Други спортовиКумановските „Костури“ дел од лигашко натпреварување Кумановските „Костури“, првиот регистриран клуб за американски фудбал во земјава, наскоро ќе почне со натпревари во лигата на соседна Србија, информираа денеска од клубот. Тие во српската лига ќе бидат сместени во јужната дивизија, каде што ќе се натпреваруваат против екипите од Бор, Пожаревац и од Ваљево. Натпреварите ќе бидат одиграни во три викенда, 23/4 септември, 7/8 октомври и 21/2 октомври, а турнирите ќе се одржат на гостински терен за нив, во градовите од каде што се екипите во нивната дивизија. Финалниот турнир ќе се одржи на 4-ти или 5-ти ноември годинава, веројатно во Белград. „Костурите“ изминатиов период како неофицијална репрезентација учествува на турнир во Србија каде ги зацврстија контактите со официјални лица од Српската Асоцијација на Американски фудбал (СААФ), што резултираше со покана за учество во српската сениорска лига во флаг фудбал. За „Костурите“ ова е преоден период сè додека не се формира македонска национална асоцијација на американски фудбал. Тие постојано вложуваат во промоција на спортот во државава. Годинава се натпреваруваа и во Хрватска каде е пласираа како 9-ти од вкупно 21 екипа, оставајќи зад себе поуспешни и поискусни екипи од Балканот, но и од Европа. Флаг фудбалот (бесконтактна верзија на американскиот фудбал) доживува експоненцијален раст во светски рамки. Неговата инклузивност овозможува на деца од најмала возраст да се приклучат на спортот. Во САД долго време е третиран како подготовка за контактната верзија на спортот, голем процент од играчите од НФЛ во својата најрана возраст биле дел од флаг фудбал екипи. Сепак, се повеќе се развива стручноста во овој спорт и се повеќе сениори остануваат во него. Полот исто така не е пресуден, што го покажува фактот дека на европското првенство до 15 години екипите сè уште се мешани, дури некои федерации имаат и правило 50 проценти од екипата да биде составена од девојчиња. Женскиот флаг фудбал е исто толку, ако не и поатрактивен од машкиот (што е вистинска реткост во кој било спорт), а некои од најголемите амбасадори на спортот во светски рамки се играчи од женските селекции на САД и Мексико. До крајот на годината се очекува одлука од надлежните органи на Олимписките игри за внесување на нови спортови во 2028-та година во Лос Анџелес, а флаг фудбалот е убедлив фаворит за прв пат да биде избран. Благодарејќи на „Костурите“ од Куманово, овој спорт во 2018-та година пристигна и кај нас, а во 2022-та година сето тоа се официјализираше и беше регистрирано како прв клуб на американски фудбал во земјата. Тие секојдневно работат на популаризација на флаг фудбалот кај нас преку различни настани низ целата земја. Сето тоа започна од сега веќе традиционалниот „Графити Фест“ во Куманово, беа дел од меѓународно-популарниот „Д Фест“ во Дојран, „Парко 2047“ во Битола и најновиот „Jojo’s United“ во Љубаништа, Охрид. Заедничко за сите тие настани е тоа што ги организираат и на нив присуствуваат огромен процент на млади луѓе, коишто како што кажаа на нашето прво дружење, сакаат да ги вратат на спортските терени и да ги вклучат во флаг фудбалот. Тие ги поканија сите да се приклучат во нивната екипа. Податоци можат да се најдат на социјалните мрежи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
СудбинаБизнисмен се степа во авион, па патниците го врзаа со леплива лента за седиште- познато е кој е тој (ВИДЕО)Патник кој, според американските медиуми, предизвикал хаос на летот на „Американ ерлајнс“ од Далас до Њуарк.Патник кој, според американските медиуми, предизвикал хаос на летот на „Американ ерлајнс“ од Далас до Њуарк, а потоа бил врзан за седиштето со селотејп и врвки за чевли, ја изгубил работата по инцидентот. Тоа е Артур Л. (67), кој, според KVOA, бил потпретседател на компанијата „Лонг риелти“ во Тусон, една од најголемите компании за недвижности во американската држава Аризона. Се наведува дека бил отпуштен по инцидентот, додека неговиот профил на LinkedIn оттогаш исчезнал. Инцидентот се случил во четврток вечерта на летот 618 на „Американ ерлајнс“, кој летал од Далас до Њуарк. Според полициските и патничките изјави, Артур Л. почнал да вика и да ги навредува патниците околу него за време на летот. Се чинело дека е под дејство на алкохол, а кога стјуардесата се обидела да го смири, наводно почнал да упатува расистички и хомофобични навреди. Полицаец во авионот изјавил за „Њујорк пост“ дека Артур дал навредливи коментари за вработените во „Американ ерлајнс“ и другите патници, како и вулгарни навреди кои биле особено навредливи за жените што седеле зад него. Ситуацијата брзо ескалираше Артур Л. наводно го удрил сопатникот, а кога една жена се обидела да интервенира, тој и неа ја турнал. Тогаш тројца патници решиле да го совладаат. Фотографиите што се појавија на социјалните мрежи го покажуваат мажот врзан за своето седиште. Рацете му биле врзани, додека главата и горниот дел од телото му биле залепени со селотејп за да се спречи повторно да нападне некого. Инцидентот го принудил авионот да пренасочи насока и да направи итно слетување во Балтимор. Артур бил уапсен таму, по што летот продолжил кон Њуарк. Американ ерлајнс потврди дека авионот бил пренасочен поради „патник што не го вознемирувал летот“. „Безбедноста на нашите клиенти и вработени е наш врвен приоритет и ние не толерираме насилство“, соопшти компанијата.