Крштевката ја изврши бразилскиот свештеник Тиаго Брунет, кој дошол во Минхен од Мајами, каде што живее, за да ги крсти Кутињо, неговата сопруга и куќната помошничка.
Кутињо се пресели од Ливерпул во Барселона во јануари со рекордна отштета од 140 милиони евра. Но, тој не се наметна во клуб каде е најскап фудбалер во историјата , па летово беше префрлен на едногодишна позајмица во Баерн.
Германскиот шампион му плати 8,5 милиони евра , а следното лето може да го откупи за 120 милиони евра.