викинг - СабахТагови: Баерн М. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОдреден притвор за сопственикот на „Алта банка“ Давор МацураДавор Мацура сопственикот на „Алта банка“ имал и двајца помагачи. Вишиот суд во Белград му одреди притвор во траење до 30 дена на одговорното лице во „Алта банка“, Давор Мацура, кој се сомничи дека од трезорот на банката изнел повеќе од 45 милијарди динари, со помош на уште две уапсени лица. На директорот на секторот за трезор и управување со готовина во „Алта банка“, Г. М., и на соработникот за трезорски операции во „Алта банка“, И. П., им е одреден притвор, соопшти денеска судот. Според Мацура, на Г. М. и И. П. им е одреден притвор за да не влијаат врз сведоците и за да се спречи повторување на кривичното дело во краток временски период, а исто така, според Мацура, мерката е одредена и поради опасност од бегство. Се сомнева дека Давор Мацура го сторил кривичното дело злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека другите се сомничат за истото кривично дело, извршено преку помагање. Како што претходно соопшти обвинителството, постои сомневање дека Мацура го сторил делото во претходниот период, заклучно со 31 октомври, пречекорувајќи ги границите на своите овластувања. Притоа, осомничените Г. М. и И. П. му помогнале создавајќи услови за извршување на кривичното дело – во својство на лица одговорни за непосредно ракување со вредности во трезорот на „Алта банка“ – со тоа што му предавале картички за влез во трезорот, или пак, користејќи ги сопствените картички и своето присуство, му овозможиле неовластен влез во трезорот „Депо“. На овој начин, како што се сомнева, Мацура извлекол пари од трезорот и се стекнал со незаконска имотна корист во износ од околу 45 милијарди динари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00