Тагови: авион патници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПортугалците излегоа на протести и блокади, откако цената на горивата достигна рекордно ниво Новиот бран на поскапување на горивата во Португалија ја крена цената на дизелот на рекордно високо ниво, предизвикувајќи протести низ целата земја. Зголемувањето на цените трае цела година, а денешното зголемување на цените предизвика блокади и протестни акции, пишува Euronews. Утрово, возачите масовно протестираа со свирење на сирените на мостот „25 април“, клучен сообраќај што ги поврзува Лисабон и Алмада. Во исто време, на југот од земјата беше организирана протестна колона, која полека се движеше кон рафинеријата на Галп во Синес. Протестот беше организиран преку социјалните мрежи и апликацијата WhatsApp, а продолжи и попладне без најавен крај. Агенцијата Lusa известува дека демонстрантите носеле транспаренти со пораките „Доста со зголемувањето на цените на горивата“ и „Семејствата не можат повеќе да издржат“. Join ‘slow march’ of vehicles to refinery from outlying areas (apoiado pelos Fundos Europeus, no âmbito do Programa Regional ALGARVE2030)https://t.co/sxm3nHGBjW — Portugal Resident (@PT_Resident) September 7, 2026 Цените достигнаа нови рекорди Португалскиот автомобилски клуб (ACP) проценува дека цената на дизелот се зголемила за 15 центи во понеделник, па затоа неговата цена сега е 2.169 евра за литар. Цената на бензинот се зголеми за 12 центи, на 2,142 евра за литар. Овие бројки не го вклучуваат намалувањето на акцизата за нафтени производи (ISP) воведено од владата како итна мерка. Без ова олеснување, зголемувањето на цената ќе беше уште поголемо, имено дополнителни 12 центи за дизелот и 9 центи за бензинот. Според пресметките на порталот Dinheiro Vivo, ова е највисоката цена на дизелот некогаш забележана во Португалија. Цената на бензинот е на највисоко ниво од енергетската криза во 2022 година, предизвикана од руската инвазија на Украина. Цените на горивата растат низ цела Европа. Германскиот весник Frankfurter Allgemeine објавува дека цените во Германија исто така достигнале историски рекорди, при што бензинот го надминал нивото од март 2022 година од 2,203 евра за литар. И покрај ова, Португалија се издвојува како една од најскапите земји. Податоците од порталот за цени на гориво, кој ги следи цените во 21 европска земја, покажуваат дека Португалија во понеделник била на 19-то место по цените на бензинот. Само Франција и Данска се поскапи. Ситуацијата е малку поповолна за дизелот, каде што Португалија е на 17-то место, пред Обединетото Кралство, Италија, Франција и Данска.Тагови: горивата цената Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваИрина Шајк предизвика воздишки во секси фустан на црвениот тепих во Венеција (ВИДЕО)Манекенката Ирина Шајк се појави на црвениот тепих на 83-то издание на Венецискиот филмски фестивал. Откако беше видена во текот на денот во хотелот Екселсиор на венецијанското Лидо, за вечерното појавување таа избра впечатлив црн фустан од модната куќа Долче и Габана кој ја нагласуваше нејзината фигура. Шајк на тој начин им се придружи на бројните познати имиња кои пристигнаа во Венеција овие денови, каде што заедно со филмските премиери, традиционално се посветува големо внимание на модните изданија на црвениот тепих. Црниот фустан беше во согласност со препознатливата естетика на Долче и Габана, модна куќа со која Шајк претходно соработуваше. Таа избра креација на Долче и Габана За оваа пригода, таа избра креација инспирирана од препознатливата естетика на италијанската модна куќа, во која кроевите со корсет и моделите што ја нагласуваат силуетата имаат важно место со децении. Фустанот со крој со корсет има длабоко деколте и тесна силуета што ја следи фигурата. Се издвојуваат деталите од црна кожа и врвките што се протегаат по страните на фустанот. Токму овие детали откриваат делови од кожата и дополнително ја нагласуваат фигурата, додека целосно црната комбинација му дава на целото издание драматичен изглед. View this post on Instagram A post shared by 𝔰𝔞𝔫𝔣𝔯𝔞𝔫𝔠𝔢𝔰𝔠𝔬 𝔡𝔯𝔞𝔤𝔥𝔦𝔠𝔦 🥀 (@sanfrancesco.art) Шејк го искомбинираше фустанот со црни чевли со зашилен врв и многу висока потпетица. За накит, таа избра впечатлива светкава огрлица што беше во контраст со целосно црната комбинација.Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook