Куп на Македонија во карате, каратистите на Макпетрол најуспешни - Канал 5

Куп на Македонија во карате, каратистите на Макпетрол најуспешни

Каратистите на Макпетрол се најуспешните натпреварувачи на Купот на Македонија во младинска конкуренција.

Куп на Македонија во карате, каратистите на Макпетрол најуспешни

Купот на Македонија за кадети, јуниори и У-21 чии домаќин викеднов беше Охрид беше изборен натпревар за составување на репрезентацијата за настап на Светското првенство во Коња, Турција, од 26 до 30 октомври. Третопласираните каратисти на Купот на Македонија се изборија за учество на Балканското првенство во Црна Гора во истиот месец.

По бројот на медали Макпетрол е најуспешен со 7 медали од кои 6 златни и 1 срберен, следи Олимпик спорт 8 (5-1-2), Штип 8 (4-1-3) итн.

На Купот учествуваа 51 клуб со 210 каратисти, односно со 225 натпрвареварувачки позиции.

Резултати Куп на Македонија:

Јуниори

ката жени

1.Анастасија Минговска – Ускана

2.Андреа Алексова – Гладијатор

3.Елеонора Ковилоска – Бонсаи

3.Драгана Андриеска – Полог

Ката мажи

1.Марио Димчевски – Вардар

2.Андреј Пешков – Фунакоши Гичин

3.Марко Поптодоров – Гладијатор

3.Андреј Стојановски – Фунакоши Гичин

Борби жени

-48 кг

1.Сара Дука – Уранику

2.Тамара Стојановска – Чоле

3.Ана Иливеска – Ронин доџо

3.Наталија Карова – Кочани

-53 кг

1.Михаела Мишовска – Олимпик спорт

2.Гента Села – Уранику

3.Ива Пецевска – Олимпик спорт

-59 кг

1.Јована Мицовска – Макпетрол

2.Арта Буши – Кеикс

3.Марија Бунтевска – Олимпик спорт

3.Мелани Арсова – ЈКШ Центар Самурај

+59 кг

1.Мила Панчева – Штип

2.Ера Коџа – Уранику

3.Греса Мустафаи – Ерол 2007

3.Едрона Зибери – Фати

Мажи

-55 кг

1.Недим Шаќири – Ринија

2.Бесрат Мемети – Башкими 2002

3.Сеид Азизи – Форца

3.Марио Димчевски – Вардар

-61 кг

1.Матеј Белистојаноски – Олимпик спорт

2.Реџеп Рушити – Куштрими

3.Дрин Лимани – Шкендија

-68 кг

1.Љупче Михајлов – Штип

2.Или Билали – Башкими 2002

3.Вукашин Јовановиќ – Шампион

3.Блертон Сулејмани – Шкенндија

-76 кг

1.Андреј Ангеловски – Олимпик спорт

2.Димитар Лозановски – Макпетрол

3.Јован Арсов – Македонка

3.Виктор Спасов – Штип

+76 кг

1.Данило Божовиќ – Макпетрол

2.Хамза Зулали – Дрини

3.Дарим Демир – Вардар

3.Андреј Басаров – Штип

Кадети

Ката жени

1.Данка Стојкова – Сансаи метал Апостолов

2.Јелда Имери – Форца

3.Ева Мирчевска – Професионал

3.Дурата Мемети – Форца

Ката мажи

1.Нуредин Дервиши – Ускана

2.Амар Хаљими – Форца

3.Зоран Смилевски – Маквадо

3.Марко Димовски – Гладијатор

Борби

-47 кг

1.Катја Апостоловска – Тигар 2003

2.Ема Ристеска – Кизаме

3.Ана Љубевска – Маваши

3.Јона Костоска – Чоле

-54 кг

1.Драгана Ефтимовска – Штип

2.Дурата Мемети – Форца

3.Раимка Јускоска – Ерол 2007

3.Илијана Серафимова – Кизаме

+54 кг

1.Јанина Дардишта – Форца

2.Мируша Речи – Форца

3.Леона Ширкова – Ботони

3.Амина Абдураими -Асиарт

Мажи

-52 кг

1.Адријан Зекири – Маваши

2.Азис Рамадани – Уранику

3.Алдин Абази – Фати

3.Давид Почевски – Кеикс

-57 кг

1.Андреј Стојчевски – Кизаме

2.Хасан Чорески – Гладијатор

