Министерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделки
2Министерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделки
КултураКУД „Мирче Ацев“ од Прилеп со концерт одбележа 75 годиниСо целовечерен концерт во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп и во присуство на гости од Србија, Културно-уметничкото друштво „Мирче Ацев“ синоќа одбележа 75 години постоење.Прилепското друштво е едно од најстарите во земјава, формирано во 1947 година и до денес има одржано околу 5000 концерти, настапи во земјава и насекаде во светот, претставувајќи го, негувајќи го богатиот македонски фолклор. Горан Василески, претседател на Друштвото, вели дека огромна е честа да се биде на чело на Друштво кое седум и пол децении создавало своевидна културна историја. -Седум и пол децении не се само јубилеј на КУД „Мирче Ацев“, туку се и 75 години опстојување на фолклорот и традицијата во Прилеп и презентирање на традиционалните игри и песни на, буквално, сите континенти во светот. Друштвото е и амбасадор кој секаде ги презентира традиционалната носија, игри, песни. Се надевам дека овој континуитет ќе опстојува, па и за 100-годишен јубилеј, изјави Василески. Играорецот Филип Талески во Друштвото е уште од седумгодишна возраст. -Играњето традиционални ора е моја посебна љубов. Тоа е непроценливо за мене. Планирам да играм дури можам. Доволно е и натаму да има луѓе да го претставуваат богатиот фолклор секаде, сите да видат какво културно богатство ни останало од нашите дедовци и прадедовци, вели младиот Филип Талески. Елена Николоска е девет години играорец во КУД „Мирче Ацев“. -Нашиот фолклор секаде во светот се смета како значаен. Во сите држави каде што сме престојувале, со гордост сме го претставувале и сме предизвикувале голем интерес со носијата, песната, со играњето, вели Николоска. На јубилејниот концерт на КУД „Мирче Ацев“, покрај октетот „Прилеп“, гостуваа и од КУД „Змај“ од Ириг, Србија. Тијана Јуришиќ, кореограф од ова Друштво вели дека со „Мирче Ацев“ имаат одлична соработка и ова гостување е посебно, поради големиот јубилеј. -Повеќе години соработуваме. Повторно се дружиме и сите ја чуваме традицијата која на овие простори е многу богата. Овој јубилеј на КУД „Мирче Ацев“ е многу голем и со посебно значење. Со нашето гостување сакаме и соодветно да им го честитаме на „колегите“, рече Јуришиќ. Со прилепското друштво „Мирче Ацев“ со децении е кореографот Славе Јовески кој посветено работи со сите генерации играорци и се надева дека уште долго ќе постојува Друштвото, а со тоа и негувањето и претставувањето на македонскиот фолклор, зашто се изведуваат ора и песни од сите краишта на Македонија. Тој догодина ќе прослави и 50 години откако станал играорец, а потоа и кореограф. Одбележувањето на големиот јубилеј, 75 години од постоењето на КУД „Мирче Ацев“, кое своевремено се врзува и со Илија Лашкоски и Пеце Атанасовски, основачите на долненскиот фестивал на народни песни и инструменти, е поддржано од Министерството за култура. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилен земјотрес го погоди Нов ЗеландЕпицентарот на земјотресот бил на Северниот Остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон.Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Нов Зеланд, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на Северниот остров, на длабочина од 280 километри и на 95 километри од градот Хамилтон. Засега нема извештаи за повредени лица или за материјална штета.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКасано: Мурињо е надминат, Кристијано Роналдо е само половина „Феномен“!Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Антонио Касано повторно крена бура со своите изјави, а овојпат мета на неговите критики беше Жозе Мурињо. Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и Рома остро зборуваше за португалскиот стручњак во интервју за шпанскиот весник „Ас“, доведувајќи ги во прашање неговите тренерски квалитети и начинот на кој ги води екипите. „Мурињо повеќе не би требало да води екипи. Имаше многу среќа, бидејќи ниту еден од неговите тимови не играше атрактивен фудбал. Неговите идеи за играта беа актуелни пред една деценија. Во кариерата не остави никакво фудбалско наследство, туку само скандали со сите“, изјави Касано. Италијанецот изрази изненаденост што Реал Мадрид своевремено го ангажираше португалскиот тренер и што претседателот Флорентино Перез му ја укажал својата доверба. Касано го пофали тренерот на Рома, Џан Пјеро Гасперини, нагласувајќи дека го смета за многу подобар стручњак од Мурињо. Според него, доколку двајцата си ги заменеле улогите, Реал под водство на Гасперини би можел да оствари убедлива победа, дури и со резултат 10:0. Поранешниот фудбалер исто така смета дека Реал треба да се угледа на Барселона и на тренерот Ханси Флик. „Во Реал треба да учат од Барселона и Флик. Тој изгради импресивен тим со силен карактер, во кој сите фудбалери учествуваат во нападите. Во Мадрид, пак, го прават токму спротивното“, изјави Касано. На удар се најде и Винисиус Жуниор. Италијанецот смета дека неговиот соиграч Родриго, кој моментално е повреден, е многу подобар фудбалер. Иако признава дека Бразилецот Винисиус е голгетер и поседува добри напаѓачки способности, Касано смета дека нему му недостасува класата на вистинска светска ѕвезда. Особено интересна беше неговата споредба на двајца познати фудбалери со име Роналдо. Касано, без двоумење, му ја даде предноста на Бразилецот Роналдо Назарио, познат како „Феноменот“. „Како централен напаѓач, немам видено подобар од Роналдо Назарио. Тој беше неверојатен феномен. Да не беа сериозните повреди, ќе достигнеше незамисливи височини. Тоа е вистинскиот Роналдо. Кристијано не може да се споредува со него и поседува само половина од класата на ’Феноменот‘“, истакна екс репрезенативецот на Италија и член на Реал, Антонио Касано.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Серафимовски: Поголема економска самостојност и посилна социјална сигурност за жените земјоделкиПоддршката до 360.000 денари по корисник преку мерката 115 - „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“,.Поддршката до 360.000 денари по корисник преку мерката 115 - „Поддршка за активен женски член во земјоделското домаќинство“, од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2026 година, и вкупно 100.000 денари за деветмесечен надоместок за мајчинство преку Програмата за поддршка за социјална сигурност на жените кои вршат земјоделска дејност, чии средства со ребалансот се зголемени од еден на два и пол милиони денари, беа во фокусот на обраќањето на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица, на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена во организација на Националната федерација на фармери. „Современата механизација ја олеснува обработката на земјата, а дигиталните решенија и вештачката интелигенција отвораат можности за попрецизно планирање и поефикасно производство. Ќе работиме тие можности да им бидат подостапни на жените, преку стручен совет, обуки и поддршка за инвестиции“, порача министерот Серафимовски. Министерот Серафимовски информираше дека, според условите на јавниот повик за мерката 115, регистрираните земјоделски стопанства чиј носител или член е жена можат до 13 ноември 2026 година да аплицираат за средства за набавка на опрема за преработка и доработка на примарни земјоделски производи и за услуги за спроведување на деловниот план. „Сакам и надоместокот за мајчинство од Програмата за социјална сигурност да стигне до секоја жена за која е наменет. Ги охрабрувам жените со статус на осигуреник–индивидуален земјоделец кои ги исполнуваат условите да се информираат и да поднесат барање до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој најдоцна до 10 декември 2026 година“, рече министерот Серафимовски. Осврнувајќи се на податоците од Единствениот регистар на земјоделски стопанства на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во кој се евидентирани 129.226 земјоделски стопанства и 29.971 жена, од кои 3.918 се помлади од 40 години, министерот Серафимовски ја нагласи заложбата за поголемо учество на жените во управувањето со стопанствата и развојот на сопствени дејности, како и за надминување на стереотипот за земјоделството како „машка професија“. „Во вашите успеси се гледа силата на македонското земјоделство, а во вашите идеи се препознава насоката за неговиот следен исчекор. Како министер, преземам обврска тие идеи да добијат поддршка, а вашиот глас да има поголемо влијание врз одлуките што ги носиме“, им порача министерот Серафимовски на жените земјоделки кои денес присуствуваа на одбележувањето на Меѓународниот ден на руралната жена во Струмица. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter