Кумановските пчелари загрижени, мед речиси и да нема годинава - Канал 5

Кумановските пчелари загрижени, мед речиси и да нема годинава

 Годинава, локалниот пазар ќе се задоволува со производството од претходните години.

Кумановските пчелари загрижени, мед речиси и да нема годинава

Кумановските пчелари ја оценуваат годинава како исклучително тешка, со минимално произведени количини мед кои не се доволни за опстанок на пчелите за зимскиот период кој почнува август-септември за оваа гранка, информираа денеска надлежните од локалното здружение на пчелари „Пчела" од Куманово.

Климатските промени драстично го намалија производството на мед. Средина на јули е, и временските услови не дозволуваат пчелите да собираат мед. Пчеларската сезона воопшто не била поволна за пчелите, појаснуваат пчеларите. Во пролетните месеци кога почнува сезоната немаше ниту доволна влага, ниту во почвата, ниту во воздухот, имаше ветер, немаше соодветна температура што придонесе за ваква исклучително лоша година. Производство речиси и да нема, не останува ниту вишок кој би можел да се пласира на пазарот. Годинава, локалниот пазар ќе се задоволува со производството од претходните години.

– Оваа година е катастрофална за кумановскиот регион тоа го потврдуваат различни пчелари кои произведуваат во различни микроклиматските подрачја во Куманово и околината кои и самите ја оценуваат годината како катастрофална. Нас пандемијата директно не нè погоди, меѓутоа климатските промени нè дотолчија. Се бориме со сите сили да опстанат пчелите, со прихрана, со резерви од претходни количини за да може пчелите да опстанат. Веќе не разговараме за произведени количини мед, туку за опстанок на пчелите-изјави претседателот на здружението „Пчела" од Куманово, Горан Митевски.

Оваа година мед, тешко дека ќе се собере, појаснуваат пчеларите. Можно е во некој микроклиматски регион да се извади одредена количина, но таа нема да биде ниту на некое средно ниво во однос на претходните години. Единствено, добро е појаснува Митевски е што има интерес и кај помладата популација да се занимава со оваа гранка.

– Нè радува и интересот на учениците во средното „Киро Бурназ" во Куманово кои преку земјоделско-ветеринарната струка можат во редовната настава да научат и практично да го применуваат знаењето при одгледување на пчели-додава Митевски, кој воедно е и професор во ова училиште.

Во здружението има 80 членови, поради пандемијата, здружението не организира никакви акции, освен хуманитарната во април во која беа донирани количини за потребите на здравствениот персонал за кумановската болница во најкритичниот период, на денот на здравството./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

На 03.10.2026 во 19:15 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршија претрес во дом и помошните простории кај С.С. (26) во с. Мала Речица, тетовско.

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

При претресот бил пронајден и одземен кокаин, по што лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кобила за ождребила на булеварот „Илинденска“

Несекојдневна глетка и случка утрово ги изненади жителите на скопски Карпош. На Илинденска се родило ждребе.

Кобила за ождребила на булеварот „Илинденска“

Активистка која била таму изјавила дека ждребето било во лоша состојба. Во објава на ФБ скопјанката Билјана навела дека успела да го префрли ждребето на тревникот, бидејќи никој не дошол да помогне.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улицата Илинденска во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО - Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифати

Медведев потсети дека основните параметри, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.

Новата порака од Москва за крајот на војната: Ова се три работи што Украина мора да ги прифати

Трајно решение за кризата во Украина е можно само ако Киев прифати неутрален статус, се откаже од нуклеарно оружје, ја промени својата политика и признае нови региони во рамките на Русија, изјави Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност.

Во интервју за иранската државна радио-телевизиска компанија, Медведев потсети дека основните параметри, кои беа претходно наведени, ги формулирал рускиот претседател Владимир Путин.

Првиот од нив е враќањето на Украина кон принципите на неутралност и ненуклеарен статус, во согласност со декларацијата за суверенитет и правните акти од 1990-тите.

Второто барање на Медведев беше украинските власти да го напуштат својот радикален политички курс и да ја укинат дискриминаторската забрана за рускиот јазик и култура.

Третата точка, како што изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност, е воспоставување руска јурисдикција над Донбас и другите нови територијални субјекти што се вклучени во рускиот Устав, објави порталот Вести.ру.

Тој објасни дека спроведувањето на овие задачи може да се формализира преку дипломатски канали. Медведев претходно изјави дека „на русофобните гнасотии треба да се одговори исклучиво со јазикот на военото одвраќање“, потсети порталот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер