Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло
2Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло
3Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
ЖивотКупувачи нападнаа жена во маркет и ја исфрлија надвор, зашто не носи маска (ВИДЕО)Видео на разлутени граѓани на Њујорк како исфрлаат жена од маркет , која не носи маска, се рашири на социјалните мрежи.На снимката од 21 секунда , погледната неколку милиони пати се прикажани петмина клиенти кои напаѓаат жена која не носи маска во продавница, иако е утврдено дека сите мора да ги носат на јавни места. „Исфрлете ја од тука“, вика една жена, која, фрустрирана од ситуацијата, само ги крева рацете. На крајот, таа се откажа од борба и излезе од продавницата, а некои тргнаа по неа за да се уверат дека навистина излегла. Видеото е објавено на Твитер на 24 мај од Мекаули Холмс, а тој рекол дека не е автор на видеото, туку го пронашол на Редит. На социјалните мрежи се разви движење на срам за секој што не носи маски на јавни места. Од сите граѓани на Њујорк се бара да ги покријат носот и устата во продавниците и на други места каде што не е можно одржување дистанца.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
МакедонијаСДСМ: Арамијата нема излез, Фон дер Лајен му ги зеде лагите, сега разгорува тензија пред средбатаПретседателката на Европската комисијата ja кажа вистината во лице. Македонскиоот идентитетот е заштитен. Јазикот е заштитен. На маса се реформите, европското обвинителство и промена на Уставот. Нема нови услови. Нема нова преговарачка рамка, нема гаранции. Нема ниту поништување на Преспанскиот договор, ниту враќање на името како што ветуваше Мицкоски. Лагите со кои дојде на власт паднаа во воа. Кога нема нова лага што сега ќе може да ја продава како магла, арамијата се обидува повторно да разгорува. Пред заминувањето на Тимчо Муцунски на средба следната недела, Мицкоски зборува за капитулација на фашистичка Бугарија и за окупација на територијата на денешна Македонија во Втората светска војна. Не зборува за решение. Зборува за да не може ниту да се седне на масата. Сам вели: разговараме, не преговараме. Точно. Не преговара затоа што не бара исход. Бара конфликт што трае. Со Грција така. Со Бугарија така. Од кампањата до денес. Така не се оди ни кај сосед, а камоли во преговори за врата кон Унијата. Така не се доаѓа до решение. Пример што секој го разбира. Не го каниш соседот ако не сакаш да го пречекаш. Потоа да се чудите што масата останала празна. Тоа не е дипломатија. Тоа е изговор да не се влезе. СДСМ не спори со историјата. Историјата ја решаваат историчари. За државата тука се институциите, тие треба да обезбедат напредок. Арамијата ја користи првата за да ја запре втората. Затоа што ЕУ носи правила, а правилата не му одговараат на шефот на бандата. Средбата следната недела веќе е поткопана. Од Мицкоски. Од човек што, штом ќе остане без лага, разгорува тензија. Скопје, 06.10.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСообраќајот на граничниот премин „Рача“ во Република Српска сè уште е во прекин: по гаснењето на пожарот, од камионот истекло масло Сообраќајот на граничниот премин „Рача“ е во прекин поради истекување на масло по гаснењето на запалено товарно возило, соопшти Авто-мото сојузот на Република Српска.Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина (УИО) синоќа соопшти дека сообраќајот сè уште е во прекин на меѓународниот граничен премин Рача-Сремска Рача, откако во вечерните часови избувна пожар на камион со регистарски таблички од БиХ, додека се наоѓал на мостот меѓу Босна и Херцеговина и Србија. Камионот се запалил среде мостот откако претходно го напуштил царинскиот терминал на Управата. Во приколката се превезувал товар од алуминиумски скали наменети за извоз од Босна и Херцеговина во Романија. Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина ги повика возачите на камиони, како и останатите учесници во сообраќајот, да користат други алтернативни меѓународни гранични премини за да избегнат подолги задржувања. Противпожарните служби брзо интервенираа и го изгаснаа пожарот на камионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСедлоски: Не дојдовме во Швајцарија само да одиграме натпреварМакедонската репрезентација вечерва ја очекува нов дуел со Швајцарија, десет дена по натпреварот во Скопје. Селекторот Гоце Седлоски очекува реакција од тимот и подобра игра во однос на првиот меѓусебен дуел.„Знаеме каква репрезентација е Швајцарија и со какви играчи располага. Мора да ги надминеме грешките од првиот меч. На терен ќе излеземе да докажеме дека знаеме да ги отстраниме проблемите кои ги имавме, со колективна игра и еден за друг. Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто. Сакаме добар натпревар и да се израдуваме по поразите кои ги имавме“, изјави Седлоски. Селекторот потврди дека здравствениот билтен е добар и дека сите фудбалери се подготвени за натпреварот, а најави и промени во составот поради густиот распоред и четирите натпревари во период од 12 дена. „Сите играчи кои се повикани ќе добијат шанса. Ќе има свежи играчи и некои промени, затоа што не може да се издржи таков период. Од секој играч сакам подобро. Имаме и млади момци кои се примени добро од постарите и од меч во меч мора да бидеме подобри“, додаде Седлоски. Селекторот истакна и дека критиките треба да бидат насочени кон него, а фудбалерите во овој момент да ја имаат потребната поддршка. Висар Муслиу очекува од македонската репрезентација максимална тимска ангажираност против еден од најквалитетните противници во групата. „Швајцарија не е само офанзивно силна репрезентација, имаат квалитет од голман до шпиц. Не може да говориме само за одбрана, затоа што ќе ни биде потребна тимска игра од напаѓач па до голман. Сите мора да учествуваме дефанзивно ако сакаме да бидеме успешни“, вели Муслиу. Дефанзивецот признава дека резултатите во овој циклус не се онакви какви што очекува јавноста, но нагласува дека тимот мора да покаже реакција. „Се наоѓаме во тешка ситуација, нема резултати, а сите ги очекуваа затоа што го навикнавме народот со добрите резултати. Мора да ставиме прст на глава, да видиме што правиме и како се однесуваме кон дресот. Лигата Б е поквалитетна и тимски и индивидуално, но мора нешто да покажеме. Не смее само противникот да се прашува.“ Муслиу упати и апел за поддршка од навивачите, особено во период кога резултатите не се на посакуваното ниво. „Ние сме луѓе, имаме емоции. Кога оди добро, никој ништо не кажува, но кога има толку навреди кон некого, не е убаво. Сега ни е најмногу потребна поддршката. Не е исто за нас што немаме победа и гол, но мора да гледаме напред. Чекаме поддршка на секој меч и сакаме секој да верува во нас. Како што имавме добри резултати порано, можеме и на наредните натпревари да бидеме подобри.“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook