Кутаноски на Медитеранските игри на плажа во Пескара - Канал 5

Кутаноски на Медитеранските игри на плажа во Пескара

Македонскиот репрезентативец Никола Кутаноски в недела ќе настапи на првите Медитерански игри на плажа кои се одржуваат во Пескара, Италија, информира Триатлон федерацијата на Македонија.

Кутаноски на Медитеранските игри на плажа во Пескара
- Нашиот триатлонец Кутаноски настапува во дисциплината акватлон која се состои од трчање 2.200 метри, пливање 1.000 метри и повторно пливање 2.200 метри, соопшти Триатлон федерацијата.

Настапот на Кутаноски во Пескара, се нагласува во соопштението, е во соработка и со целосна покриеност и поддршка од Македонскиот олимписки комитет. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Како да знаете дали психотерапијата делува?

 Пет јасни знаци дека постои напредок

Како да знаете дали психотерапијата делува?

За да се одлучите за психотерапијата потребно е длабоко преиспитување на сопствените слабости и вредности, соочување со болните искуства и трауми.

Целта на терапијата не е само ублажување на тегобите, туку и унапредување на односот со себе и луѓето од околината.

Не постои универзално правило за тоа колку време е потребно за да се видат првите резултати, секоја личност е различна, како и проблемите поради кои бара стручна помош, па напредокот се одвива со различно темпо.

Се чувствувате подобро во секојдневниот живот

Еден од најочигледните показатели дека терапијата делува е фактот дека се чувствувате подобро од ден на ден. Некогаш ваквата промена е воочлива, а некогаш доаѓа постепено. Може да забележите дека секојдневните обврски не ве оптоваруваат толку или дека проблемите што некогаш ви изгледале нерешливо, полека стануваат појасни. Внатрешниот критичар не е толку гласен, а светот околу вас почнува да ви изгледа попријатен.

Многу луѓе почнуваат да уживаат во работи што некогаш ги радувале, стануваат поприсутни во сегашниот момент, наместо стално да размислуваат за минатото и да се грижат за иднината.

Имате чувство дека терапевтот ве разбира и ве поддржува

Терапевтот не е пријател што секогаш ќе ви го кажува она што сакате да го чуете. Тој помага да ги согледате проблемите од друг агол и создава сигурна средина во која можете отворено да зборувате за своите чувства, ве поттикнува да се соочите со непријатни теми или да го промените начинот на размислување.

Согледувате обрасци на однесување за кои порано не сте биле свесни

Секој од нас има „жолта минута“, однесување кое може да биде штетно и непродуктивно, а за кое не сме свесни.

Кога ќе ги препознаете реакциите што не ви користат, се отвораат нови можности за здрави одлуки, се соочувате со сопствените слабости. Токму тогаш се доаѓа до момент на ненадеен увид, момент кога многу ситуации од минатото конечно добиваат смисла.

Односите со другите луѓе стануваат поквалитетни

Напредокот во психотерапијата се одразува на односите со партнерот, членовите на семејството, пријателите и колегите. Кога ќе почнеме да ги разбираме сопствените емоции, да учиме да се соочиме со стресот на поздрав начин, се менуваат нашите реакции кон другите луѓе.

Ова не значи дека односите ќе станат совршени, туку ќе забележите дека имате повеќе трпение, разбирање и емпатија. Полесно ги решавате несогласиците, појасно поставувате граници и помирно реагирате во конфликтни ситуации.

Постепено ги напуштате нездравите обрасци на соочување со проблемите

Не е секогаш потребно детално да се анализира секоја траума од детството, но важно е да се разбере како се појавиле одредени модели на однесување што сме ги развиле за да се заштитиме. Според психолозите, некои луѓе стануваат премногу гласни и импулсивни како одговор на стресот, додека други се повлекуваат, избегнуваат конфликти или постојано бараат одобрение од другите.

Со текот на времето, ваквите модели стануваат автоматски и несвесни и можат да продолжат во зрелоста, иако повеќе не ни служат.

Кога ќе почнете да ги препознавате и постепено да ги менувате, ова е еден од најважните индикатори дека психотерапијата функционира. Ослободувањето од долгогодишните нездрави модели бара време, но носи поголема независност, подобро ментално здравје и поголемо задоволство од животот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Александар Николоски во „Вести плус“

Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Александар Николоски

Александар Николоски во „Вести плус“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се рушат домови на Американци за да се изгради инфраструктура за центри за податоци

Американската сојузна држава Џорџија планира да изгради огромен далновод за напојување на центрите за податоци, што потенцијално ќе остави десетици семејства без дом

Се рушат домови на Американци за да се изгради инфраструктура за центри за податоци

Американската сојузна држава Џорџија планира да изгради огромен далновод за напојување на центрите за податоци, што потенцијално ќе остави десетици семејства без дом. Државната енергетска компанија „Џорџија Пауер“ со поддршка на државата планира да сруши околу триесет куќи и да преземе стотици парцели, а сопствениците кои одбиваат да ги продадат им се заканува одземање на домот, објавува „Futurism“.

Инфраструктура за центри за податоци

Проектот е одговор на растечките енергетски потреби на технолошката индустрија и доаѓа во време кога десетици градови низ САД се спротивставуваат на изградбата на центри за податоци поради нивната огромна потрошувачка. Планираниот далновод ќе биде долг 1.600 километри и ќе пренесува речиси 10.000 мегавати електрична енергија од новата електрана. Според официјалните бројки, дури 80 проценти од оваа енергија е наменета за центри за податоци, додека остатокот треба да се дистрибуира до локалните фирми и домаќинства.

„Џорџија Пауер“ нуди откуп на земјиштето, но ако преговорите не успеат, ќе се случи присилен откуп на имотот повикувајќи се јавен интерес. Жителите, претежно од руралните делови на Џорџија, се противат на планот да ги напуштат домовите за да се обезбеди простор за инфраструктурата што ќе ги напојува системите на вештачка интелигенција. Една од нив, Ансли Браун, чија семејна куќа е на патот на далноводите, таа се огласи на социјалните медиуми за да предупреди за тешката состојба на нејзината мајка. „Немаме избор тука. Ќе ги продолжат тие далноводи“, порачува таа преку видео на Инстаграм. „А зошто? Поради центрите за податоци. Сето ова се случува поради нив.“

Судбината на жителите е неизвесна

Портпаролот на Брајан Џек, локален конгресмен и поранешен политички директор во Белата куќа за време на мандатот на Доналд Трамп, за “Fortune“ потврди дека добиле бројни повици за помош од жители со чии имоти управува „Џорџија Пауер“. Округот на Џек вклучува голем дел од засегнатиот имот.

Во случајот со семејството на Ансли Браун, приказната се чини дека е завршена. „Џорџија Пауер“ ги заврши преговорите со семејството, иако деталите за спогодбата не се јавни, веројатно поради доверлив договор. Не е познато до кој степен претставникот интервенирал, но компанијата за електрична енергија соопшти дека го цени неговиот ангажман за интересот на граѓаните. За другите сопственици на куќи, иднината е неизвесна и останува отворено прашањето колку трпение ќе има „Џорџија Пауер“ додека технолошката индустрија бара сè повеќе ресурси за развој на вештачка интелигенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер