ВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад
Мицкоски: Целта е јасна: Да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот
1ВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад
2Мицкоски: Целта е јасна: Да бидеме земја во која трудот се почитува, знаењето се вреднува, а работата обезбедува достоинствен живот
БалканКурти и Мустафа в понеделник ќе потпишат коалициски договор за новата косовска влада Коалицискиот договор меѓу ,,Самоопределување” и Демократската алијанса на Косово (ДСК) ќе биде потпишан во понеделник на 2 декември.По денешната средба меѓу претседателот на ,,Самоопределување”, Албин Курти и Иса Мустафа од ДСК, беше објавено дека двете партии целосно ја координирале програмата на идната косовска влада, објави „Косова онлајн“. Движењето ,,Самоопределување” најави дека усогласувањето на владината програма помеѓу Самоопределување и ДСК е завршено. Беше објавено и дека одговорностите за управување ќе бидат споделени во наредните денови со „разјаснување на ставовите и барањата од обете страни“. „Денес Собранието на Косово се состана со претседателот на ,,Самоопределување”, Албин Курти и претседателот на ДСК, Иса Мустафа. Состанокот заврши со 100% усогласување на програмата за управување и договор за сите истакнати прашања“, се наведува во соопштението на ,,Самоопределување”. „Од двата различни модели за владин кабинет од дванаесетте министри што ги нудат работните тимови на нашите два субјекти, Курти и Мустафа се одлучија за првата верзија. Следниот чекор ќе биде изборот на одговорности во заедничкото управување, за што се разјаснети позициите и барањата. “, се вели во објавата на движењето ,,Самоопределување” на Фејсбук.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назадСДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски.РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА БОГДАНКА КУЗЕСКА Безобразието и навредите на СДС го достигнаа дното, веќе се зацементирани во талогот и нема назад СДС го изгуби компасот веќе не знаат каде тераат. Навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување кон јавноста, кон медиумите, кон ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски. Нам ни е јасно дека СДС се спремни да ги искористат сите нечовечки механизми за да пробаат да го нарушат угледот и честа на претседателот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Но, ова веќе ја прели чашата. Со кое лице Кузеска и СДС обвинуваат за некаков криминал, кога тие и нивниот врховен лидер Заев, аболициран криминалец со тапија, и неговиот другар Филипче, несуден криминалец затоа што го штитат судиите и обвинителите кои Заев со Ахмети ги бираше од нивните тефтери во Муртино и Зајас. Со кое лице Кузеска и СДС говорат за српски свет кога тие со Заев и Филипче се основоположници на српскиот, рускиот и кинескиот свет во Македонија. Ги носеа бизнисмените како Онишченко, Марковски и Дака да им вршат криминални услуги и да ги крадат парите од државниот Буџет. Лицемерие на највисоко ниво! Фирмите со нелегална марихуана блиски до Зоран и Вице Заеви, нека кажат како поминаа тони дрога од државата? Зошто беа пронајдени над 40 тони дрога токму кај фирмите блиски до Заеви? Нека кажат Филипче и Заев, како менуваа ДУП-ови во Дојран за нивните браќа да градат фотоволтаични централи? Еден криминалец со тапија, другиот криминалец без тапија! Менуваа кривичен законик за да не одговараат и да се ослободат од сите матни зделки што ги правеа. Истото што го правеше Вучиќ го правеа и тие! Му се поклонуваа, му се извинуваа и го величаа додека беа на власт, а сега преку 1000 прес-конференции нема да можат да се исперат. И додека слават победи на други партии во други држави, а нивните сестрински партии имаат незначителни резултати, СДС во Македонија е трета, четврта или петта партија. Наместо да си го гледаат сопствениот двор, и да стават прст на чело зошто рејтингот им стагнира, тие се занимаваат со глупости. П.С. Ќе победат ли и вечер на изборите во Израел? Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
РакометГРК Охрид и Алкалоид ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ купотБранителот на трофејот Охрид и победникот од пред две сезони Алкалоид денеска ги дознаа противниците во 3. коло од ЕХФ европскиот куп.Aктуелниот освојувач на ЕХФ европскиот куп Охрид за противник на денешната ждрепка во седиштето на ЕХФ во Виена, ја доби литванска Клаипеда. Победникот од пред две години, пак Алкалоид ќе има незгодна задача против словенечкиот Горење Велење. Првите натпревари од оваа рунда се закажани за 21. и 22. ноември, додека реваншите ќе се одиграат една недела подоцна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаПристигна „Одисеја“ генерирана од вештачка интелигенција: Погледнете ги првите 7 минути„Grok“ ги објави првите седум минути од својата верзија на „Одисеја“, создадена со помош на вештачка интелигенција.Три месеци откако Илон Маск најави дека „Grok“ ќе објави долгометражна, „историски точна“ филмска верзија на „Одисеја“, компанијата претстави седум минути материјал – кој сега се опишува како „прва епизода“ од нивната серија „Одисеја“. Маск претходно остро ја критикуваше верзијата на „Одисеја“ на Кристофер Нолан, приговарајќи за вклучувањето на актери кои не се белци, како и на трансродови актери. На многу начини, Нолан претставува совршена спротивност на Маск: Додека извршниот директор на „SpaceX“ и „Tesla“ креира голема врева околу податочни центри во вселената и постојано „исфрла“ содржини генерирани од вештачка интелигенција, Нолан се опишува себеси како „техно-скептик“, истакнувајќи дека, пред појавата на вештачката интелигенција, никогаш не наишол на технологија која е „толку целосно отфрлена од јавноста“. Иако „Одисеја“ на Нолан секако користеше многу визуелни ефекти, таа пред сè беше триумф на практичното филмско создавање – со продукција што се одвиваше во шест земји и вклучуваше актерска екипа и филмска екипа што брои илјадници луѓе. По премиерата во јули, филмот постигна извонреден успех на кино-благајните, при што билетите за проекциите во „IMAX“ беа распродадени со месеци однапред, а филмот се наметна и како сериозен кандидат за претстојните награди „Оскар“. Што се однесува до верзијата на „Одисеја“ од „Grok“ (создадена во соработка со „Wonder Studios“ и режисерот Дев Вокер), можете да ја погледнете овде: Watch Episode 1 of our Odyssey series made with Grok Imagine. Let us know in the comments if you'd like a full breakdown of how it was done! Creative collaboration with @WonderStudiosX and director Dev Walker @glumlot_ https://t.co/xpgpkqSCpq — Grok Imagine (@imagine) October 23, 2026 Тагови: Grok Одисеја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook