ООУ„Димитар Македонски“ во населба Лисиче од 1 септември воведува едносменска настава од VI до IX одделение
2ООУ„Димитар Македонски“ во населба Лисиче од 1 септември воведува едносменска настава од VI до IX одделение
КошаркаКуманово со „брејк„ поведе со 1:0 против Работнички во полуфиналето од плејофотСо тројката на Бранислав Џекиќ на 3-секунди на крајот, екипата на Куманово го победи Работнички со 78:77 во првиот полуфинален меч од плеј-офот на кошаркарскиот шампионат на Македонија. Супер интересен беше првиот меч меѓу овие два тима одигран вечерва во салата „Градски парк’’ во Скопје. Секоја од екипите имаше добра партија по едно полувреме, Работнички во првото, а Куманово во второто. Работнички во еден момент од втората четвртина имаше и највисоки 22 поени разлика, а на полувремето замина со предност од 11 поени 44:33. Сепак, кумановци со фантастичната игра во третиот период кој го добија со 26:16, во последните десет минути влегоа со негатива од само еден поен. Во последната четвртина ниту една од двете екипи не успеа да направи позначителна предност, а победникот беше решев во последните три секунди, откако Бранислав Џекиќ со тројка и својот 11 поени му донесе предност на Куманово од 78:77. Тајмаутот кој го побара Марин Докузовски не донесе резултат по нападот на Работнички, па кумановската екипа на крајот сосема заслужено се радуваше на победа. Најдобар поединец во победничката екипа, но и на натпреварот, беше репрезентативецот Александар Костовски кој средбата ја заврши со 26 поени (7 тројки), 6 асистенции и 3 скока. Кај Работнички најефикасни беа ветераните, Ѓорѓи Чековски со 19 и Тодор Гечевски кој постигна 17 поени. Вториот натпревар ќе се игра веќе во недела во Куманово. Пласман во финалето ќе обезбеди екипата која прва ќе забележи две победи. Доколку е потребен трет натпревар тој би де играл на 26 мај (вторник) во салата „Градски парк’’ во Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСо 2.720.000 денари Општина Ѓорче Петров ќе поддржи проекти од областа на културата во 2026 годинаОпштина Ѓорче Петров продолжува со континуирана поддршка на културата, обезбедувајќи 2.720.000 денари за реализација на проекти од областа на културата, преку Јавниот повик за финансирање на културни програми и иницијативи.Со овие средства ќе се реализира богата и разновидна културна програма во текот на 2026 година, која ќе понуди содржини наменети за сите генерации и ќе придонесе за збогатување на културниот живот во општината. Во рамки на програмата се предвидени концерти под отворено небо, театарски претстави, кино под отворено небо, изложби, креативни работилници, базари, фестивалски содржини и други културни настани што ќе ги оживеат јавните простори и ќе создадат нови можности за дружење, творештво и културно изразување. Општина Ѓорче Петров останува посветена на создавање динамична културна сцена и поддршка на иницијативи што ја поттикнуваат креативноста, го негуваат културното наследство и придонесуваат за поквалитетен јавен живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33
МакедонијаООУ„Димитар Македонски“ во населба Лисиче од 1 септември воведува едносменска настава од VI до IX одделениеЛетниот распуст се користи за уредување и адаптација на училиштето, со цел учениците новата учебна година да ја започнат во подобри, посовремени и поквалитетни услови.Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности во ООУ „Димитар Македонски“ во населба Лисиче, каде што интензивно се работи на создавање услови за воведување на едносменска настава од 1 септември, согласно со насоките и препораките на Министерството за образование и наука. Летниот распуст се користи за уредување и адаптација на училиштето, со цел учениците новата учебна година да ја започнат во подобри, посовремени и поквалитетни услови. Според новата организација на наставата, учениците од VI до IX одделение ќе посетуваат настава во прва смена, учениците од I до III одделение ќе бидат опфатени со целодневна настава, додека учениците од IV и V одделение ќе ротираат во прва и втора смена. Со воведувањето на едносменската настава се создаваат услови за поквалитетен воспитно-образовен процес, подобри резултати во учењето, поголема вклученост на учениците во спортски, културни и воннаставни активности, како и за поорганизирано извршување на училишните обврски со поддршка од наставниците. Воедно, овој модел овозможува постабилен дневен ритам и повеќе квалитетно време за семејството. Општина Аеродром веќе успешно го имплементираше моделот на едносменска настава во ООУ „Александар Македонски“, а со воведувањето и во ООУ „Димитар Македонски“ продолжува со реализација на заложбите за унапредување на условите за образование во сите основни училишта на својата територија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАЛука Дончиќ ги носи Лејкерси во Словенија на тренинг-камп Еден од најдобрите светски кошаркари, ѕвездата на ЛА Лејкерс, Словенецот Лука Дончиќ уште еднаш ќе покаже дека е лидер не само на теренот, туку и надвор од него.Словенечката суперѕвезда одлучи да биде домаќин на целиот тим на Лос Анџелес Лејкерс во својот роден град, каде што екипата ќе допатува во август на четиридневни подготовки. По заминувањето на Леброн Џејмс во Филаделфија, се очекува Дончиќ да стане централна фигура на франшизата од Лос Анџелес во претстојните сезони. Словенецот веќе ја прифати новата одговорност, а еден од првите чекори ќе биде зајакнување на односите со соиграчите преку дружење и мини-камп во Љубљана. Како што пренесува ESPN, престојот на Лејкерс во Словенија нема да биде фокусиран само на кошарката. Покрај тренинзите, се очекува тимот на Џеј-Џеј Редик да учествува во активности како голф, како и да посети атрактивни локации во околината на словенечкиот главен град. Дончиќ и претходно покажа колку му е важна хемијата во тимот. Минатата година, тој организираше посебен собир за своите соиграчи во Порше Центарот во Јужна Калифорнија, каде што играчите имаа можност да изберат луксузни автомобили и да ги тестираат на патеката по тренингот. Лејкерси влегуваат во новата сезона со големи очекувања, откако ја завршија претходната сезона на четвртото место во Западната конференција со резултат од 53-29.Тагови: Лука Дончиќ НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГрад Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00МЗ: Во јавните здравствени установи во Гостивар, вчера се прегледани 71 пациент13:33