Курц: Бранот мигранти да се сопре на грчко-македонската граница

Австрискиот министер за надворешни работи, Себастијан Курц, синоќа во Сараево ја почна 6-дневната турнеја на западен Балкан, во чии рамки ќе ја посети и Македонија.

Главна тема ќе биде бегалската криза, а целта на Австрија е да не чека на Грција, туку да пронајде решение со Македонија, бранот мигранти да се сопре на грчко-македонската граница, порача Курц пред посетатата.

Тој во наредните денови ќе ги посети и Белград, Подгорица, Тирана и Приштина, а во петок, турнејата ќе ја заокружи во Скопје, каде што според најавите, ќе се сретне со неговиот македонски колега, Никола Попоски.

Курц во изјава за српските медиуми изјави дека ја поддржува идејата на австрискиот министер за одбрана австриска војска да биде распоредена на грчката, македонската и српската граница.
притисни ентер