Култниот италијански клуб се продава за едно евро

Италијанскиот фудбалски клуб Фоџа , кој годинава испадна од вртората и ќе игра во третата лига, од денеска е на продажба за симболична цена од 1 евро.

Семејството Санела , кое ја купи Фоџа пред две години , не може веќе да го финансира клубот и интензивно бара финансиер , кој би го вратил барем малку сјајот на стариот клуб.

Поради финансиски малверзации , Фоџа минатата сезона ја почна со казнени 15 бода во минус , што подоцна беа намалени на шест. Доколку не и беа одземени поените , Фоџа ќе опстанеше во втората лига.

Постарите ја паметат Фоџа од крајот на осумдесетите и почетокот на деведесетите години на минатиот век , кога беше хит тим на италијанскиот и европскиот фудбал.

Во тоа време италијанската лига беше најсилна на светот , а Фоџа беше еден од тимовите , кои играа одлично под водство на тренерот Зденек Земан од 1989 до 1995 година.

Стојчевски: ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите

„Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина“

На граѓаните им е преку глава од меѓусебните напаѓања, особено од двете најголеми политички партии. Ние како нова партија нема да се служиме со напади. Во врска со прекинатото гласање во една од кумановските општини, кога беше прекинато гласање, иако имаме прочистен избирачки список, одговорноста за спроведување најмногу е на е на ДИК. Движењето ЗНАМ не прави разлика ниту етнички ниту политички основи кај гласачите. Најголема поддршка очекуваме од левичарските гласачи поради што ние потекнуваме од таква партија. Денеска во СДСМ има многу чесни, искрени и исплашени социјалдемократи од се што се случува, но не по нивна вина. Дајте изјава од носителите или коносителите од сегашниот парламентарен состав на СДСМ, да не биде само декларативно дека сте се откажале. Од раководството ја одбија подадената рака, поради ароганцијата, рече Даниел Стојчевски во Само Вистина.

од раководството

Раст на берзите во САД по изјавата на Фед за зачувување на каматните стапки

Американските берзански индекси покажаа уверен раст на почетокот на тргувањето денеска откако Федералните резерви (американската Централна банка) ги зачува досегашните каматни стапки и притоа ја намали загриженоста од нивно покачување.

Инвеститорите очекуваат уште податоци од извештаите на крупните компании денеска и од официјалната статистика за невработеноста утре. Во меѓувреме пораснаа и фјучерсите.

- Инфлацијата сè уште е многу висока. Не можеме да гарантираме прогрес во нејзино снижување, а понатамошните перспективи се неодредени, изјави претседателот на Фед Џером Пауел.

И покрај неодреденоста во тековната економска ситуација истакна дека е малку веројатно покачувањето на каматите.

Следен извештај на регулаторите што го очекуваат инвеститорите е клучната статистика на трудот во САД што ќе биде објавена утре, а која може да даде појасна претстава за состојбата со пазарот на трудот и понатамошната траекторија на каматните стапки.

Фјучерсите на Dow до 15 часот централноевропско време пораснаа за 0,53 отсто, на S&P на 0,72 отсто, на Nasdaq 100 дојдоа до 0,9 отсто. /МИА

Барселона подготвува трансфер удар

Барселона планира да го ангажира 22-годишниот Пау Виктор од Жирона на лето по успешната сезона на десно крило како позајмен во вториот тим на клубот.

Каталонскиот гигант има опција да го купи шпанскиот фудбалер за 3 милиони евра, кои имаат намера да ги искористат, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, но додаваат дека клубот се уште не е запознаен со какви средства ќе има за трансфери на лето.

Пау Виктор е водечки стрелец за Барселона Атлетик и беше повикан на пет од натпреварите на првиот состав предводен од главниот тренер Чави Ернандез. Тој не забележа минутажа во првиот тим, останувајќи на клупата./МИА

притисни ентер