3.Арбин Бучи – Елди кан

3.Антнио Калимановски – Металург

-63 кг

1.Филип Стојанов – Партизан Кочани

2.Фесник Шаќири – Матејче

3.Адријан Симоновски – Шампион

3.Јани Постолов – Самурај

-70 кг

1.Марко Филиповски – Автокоманда

2.Сеид Ибраими – Куштрими

3.Давор Пановски – Гладијатор

3.Филип Наумовски – Металург

+70 кг

1.Лука Бацковиќ – Гладијатор

2.Незир Неизри – Башкими 2002

3.Лука Јакимовски – Самурај

3.Јон Дардишта

Кадети-јуниори ката екипно жени

1.Форца

2.Ѓорче Петров

3.Јошитака

3.Заншин до

Мажи

1.Фунакоши Гичин

2.Форца

У-21

Кати жени

1.Мартина Арсовска – Гладијатор

2.Каролина Јанчовска – Фунакоши Гичин

3.Теа Гашева – Гладијатор

3.Јована Манчевска – Фунакоши Гичин

Мажи

1.Кристијан Бајовски – Фунакоши Гичин

2.Марко Бунтески – Гладијатор

3.Стефан Стојановски – Гладијатор

3.Давид Спасовски – Фунакоши Гичин

Борби

-55 кг

1.Марија Петровска- Макпетрол

2.Марија Милевска – Олимпик спорт

3.Шкурта Елези – Шкупи

3.Рудина Алиу – Цветан Димов

-61 кг

1.Виктрорија Јовановска – Макпетрол

2.Лорјана Рамо – Дрини

3.Берна Беќири – Форца

3.Мартина Шахинова – Партизан-Кочани

-68 кг

1.Јусра Адеми – Кеикс

2.Симона Николовска – Ботони

+68 кг

1.Зана Џеладини – Дрини

2.Мелиха Омеровиќ – Вардар

Мажи

-60 кг

1.Бојан Костов – Олмпик спорт

2.Даниел Караманов – Гладијатор

-67 кг

1.Григор Хаџи-Кимов – Штип

2.Дритон Халими – Фати

3.Омер Муслији – Ринија

3.Илир Бајрами – Башкими 2002

-75 кг

1.Марио Свинарски – Олимпик спорт

2.Дарко Гелевски – Ботони

3.Ѓоргија Јовевски – Бонсаи

-84 кг

1.Витомир Трајковски – Макпетрол

2.Бобан Џамѓозов – Штип

3.Симон Петрески – Чоле

3.Мухамед Селими – Фати

+84кг

1.Стефан Стојановиќ – Макпетрол

2.Бериз Куратновиќ – Кеикс

3.Цане Давитков – Штип

3.Јасин Османи – Кеикс

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените дури два месеца!

Ѕвездата на Минесота Тимбервулвс, Ентони Едвардс, ќе мора да се подложи на операција на десното колено, поради што би можел да биде надвор од терените и до два месеца, пренесува ESPN.

Видео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените  дури два месеца!

И покрај проблемите со коленото, Едвардс одигра одличен натпревар против Кливленд, постигнувајќи 47 поени во поразот на неговиот тим по продолжение (127:125).

Американскиот бек ја започна сезоната во извонредна форма, со просек од 33,3 поени, 4,8 скока и 3,5 асистенции на првите четири натпревари.

YouTube video

Долгата пауза би можела да ги загрози неговите шанси за признанието МВП и за избор во идеалната петорка на НБА, за што е неопходно да се одиграат најмалку 65 натпревари. Едвардс и минатата сезона имаше проблеми со колената, поради што пропушти 21 натпревар.

Неговото отсуство сега претставува голем удар за амбициите на Минесота во новата сезона.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна

Наставничка од Дизбург, Германија, е под истрага на јавното обвинителство поради сомневање за измама, откако поминала речиси 17 години на непрекинато боледување, притоа примајќи целосна плата, пренесува *Welt*.

Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна

Надлежното јавно обвинителство покрена постапка против неа откако било откриено дека, како државен службеник, таа речиси 17 години примала целосна плата, а во текот на целиот тој период не одржала ниту еден час настава.

Како последица на тоа, регионалните власти наредија нејзино принудно пензионирање. Сепак, наставничката ја оспорува оваа одлука и поднесе тужба до Управниот суд во Дизелдорф.

Нејзината цел е да продолжи да ја прима својата целосна плата (како да е активна во службата), наместо стандардна пензија – која, во нејзиниот случај, би изнесувала приближно 4.000 евра месечно. Обвинителството бара затворска казна, како и враќање на 248.000 евра, за кои постои сомневање дека биле противправно присвоени.

Нејзините деловни активности ја прават состојбата на наставничката уште посложена .

Имено, иако официјално била прогласена за целосно неспособна за работа, таа активно развивала козметички производи – за што дури добила и претприемачка награда. Овој случај исто така привлече значително внимание во јавноста поради пошироката ситуација во Дизбург.

Градот со години се соочува со сериозен недостиг на наставен кадар во своите 128 училишта, кои опслужуваат околу 70.000 ученици. За да привлечат нови наставници, локалните власти покренаа посебни кампањи кои вклучуваат воведни обиколки на градот и стимулации, како што е привремено сместување без плаќање кирија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски

Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски, а финалето треба да биде политичкото пензионирање на Филипче.

ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски

Промените кои сега ги гледаме во европските држави, пред пет години почнаа токму од Македонија. Прво со падот и заминувањето од власт на Зоран Заев и Венко Филипче како негов министер и најблизок соработник.

Потоа, пред две години, со нокаутот на СДС на парламентарните избори и падот на наследникот на Заев, Димитар Ковачевски, конечно, дојдоа промените и Македонија се ослободи од криминалната и предавничка власт.

Народот доби надеж дека работите можат да бидат подобри и на избори избра достоинство, иднина, подобро утре и чесна работа.

Затоа несфатлив е феноменот кој владее кај СДС по изборите во соседна Србија. Живеат во илузија и се уверени дека 1000 пати повторена лага или измислена приказна, ќе стане вистина.

Го слават поразот на Александар Вучиќ, како тие да победиле на избори и како до вчера да не беа добри пријатели. Тие можеби сакаат да заборават и, веројатно мислат дека и народот има кратка меморија, па влегуваат во такви приказни, како едноставно кај нив Фројд да работи.

И ние и граѓаните добро се сеќаваме како до пред некоја година кога Филипче и Заев беа власт, како го величаа и му се поклонуваа на Вучиќ, додека на граница им донираше ковид вакцини, затоа што нашите сакаа да ги украдат.

Народот добро памети како до пред само некоја година, Заев и Филипче го шетаа Вучиќ по македонските винарии, му подаруваа македонски дресови и му се извинуваа ако во Македонија за него се кажело некаков лош збор.

Додека, пак, негови блиски луѓе како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, едниот близок соработник, а другиот кум на Вучиќ, веднаш по доаѓањето на СДС на власт, лично од Заев беа вдомени како советници во неговата влада.

Наместо да се занимаваат и слават победа на избори на партија во друга држава, пожелно би било СДС и Венко Филипче да си го средат сопствениот двор, и ако веќе мислат дека се подготвени и само што не победиле, нека повелат и нека побараат избори.

А, СДС и Филипче како ѓавол од темјан да бегаат од нив, заборавајќи дека во демократска Македонија на власт се доаѓа со победа на избори.

И кога веќе СДС и Филипче прашуваат кој е следен, одговорот е едноставен. Следен е Венко, затоа што тој е од истата, стара и криминална структура на СДС, на кого му тежат 20% провизија од анексот за зголемувањето на цената за модуларните болници, жртвите од модуларната во Тетово, Стабри вакцините, златната виза, бизнисите и станот во Дубаи, акциите во индиската авиокомпанија и многу други.

Едноставно кажано, со падот на Заев пред пет години почнаа промените во Македонија, продолжија со изборниот дебакл на СДС и заминувањето на Ковачевски, а финалето треба да биде политичкото пензионирање и заминувањето од политичката сцена на Венко Филипче.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер