Курти не ја прифаќа одлуката на Уставниот суд на Косово за декретот на Тачи - Канал 5

Курти не ја прифаќа одлуката на Уставниот суд на Косово за декретот на Тачи

Немавме големи надежи за одлуката на Уставниот суд, но оваа одлука е преку секоја имагинација на секое ниво (логичко и правно). Како неправедна таа е неприфатлива.

Курти не ја прифаќа одлуката на Уставниот суд на Косово за декретот на Тачи

Косовскиот премиер во оставка Албин Курти ја оцени како неприфатлива одлуката на Уставниот суд на Косово, со која му се призна правото на претседателот на државата да го додели премиерскиот мандат на друга партија освен на онаа која победила на парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во коментар на својата страница на Фејсбук, Курти вели дека одлуката е „преку секоја имагинација на секое ниво“ и најави дека за идните политички чекори на неговата партија, Движењето Самоопределување (ВВ), граѓаните ќе бидат известени во наредните денови. - Немавме големи надежи за одлуката на Уставниот суд, но оваа одлука е преку секоја имагинација на секое ниво (логичко и правно). Како неправедна таа е неприфатлива. За идните политички чекори ќе ги информираме граѓаните во наредните денови, напиша Курти. Според него, Судот наместо да го толкува Уставот, го оправдува дејствувањето на Тачи. - Може да се најдат малку или воопшто примери во демократскиот свет на случаи кога победникот на изборите и самата влада која е на должност се подготвени за избори, а тоа им се оневозможува од Уставниот суд и претседателот со повикување на фиктивно мнозинство во Собранието и со испревртување на изјавите и објективните причини како што е тешката состојба со пандемијата. Наместо да го толкува Уставот, Судот се чини имаше ваков став: бидејќи претседателот е во право, да се потрудиме да го оправдаме, пишува Курти.

Според него, во неколку случаи во синоќа објавената одлука Судот „наместо со толкување, се нафатил со пишување и допишување на Уставот“. Тој вели дека ќе биде извршена детална анализа од страна на неговите правни советници откако ќе ја добијат одлуката на Судот. - За жал, Уставниот суд застана на страната на тие кои ја имаат заробено државата. Тој прозборе за себе, попрво и повеќе одошто за прашањето кое го третира. Тој се запечати, се обезвредни себеси. Нашата битка продолжува, заедно со освестениот народ, против оваа корумпирана каста, порача Курти.

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по изгласувањето недоверба на кабинетот на Курти на 25 март и неколкуте неуспешни повици до ВВ да именува нов кандидат за премиер, мандатот му го додели на Авдулах Хоти, кандидат на второрангираната партија на изборите, Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК). Лидерот на ЛДК, Иса Мустафа денеска најави дека собраниската седница, на која ќе се гласа за предлогот на Хоти за состав на новата влада, ќе се одржи утре или в понеделник, на 1 јуни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.

Републиканците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов

Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец.

Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски.

Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива.

Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Денеска продолжува рочиштето  за предметот „Државна Лотарија“. Меѓу обвинетите се поранешниот прв вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, како и уште шест лица.

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“ каде обвинети се Артан Груби и Перпарим Бајрами

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања при набавка на видеолотариски терминали.

Според обвинението, со незаконско постапување на државната компанија ѝ била нанесена штета од околу 596 милиони денари, односно 9,7 милиони евра.

Сите обвинети досега се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.Бајрами на судењето се појави откако претходно беше во бегство, а притворот му беше заменет со гаранција во недвижен имот вредна над 1,1 милион евра.

На Груби кој исто така беше во бегство пред судењето, му беше укинат домашниот притвор, но останува без пасош и со други мерки на претпазливост.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Со изведување на докази на одбраната, која има најавено 240 сведоци, во судницата во затворот „Идризово“ при Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Со изведување докази на одбраната продолжува судењето за пожарот во „Пулс“

Судењето го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.

Процесот започна на 19 ноември минатата година, осум месеци по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК, во кој животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер