2Сузуки го претстави најмалиот електричен автомобил во Европа, цената ќе биде под 20.000 евра (ВИДЕО)
СветКулеба: На Украина итно и треба повеќе опрема за ПВО, особено ракети Патриот Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, по денешниот руски ракетен напад врз Киев побара на неговата земја да и се обезбеди дополнителна опрема за противвоздушна одбрана.„Децата во Киев трчаат за да се засолнат во 10:30 часот кога противвоздушната одбрана соборува смртоносни руски балистички ракети над главниот град. Нема злосторства што рускиот џган не би го извршил, вклучително и обидот со балистичка ракета да го погодат срцето на повеќемилионскиот град“, напиша Кулеба на платформата Х. Тој истакна дека денешното гранатирање е потсетник дека на Украина итно и е потребна зајакната противвоздушна одбрана, особено системи и ракети Патриот, способни да одбијат секој руски напад. Во Киев утрово одекнаа неколку експлозии. Командантот на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, Микола Олешук, соопшти дека се уништени две балистички ракети што руските сили ги истрелаа врз Киев од привремено окупираниот Крим. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
ЖивотНајопасната држава на светот вложува 80 милијарди долари во туризам- се отвора и Националниот музеј Ирак, кој важи за една од најопасните земји во светот, веќе подолго време е во голема мера недостапен за туристите од целиот свет!Препораките на министерствата за надворешни работи за патување во овој регион се менуваа низ годините, поради различни конфликти и безбедносни закани. И денеска на сила е препораката да не се патува во одредени делови од оваа земја, додека за другите области се препорачува да се избегнуваат сите патувања освен оние кои се апсолутно неопходни. Сепак, и покрај ова, оваа блискоисточна земја неодамна забележа нов бран инвестиции во туристичкиот сектор. Реновираниот национален музеј на Ирак треба да биде отворен следниот месец, пишува Breaking Travel News. Музејот во Багдад беше затворен две години, а во него се сместени десетици илјади антиквитети поврзани со минатото на земјата. Музејот беше ограбен во 2003 година за време на инвазијата предводена од САД, и оттогаш беше затворен неколку пати. Повторното отворање е важен чекор во напорите на Ирак да ги обнови своите историски споменици и да привлече повеќе туристи во земјата, објави Дејли Меил. Како дел од тие напори, се градат нови хотели, додека историските локалитети, вклучително и Абасидската палата од 12 век, се обновени и повторно отворени за посетителите. Предвидено е и Музејот на културата во Мосул повторно да биде отворен за јавноста до крајот на годината. Повеќе од 80 милијарди долари се инвестирани во ирачкиот регион Курдистан, кој ФЦДО во моментов го советува против сите, освен апсолутно неопходни патувања, а бројот на туристи вртоглаво се искачи од 377.000 во 2006 година на осум милиони во 2024 година. Од почетокот на војната со Иран на почетокот на оваа година, туризмот на Блискиот Исток претрпе големи последици, поради прекините на воздушниот сообраќај и честите промени во препораките за патување. Iraq attempts to lure back visitors with $80billion tourism investment as National Museum reopens - but Brits are still warned to stay clear https://t.co/RWd2sGRwsD — Daily Mail (@DailyMail) November 25, 2026 Некои патници, сепак, не се откажуваат од своите планови. Компаниите како Untamed Borders сè уште нудат тури во Ирак. Основачот на Untamed Borders, Џејмс Вилкокс, изјави за Breaking Travel News: „На прв поглед, Ирак можеби не изгледа како најочигледната туристичка дестинација, но земјата има богатство на локации од светска класа. „Вавилон и Багдад ја евоцираат историјата и мистеријата на Блискиот Исток. Овие инвестиции во античките места и туристичката инфраструктура во Ирак несомнено ќе придонесат земјата да стане значајна туристичка сила во регионот. „Иако нестабилноста значи дека многу посетители се претпазливи, патувањето во Ирак е можно и вредно“. Министерството за надворешни работи на Обединетото Кралство предупредува дека туристите кои ги посетуваат земјите кои имаат совети за патување треба да го преземат потребното осигурување. „Ако одлучите да патувате и покрај советите на FCDO, истражете ги вашите дестинации и добијте соодветно патничко осигурување. Осигурувањето треба да ги покрие вашата маршрута, планираните активности и итни трошоци“, се вели на страницата.Тагови: музеј туризам Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски во ноќна посета на рехабилитација на автопатот пред ГП БогородицаИнтензивно и во ноќни услови го асфалтираме автопатат на Коридор 10 од Гевгелија до граничниот премин Богородица. Во една вечерна посета се уверуваме дека градежните работи се одвиваат одлично и за многу скоро време ќе имаме модерен автопат на овој потег, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој изврши увид во рехабилтација на автопатот. „Вечерва сме на граничниот премин Богородица, на најфреквентниот граничен премин којшто државата го има. Ова е граничен премин на коридорот 10 којшто нè спојува со Грција. Во рамки на програмата што ја имаат Јавното претпријатие за државни патишта и Министерството за транспорт, се прави целосна реконструкција и рехабилитација на влезот во Македонија во должина од околу 5 километри од граничниот премин Богородица до после Гевгелија. Се работи на интезивно, како што гледате, се работи и навечер со цел што побрзо да заврши оваа рехабилитација, да имаме супер модерен влез во државата. На овој начин покажуваме дека се грижиме за сите делови од државата и дека се грижиме инфраструктурата да е во одлична состојба насекаде државата. Сакав еве вака во една вечерна, ноќна посета да ги поздравам сите оние коишто работат овдека, да видам како се одвиваат активностите. Навистина активностите се одвиваат одлично и за многу брзо време ќе имаме супер модерен влез во државата”- изјави Николоски, соопштуваат од МТ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргумент20:01Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37Средба на претседателот Гаши со хрватскиот премиер Пленковиќ10:12Претседaтелката Сиљановска Давкова денеска ќе учествува на надзорната расправа за АЛТА банка08:34Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
Мицкоски: Испорачавме сѐ што се бара од нас базирано на системот на заслуги, очекувам ЕК да го препознае тоа17:37
Од седуммина повикани сведоци на Дејан Јованов, само двајца се појавија на судењето во „Идризово“15:00
МакедонијаМицкоски по завршување на Самитот ЕУ- Западен Балкан: Ќе се бориме за она што е наш аргументПремиерот Христијан Мицкоски се обрати од Брисел по завршувањето на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Брисел.Мицкоски најрвин го најави проектот „Roam like at home“ со што македонските граѓани ќе може да разговараат на телефон по цена како да се дома. Продолжуваме да испорачуваме проекти , кои се дел од реформската агенда, рече Мицкоски и додаде дека во овој декемвриски период да бидеме најдобри. „Очекуваме за 10 проценти зголемување од веќе добиените 750 милиони евра. Посветеноста останува. Да зборуваме за заслуги, за учинок и ние како Македонија го правиме и тука. Ќе се бориме за она што е наш аргумент, ќе продолжиме да се бориме за македонските граѓани.“, рече Мицкоски и го најави своето учество на седницата во Собранието за пратенички прашања. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter