Курц ја поддржа Меркел за нејзинот противење да коалицира со крајната германска десница

Австрискиот канцелар Себастијан Курц изјави денеска дека ја поддржува германската канцеларка Ангела Меркел, во нејзиното одбивање да коалицира со  екстремно десничарската алијанса, иако го стори спротивното во претходната влада.

„Мислам дека постојат разлики помеѓу германската екстремно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) и австриската партија за слобода (ФПО)“, изјави конзервативниот лидер на конференцијата за безбедност во Минхен , оценувајќи ја германската како порадикална од австриската.

„Според тоа, мислам дека канцеларката и поранешен лидер на Христијанско демократската унија (ЦДУ) ја одбра вистинската насока и дека е оправдано што партијата јасно одлучила да не соработува со АфД“, објасни тој.

ЦДУ на Ангела Меркел доживува криза последниве денови откако нејзината членка во Тирин, заедно со АфД, учествуваше во изборот за нов шеф на државата.

Претседателката на Христијанско демократската унија (ЦДУ), Анегрит Крамп-Каренбауер ја објави својата оставка како претседател на партијата оваа недела и рече дека не сака да ја наследи Меркел по крајот на мандатот кон крајот на 2021 година.

Таа одлука ги измеша политичките карти во Германија пред парламентарните избори закажани за следната есен и предизвика гласини за можен предвремен крај на сегашната влада на германската канцеларка , пишуваат медиумите.

Курц изјави дека е можна владејачка коалиција на германските конзервативци и зелените во Германија, како во Австрија.

Во анкетите за доверба во моментов е прва партијата ЦДУ во Германија со околу 27 проценти од гласовите, пред Зелените со околу 22 проценти од гласовите.

Мицкоски ја известил меѓународната заедница и ОБСЕ за изборни нерегуларности од ДУИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека ја известил меѓународната заедница и претставници на ОБСЕ/ОДИХР за изборните нерегуларности на дел од гласачките места во првиот круг од претседателските избори.... 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, тврди дека имало полнење на гласачките кутии во првиот изборен круг од претседателските избори и дека зад тоа стои ДУИ. Вели дека за ова ја известил меѓународната заедница и претставниците на ОБСЕ/ОДИХР но и дека слични нерегуларности очекува и на 8 мај.

„Доставивме список на избирачки места, кадешто во определен врменски интервал гласањето е во просек помалку од една минута, што наведува дека таму имаме полнење на кутии и на тие избирачки места, чудно, но вистинито, фингер-принт апаратите не работеле во тој период

Генерално, станува збор за избирачки мета во скопски Сарај, Липково, Арачиново итн. Треба граѓаните да знаат дека ДУИ преку своите политики не ги освојува гласачите, туку таа буквално под притисок и со мерки и средства недозовлени за демокрaтијата ги добива гласовите.“

СДСМ пак очекуваат подобар изборен резултат во среда. За вицепремиерот и секретар за меѓународна соработка на партијата Бојан Маричиќ, е рано да се прогнозира колку пратеници ќе имаат социјалдемократите во следниот парламентарен состав. Веднаш по изборите, на Бихаќка ќе се анализираат резултатите и нивните последици, но без разлика кој ќе ја освои власта, вели Маричиќ, партијата ќе остане на своите позиции и принципи.

„Во среда, на 8 мај, очекуваме прво секако подобар резултат од првиот круг. СДСМ е силна партија, која има и процедури и демократски потенцијал да ги отвори сите дискусии и да ги анализира сите причини за резултатите, но и последиците по државата и по партијата.

Сето она што ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ планираат да го загрозат. Ние сме автентична партија, не сме дериват на ниту една друга политичка партија, ниту сме создадени да помогнеме на ВМРО-ДПМНЕ да дојде на власт, како што е случајот со ЗНАМ и Максим Димитриевски.“

Вториот круг од претседателските и праламентарните избори ќе се одржат на 8 мај, ден претходно, е изборен молк откако изборната кампања ќе заврши в понеделник на полноќ.

Сиљановска-Давкова на фестивалотХид Бах Шен Фест во с. Чалакли, Валандово

Проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на фестивалотХид Бах Шен Фест по повод прославата на празникот на турската заедница, Хидрелез во с. Чалакли, Валандово.

Во рамките на активностите во кампањата за вториот избор круг од претседателските избори, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова, присуствуваше на фестивалотХид Бах Шен Фест по повод прослава на празникот на турската заедница, Хидрелез во с. Чалакли, Валандово. Во прилог интегрален текст во кој професорката Гордана Сиљановска - Давкова ги сподели своите впечатоци:

На покана на турската заедница од Македонија, имав особена чест, заедно со амбасадорот на Република Турција во Република Македонија, н.е. г-динот Фатих Улусој, поранешниот претседател на Република Македонија, проф. д-р Ѓорге Иванов, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничка листа во ИЕ4, г-динот Александар Николоски и граданочалникот на Општина Валандово, г-динот Перо Костадниов, да присуствувам на фестивалот Хид Бах Шен Фест (Bahar Şenlikleri HID BAH ŞEN FEST) кој се одржува во селото Чалакли Валандово, а по повод празникот Хидрелез. Хидрелез е празник кој го слави турското население, а го означува почетокот на пролетта. Во една подлабока смисла, празникот Хидрелез одразува силна симболика на будењето на природата, а со тоа и на новиот циклус на обновување, не само на природата, туку и на животот.

Со задоволство ги проследив богатите церемонии, убавите танци и особено предизвикувачкото пеливанско борење, сето одраз на една богата културна традиција која се негува тука, во Македонија, Она што за нас Македонците е познато како Ѓурѓовден, турската заедница го препознава како Хидрелез. Па оттука, културната идентификација е потполно иста што претставува своевидна апотеоза на природната хармонија помеѓу македонскиот и турскиот народ на овие простори. Во знак на ваквото единство, важно е да се спомене дека на заедничка иницијатива на Република Македонија и Република Турција, празникот Хидрелез во 2017 година беше прогласен за културно наследство на човештвото и истиот е запишан на листата на нематеријалното културно наследство на УНЕСКО.

Ако зборуваме за европски и цивилизациски вредности, тогаш токму апотеозата на Хидрелез и Ѓурѓовден и нашето културно единство како Македонци и Турци, се вредностите кои Македонија може да ги понуди на Европа. Среќна сум што овој шаренолик мозаик, наречен Македонија е јадрото кое не обединува сите нас кон подобра и горда иднина!, се наведува во соопштението на тимот на Сиљановска- Давкова.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Денеска се одбележува и 121 година од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев... По тој повод, државни, партиски делегаци, како и граѓани, положија цвеќе пред гробот на Делчев во црквата „Свети Спас“... 

Македонија одбележува 121 година од смртта на македонскиот револуционер, идеолог и борец за слобода Гоце Делчев. И годинава на улицата „Самоилова“ која води до црквата „Свети Спас“ каде што се наоѓа неговото вечно почивалиште беа поставени барикади, забележливо беше засиленото полициско присуство, а движењето беше строго определено. Пред саркофагот на великанот Делчев се поклонија и положија цвеќе претседателот на државата Стево Пендаровски, делегации од Владата, Собранието, Армијата, претставници на дипломатскиот кор, политички партии и повеќе здруженија на граѓани. Откако оддадоа почит, дел од политичарите дадоа изјави за медиумите. Заменик претседателката на СДСМ Сања Лукаревска порача дека аманетот на Делчев е и за сегашните и идните генерации, а лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски посака национално и општествено обединување.

„Денеска оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев. Неговиот аманет е и за сегашните и за идните генерации. Делчев е симбол на единството и државотворноста, се борел за слободна и просперитетна држава. Ние сме тие коишто неговиот аманет ќе треба да го продолжиме во иднина“

„ Денеска се поклонуваме на ова место, за нас посебно, традиционално, на македонскиот великан Гоце Делчев со желба за национално обединување, општествено обединување. Нешто што ќе ни биде потребно после осми мај.“

Освен делегациите, почит на македонскиот херој Делчев му оддадоа и граѓани кои доаѓаа во црвката Свети Спас за да се поклонат пред гробот на учителот.

Иако беа присутни на одбележувањето, изјава за медиумите не дадоа претседателот Пендаровски и неговата противкандидатка Сиљановска Давкова, но на социјалните мрежи потсетија за идеалите на великанот. Пендаровски напиша дека Делчев за македонскиот народ претставува стожер врз кој денес ја градиме нашата државност и самобитност, а Сиљановска Давкова порача дека денот на смртта на Делчев не потсетува колкава е жртвата на нашите претци кои ги дале своите животи за ние да живееме во своја држава.

притисни ентер