Курти: Предложив план за деескалација на ситуацијата во северно Косово - Канал 5

Курти: Предложив план за деескалација на ситуацијата во северно Косово

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека предлогот од пет точки за деескалација на ситуацијата на северот на Косово го доставил до високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.

Курти: Предложив план за деескалација на ситуацијата во северно Косово

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека предлогот од пет точки за деескалација на ситуацијата на северот на Косово го доставил до високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и до амбасадорите на земјите од големата петорка.

Курти изјави дека планот за деескалација на ситуацијата треба да започне со владеење на правото - првата точка од предлогот - „Криминалните групи мора веднаш да бидат идентификувани и кривично гонети“.

Втората точка предвидува итно повлекување на „насилните групи, нивно враќање во Србија и прекин на криминалните активности“.

Според предлогот на Владата на Косово, косовската полиција и КФОР или ЕУЛЕКС ќе вршат заеднички безбедносни проценки на секои 15 дена.

По тие точки Курти најави дека ќе се одржат вонредни избори за градоначалници во четири општини на северот на Косово.

Во петтата точка Курти порача дека Косово и Србија треба веднаш да се вратат на масата за дијалог за да се нормализираат односите и што поскоро да се одржи прва средба на највисоко ниво.

Курти: Рама нека му го претстави на Белград нацрт-статутот за Албанците од Прешево

Косовскиот премиер Албин Курти, во врска со Предлог-статутот на Заедницата на општините со српско мнозинство, што албанскиот премиер Еди Рама им го предаде на францускиот претседател и германскиот канцелар, денеска изјави дека тој документ може да му го претстави на Белград за потребите на Албанците од југот на Србија.

- Не се сомневам дека Еди Рама смета дека неговиот предлог нацрт е добар и затоа предлагам тој нацрт за Албанците во Медвеѓа, Бујановац и Прешево да му го претстави на претседателот на Србија на следниот состанок на Отворен Балкан. Значи, очигледно премиерот Рама смета дека овој модел е вистинскиот и треба да му го претстави овој предлог на Вучиќ, рече Курти на прес-конференција, пренесува Бета.

На прашањето за можна средба на највисоко ниво во рамките на дијалогот Косово-Србија, Курти рече дека сè уште не добил одговор од ЕУ на барањето средбата да се одржи што поскоро.

- Сè уште не сум добил одговор од Жозеп Борел и веруваме дека наскоро ќе одговори на моето барање за серија средби во Брисел. Како и секогаш, јас сум конструктивен и посветен бидејќи верувам дека без интензивирање на дијалогот не можеме да ги спроведеме договорите. Заинтересиран сум за тоа што е можно поскоро да се организира средба во Брисел, затоа и го поднесов барањето, рече Курти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев

Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт.

Манасиевски: Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев

Филипче во улога на бугарски амбасадор, договара ново предавство на Македонија во интерес на Румен Радев сметајќи дека така ќе дојде на власт.

Официјална Софија и Венко Филипче се на ист став, а тоа е дека за отворање на преговорите со ЕУ, потребни се да се стават Бугарите во Устав, па се друго.

Филипче им вели јасно на граѓаните, дека отворање на преговорите и поглавјата за ЕУ, не треба да бидат преку спроведување на реформите од Реформската агенда, ниту пак дека процесот треба да се води според Копенхашките критериуми, и како за секоја една држава, процесот треба да важи и за нас, но токму Венко Филипче е против ова.

Токму за Филипче и СДС, потребно е само да се направи нова отстапка или ново предавство на македонскиот идентитет, интегритет и достоинство, и само така удоволувајќи им на Бугарите ќе влеземе ние во ЕУ.

Како што се откажаа од Цар Самуил и светите браќа Кирил и Методиј, Филипче и СДС по стапките на Зоран Заев, ќе се откажат од се само за да удоволат на оние кои ги уценуваат, а тоа се токму бугарските политичари.

Само уценет и компромитиран човек како Филипче може да дозволи капитулација на сопствената држава.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанецот Раул Фернандез до првата пол-позиција во кариерата!

Мотоциклистот на „Тракхаус“, Раул Фернандез, ја освои првата пол-позиција во својата MotoGP кариера, откако беше најбрз на квалификациите за Големата награда на Индонезија на патеката „Мандалика“.

Шпанецот Раул Фернандез до првата пол-позиција во кариерата!

Шпанецот постигна време од 1:28,852 минути, а првиот стартен ред го комплетираа Марко Бецеки на „Априлија“ и Фабио ди Џанантонио.

Бецеки заостануваше само 0,109 секунди зад најбрзиот, додека Ди Џанантонио си подари убав роденденски подарок со освојувањето на третото место.

Марк Маркез го зазеде четвртото место, додека лидерот во шампионатот, Хорхе Мартин, ќе стартува од петтата позиција.

Фермин Алдегер, победникот на минатогодишната трка во Индонезија, ќе стартува од шестото место.

Првиот дел од квалификациите беше одбележан со бројни падови, но Аи Огура и Алдегер успеаја да се пласираат во финалната рунда. Посебно внимание привлече Топрак Разгатлиоглу, кој успеа да постигне конкурентен резултат помалку од еден час откако го измести десното рамо.

Првите девет возачи ги делеше разлика од само половина секунда, што најавува голема борба на патеката Мандалика.

Спринт-трката за Големата награда на Индонезија започнува во 15:00 часот по локално време, а Фернандес ќе се обиде својата прва пол-позиција во најсилната класа да ја претвори во победа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии

Царински службеници на граничен премин Богородица запленија седум млади змии, од кои четири питони и еден гуштер, откако истите во соработка со полициски службеници беа откриени при контрола на возило управувано од косовски државјанин. 

Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии

Со намера да нелегално да ги внесе во државава, сторителот, змиите претходно спакувани во кутии и марами ги скрил под седиштето. Главно станува збор за заштитени видови, два питони од видот „Carpet Spilota“, еден питон од видот „Short tailed“, еден питон од видот „Brandly Carpet“, една змија „Chinese Ring rat“, како и од „Raticulated Super Dwarf“. Воедно меѓу запленетите змии е и отровна змија „Baron sneake“.

Влекачите ќе бидат предадени на надлежните институции, а против сторителот од страна на Царинска управа е поведена соодветна постапка.

Потенцираме дека заштитените видови се строго регулирани со задолжителни дозволи согласно Конвенцијата за меѓународна трговија со загрозени видови на дива флора и фауна и секој внес без овие дозволи се смета за недозволен внес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер