Купувачите веќе не се заинтересирани за лимузината „GS“, Лексус престанува со производство - Канал 5

Купувачите веќе не се заинтересирани за лимузината „GS“, Лексус престанува со производство

Јапонскиот произведувач после скоро три децении ја „праќа во пензија“ својата луксузна лимузина.

Купувачите веќе не се заинтересирани за лимузината „GS“, Лексус престанува со производство

Лексус одлучи да го заврши производството на моделот кој беше дел од понудата на овој бренд изминатите 27 години.

Како што наведуваат од јапонскиот произведувач, главна причина е намалениот интерес на купувачите за овој тип на лимузини, што доведе до тоа „GS“ во изминатите неколку години се послабо да се продава.

Така во 2019 во САД продадени се само 3.378 примероци од оваа луксузна лимузина. За споредба, во 2015 година на купувачите во САД им биле испорачани 23.117 Лексус „GS“,, за веќе во 2016 продажбата да падне на 14.878 примероци, додека следната година оваа бројка се спуштила под 10.000 продадени автомобили. Во одбрана на Лексус „GS“, треба да се каже дека овој модел се натпреваруваше во сегментот на премиум лимузини во кој владее исклучително силна конкуренција.

Меѓу најголемите ривали се Мерцедес „Е“ класа, БМВ Серија 5 и Ауди „А6“.

Лексус „GS“ во САД моментално се продава по цена од 51.065 долари, а крајот на производството на овој автомобил е планиран за летото 2020.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово

 Мицкоски по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица ќе го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово.

Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово

Денес претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица ќе го посети манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово.

Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиумите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристо Никовски во „Вести плус“

Почитувани, вечерва во Вести Плус ќе гостува Ристо Никовски.

Ристо Никовски во „Вести плус“

Поголеми шанси за проширување или поголеми пречки пред интеграцискиот старт, кои се новите правила за членство што ги подготвува ЕУ? Што може да очекуваме од заострената реторика со Софија? На кои „тројански коњи“ мисли Кос и како дел од членките да ги почитуваат европските вредности?

Каде е Македонија среде новите геополитички потреси?

Кој ги бара, а кој не е подготвен да оди на предвремени избори?

Дејан Трајкоски во Вести Плус, со Ристо Никовски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 28. август 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 28. август 2026 година. 

Дневен хороскоп за 28. август 2026 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска би можеле со непромислени постапки да ја изненадите , па дури и да ја повредите другата страна, па внимавајте како се однесувате.

Кариера

Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено.

Здравје и совет

Душевен немир што набргу ќе помине.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , ќе бидете доследни.

Кариера

Финансиските прашања ќе ви одземат голем дел од работното време. Ќе комбинирате она што никој до сега не успеал да го направи и тоа успешно.

Здравје и совет

Внимавајте да не се сплеткате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Нема да се збуните , доколку другата страна малку ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зацврстите врската.

Кариера

Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска во себе ќе размислувате за тоа.

Здравје и совет

Чувствителност на бубрезите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе ве заинтригира едбна секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал.

Кариера

Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате.

Здравје и совет

Постои можност за настинка.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би можеле едноставно премногу да се трудите околу личноста која ја сакате, а сето тоа би можело да биде закочено и неприродно. Опуштете се.

Кариера

Ќе биде затегнато на работното место , зашто ќе треба да решите еден проблем што доволно долго ве мачи.

Здравје и совет

Изразите го својот став и борете се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Уште сте подготвени за многу нова љубов , а не авантури , а во тоа денеска ќе ви помагаат пријателите. Оние во врска се одлично.

Кариера

Нема друго , туку да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Не сметајте на попусти , туку напротив , ќе се очекува многу од вас.

Здравје и совет

Одморете се во слободното време.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , но при тоа нема да ја запостават ниту кариерата. Ќе успеете сето тоа среќно да го споите.

Кариера

Денеска ќе бидете посветени на своите надредени , кои ќе покажат дека некои работи ги прават полошо од вас . Помогнете им.

Здравје и совет

Преоден стрес.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ако сте во отуѓена или во воинствена фаза со другата страна , денеска кон сите работи ќе им приоѓате лежерно , а ќе постои и одредена блискост.

Кариера

Се чини како другите денеска да водат главен збор , па на вас останува мудро да се прилагодите . Бидете трпеливи.

Здравје и совет

Радувајте му се на секој убав момент.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно со интензивни забави ќе се обидете да ги оттргнете грижите што ве задушуваат. Можно е излегување и луд провод без емотивно исполнување.

Кариера

Сега ви е веќе сосема јасно дека не го држите конците во своите раце, но тоа не ве загрижува толку колку прашањето до кога ова ќе трае.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате.

Кариера

Кога не би имало барања и деловни планови , секој би работел што сака , но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате.

Здравје и совет

Прошетајте се на воздух.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Не е потребно да ви се даваат дополнителни информации , бидејќи самите разбирате во која насока треба да делувате за да се подобри односот. Следете ја интуицијата.

Кариера

Можно е надредениот да ви се довери и да го покаже неговото ранливо лице. Вие сте како карпа на која сите може да се потпрат.

Здравје и совет

Издржете.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно денеска ќе бидете сентиментална душа , подложна на чувствителност и ранливост.

Кариера

Во своите деловни комуникации ќе покажете ретко видена сериозност. Некои од соработниците дури и ќе се плашат од вас.

Здравје и совет

Преодна психичка нестабилност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер