3ЗНАМ: Македонија спроведува реформи и испорачува резултати, но заштитата на националното достоинство е нашата црвена линија
МакедонијаКум за Бадник е бизнисменот Зоран Кондратенко, а здравичар - музичарот Јаков ДренковскиЗдружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“ денеска ги претстави кумот и здравичарот за 2026 година.Годинава бадникарската функција кум ја има генералниот директор и ко-сопственик на компанијата Енерго Систем, Зоран Кондратенко, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2026, а здравичар ќе биде музичарот Јаков Дренковски, кој ќе ја каже здравицата пред Соборниот храм во пресрет на големиот христијански празник Божиќ. Претседателот на Одборот, Ангел Георгиевски денеска на прес-конференција рече дека изминатите 33 години здравичари и кумови за Бадник биле луѓе кои се истакнати во своите професии. Здравичарот Дренковски рече дека пред два месеци кога му се јавиле за да му понудат да биде здравичар, бил многу среќен, бидејќи на средбите кои ги има дома со блиските и со пријателите често пати го терале да ја крене чашата и да ги поздрави. - Овој пат ми е дадена можност да ги поздравам граѓаните. Искажувам голема благодарност до Одборот на бадникарите и се надевам дека ќе ја исполнам очекуваната улога на 6 јануари. На 5 јануари се случува зимско капење и тоа ќе ми биде генерална проба кога ќе ми дојдат пријателите на Матка, да им наздравам. Ги поканувам бадникарите да дојдат на 35-годишното зимско капење, истакна Дренковски. Кумот бадникар Кондратенко му се заблагодари на Одборот за традиционална прослава на Бадник за укажаната чест со оглед дека ја следи целата манифестација од нејзините почетоци. - Да се биде избран за кум бадникар е за него и неговото семејство е огромна чест. Се надевам дека ќе ја оправдам укажаната доверба и дека ќе ги исполнам сите очекувања и на Одборот и на сите присутни, вршејќи ја оваа функција кум за Бадник за 2026 година, додаде Кондратенко. Претседателот на Одборот, Лидија Неделкова рече дека повеќе од две децении општина Центар е еден од најголемите поддржувачи на скопското бадникување. Градоначалникот на општината Центар, Горан Герасимовски упати пофалби до Одборот, кој 33 години организира ваков настан и посочи дека му е чест што традицијата продолжува, што се почитува и од година во година се приклучуваат голем број млади луѓе. На прес-конференцијата беше соопштено дека в недела (21 декември) напладне во месноста Краста на јужните падини на Водно на патот кон хидроцентралата „Козјак“, Одборот за прослава на Бадник во Скопје на своите сограѓани ќе им ги претстави кумот и здравичарот, соопштувајќи на тој начин дека се е подготвено за централната прослава на 6 јануари на платото пред Соборниот храм. Во месноста скопските бадникари ги собираат бадниковите гранчиња, што на 6 јануари им ги делат на скопјани, на свеченоста пред Соборниот храм во пресрет на Божик. Тагови: бадник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалАнгличаните составија тим на фудбалери од екс-ју за СП 2026: Во него има двајца Македонци! Портал „GiveMeSport“ од Англија го состави хипотетички список од 26 фудбалери кои потекнуваат од поранешна Југославија кои, според нив, би патувале на Светскиот шампионатво 2026 во Канада, САД и Мексико.На списокот меѓу 26 фудбалери, се и двајца Македонци, голманот на Валенсија, Столе Димитриевски и фудбалерот од средниот ред на Наполи, Елиф Елмас. Хипотетички состав на југословенската репрезентација за Светското првенство 2026: Голмани: Јан Облак (Словенија, Атлетико Мадрид), Вања Милинковиќ-Савиќ (Србија, Торино), Столе Димитриевски (Македонија, Валенсија) Одбрана: Јошко Гвардиол (Хрватска, Манчестер Сити), Јосип Станишиќ (Хрватска, Баерн), Страхиња Павловиќ (Србија, Милан), Никола Миленковиќ (Србија, Нотингем Форест), Сеад Колашинац (БиХ, Аталанта), Јака Бијол (Словенија, Лидс), Марин Понграчиќ (Хрватска, Фиорентина), Амар Дедиќ (БиХ, Бенфика). Среден ред: Лука Модриќ (Хрватска, Милан), Матео Ковачиќ (Хрватска, Манчестер Сити), Марио Пашалиќ (Хрватска, Аталанта), Никола Влашиќ (Хрватска, Торино), Сергеј Милинковиќ-Савиќ (Србија, Ал Хилал), Немања Гудељ (Србија, Севилја), Саша Лукиќ ( Србија, Аталанта), Елиф Елмас (Македонија, Лајпциг) Напад: Бенјамин Шешко (Словенија, Манчестер јунајтед), Един Џеко (БиХ, Шалке), Душан Влаховиќ (Србија, Јувентус), Ведат Муриќи (Косово, Мајорка), Анте Будимир (Хрватска, Осасуна), Андреј Крамариќ (Хрватска, Хофенфајм) Иван Перишиќ (Хрватска, ПСВ).Тагови: Фудбал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи против македонските национални интересиФилипче да престане да работи против македонските национални интереси.Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси. И покрај тоа што Македонија се соочува со постојани негирања на својот национален идентитет, јазик и историја, Филипче секојдневно настапува како портпарол на политиките на Бугарија кои бараат нови отстапки од македонска страна, без никакви гаранции и без никаква извесност за европската иднина на државата. СДС и Венко Филипче не нудат визија, не нудат план и не нудат решенија. Единствената политика на СДС и Филипче е слепо прифаќање на сите барања кои доаѓаат однадвор, без притоа да покажат минимум достоинство и грижа за државните интереси. Филипче продолжува да ја пласира истата реторика која со години ја слушаме од бугарските власти дека Македонија мора безусловно да попушта, а Бугарија не мора да направи ниту еден чекор кон почитување на македонскиот народ и неговите права. Наместо да се бори за подобра преговарачка позиција на Македонија, Филипче упорно се бори за спас на сопствената политичка кариера. Токму затоа секој негов јавен настап е исполнет со истите пораки, истите флоскули и истите притисоци врз македонскиот народ. Време е Венко Филипче да разбере дека Македонија нема да оди напред преку понижувања, уцени и национални отстапки. Македонија ќе оди напред само со политики кои ги штитат државните и националните интереси, а не со политики кои служат на туѓи агенди. Граѓаните заслужуваат политичари кои ќе ја претставуваат Македонија, а не политичари како Филипче кои ќе ги оправдуваат позициите на другите држави. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто посветена кон европскиот пат, но тој пат треба да биде базиран на принципи а самиот процес да е кредибилен и предвидлив. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзраелскиот министер Бен-Гвир го критикува договорот со Либан: „Сериозна грешка“ Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, познат по своите тврдокорни ставови, остро го критикуваше договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД,.Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, познат по своите тврдокорни ставови, остро го критикуваше договорот меѓу Израел и Либан, постигнат со посредство на САД, нарекувајќи го „сериозна грешка и пуста фантазија на советниците кои го влечат премиерот во погрешни одлуки“. Министерот од крајна десница, кој е на социјалната мрежа X, тврдеше дека договорот ќе има спротивен ефект од предвидениот. „Хезболах само ќе стане посилен, а Израел, наместо да го порази, ќе го прифати неговото постоење“, напиша тој. Во својата објава, тој исто така рече дека Израел мора да знае како да им се спротивстави на своите сојузници кога е потребно. „Има моменти кога дури и претседателот на Соединетите Американски Држави треба да знае како да каже „не“. Кога ние не знаеме, следниот пат ќе се соочиме со многу посилен и поопасен Хезболах“, додаде тој. Бен-Гвир заклучи со доведување во прашање на спроведувањето на договорот, велејќи дека Хезболах не се повлекол јужно од реката Литани и изразувајќи сомнеж во способноста на либанската армија да го спроведе договорот.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter