Купил нов Мустанг и издржал само три дена пред целосно уништување (ВИДЕО)

Има некоја тајна врска меѓу Форд Мустангот и возачите склони кон опасно возење.

Во последниве години, Мустангот е веројатно најчестиот учесник во бизарни несреќи во кои нивните сопственици ги преценуваат своите способности. И скоро секогаш има камери што ги снимаат ваквите случаи.

Најновиот пример не е исклучок. Тој доаѓа од Канада каде еден млад љубител на брзините уживал во својот нов Мустанг цели три дена. Му требало точно толку долго за да заврши во канал во обид да дрифта на дожд. Автомобилот и неговиот сопственик ги завршија своите кариери уште пред да започнат.

Но, навистина има нешто во приказната за тоа што предизвикува Мустанг, а тоа е покажано со уште еден пример. Тука Мустангот веќе успеал да слета, а потоа, благодарение на несмасниот  утовар, повторно слетал од патот. Овој вториот случај дефинитивно го доуништил болидот.

притисни ентер