Кучињата ја откриваат тајната: Зошто се чувствуваат поудобно во електрични отколку во дизел и бензински автомобили? - Канал 5

Кучињата ја откриваат тајната: Зошто се чувствуваат поудобно во електрични отколку во дизел и бензински автомобили?

Студија покажува дека кучињата се помалку стресирани во електрични возила отколку во автомобили на фосилни горива.

Кучињата ја откриваат тајната: Зошто се чувствуваат поудобно во електрични отколку во дизел и бензински автомобили?

Резултатите од експеримент спроведен во Велика Британија сугерираат дека кучињата се порелаксирани кога се во електричен автомобил отколку во автомобил на фосилни горива.

Кокер шпаниелот Манго наводно бил помалку стресиран во електричен автомобил за време на тестовите, а ветеринарот и сопственик на Манго, Скот Милер, го потврдил ова.

Од Шкода го ангажирале ветеринарот Скот Милер да го поврзе неговиот едногодишен кокер шпаниел Манго со монитор за срцев ритам и да му го измери срцевиот ритам додека се движел. Милер, со Манго на задното седиште, возел по истата рута во три различни модели на Шкода, со дизел мотор, бензински мотор и електричен мотор.

Однесувањето на Манго било следено за време на секое возење, а неговиот срцев ритам бил мерен кратко потоа. Пулсот на кучето во мирување првично бил измерен на 80 отчукувања во минута, но по возењето на електричниот автомобил Шкода „Elroq“, се искачил на 100.

Во бензински автомобил, пулсот на кучето се искачил на 120 отчукувања во минута, а во дизел автомобил се искачил на 125 отчукувања во минута.

„Експериментот јасно ги покажува здравствените и психолошките придобивки од патувањето во електричен автомобил за кучиња. Тивката работа и недостатокот на менување брзини создаваат смирувачка средина за кучињата, обезбедувајќи порелаксирано и пријатно искуство за патување за нашите четириножни пријатели“, вели сопственикот и ветеринар на Манго, Скот Милер.

„Бидејќи слухот на кучињата е четири пати почувствителен од човечкиот, тие ги собираат звучните фреквенции од традиционалните мотори кои се нечујни за луѓето“, вели експертот за однесување на кучиња, Ана Веб.

Таа, исто така, истакнува дека посилните вибрации во автомобилите на фосилни горива може да помогнат во објаснувањето на зголемениот пулс, бидејќи ова е веројатно нормална реакција на Манго.

„Говорот на телото на Манго јасно укажуваше дека тој претпочита да патува во електричен автомобил, каде што лежеше опуштен на задното седиште со малку затворени очи. Меѓутоа, во автомобилите на бензин, тој седеше вкочането исправено и напнато, драматично вртејќи ја главата и брзо движејќи ги широко отворените очи, каде што дури и белките на неговите очи беа видливи, јасни физички знаци на стрес“, заклучи Веб.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин

Ива Михаилова, жителка на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка која заврши со смртни последици, ја напуштила Македонија заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија.

Ива Михаилова со лична карта ја поминала македонско-бугарската граница, нема информација од МВР на кој премин

Ива Михаилова, жителка на Кочани со македонско и бугарско државјанство, на која ѝ се суди во Кочани поради сообраќајка која заврши со смртни последици, ја напуштила Македонија заедно со својот адвокат и заминала за Бугарија, иако во рамки на постапката, како мерка на претпазливост ѝ се одземени личните документи објави бугарската БТВ.,

Михаилова изјави дека поради влошената здравствена состојба во која се наоѓа, одлучила да се врати во Бугарија.„Ја преминавме границата со мојот адвокат. Моето здравје се влоши, тој ме зеде и се вративме во Бугарија без никакви проблеми вели таа и додава дека на границата ја покажала македонска лична карта.

Таа меѓу другото изјави дека се чувствува безбедно во Бугарија , а се жалеше дека во Македонија била репресирана поради бугарското потекло и според неа тоа било и една од причините зошто била обвинета “,вели Михаилова за БТВ.

На прашањето дали има намера да се врати во Македонија за судењето, чие следно рочиште е закажано за 9 ноември таа одговори:„Случајот продолжува со или без мене. Ќе видиме како ќе биде“.Нејзиниот адвокат одби да каже на кој граничен премин поминале, велејќи дека не сака да им предизвика проблеми на луѓето кои, според него, им помагале.

Во меѓувреме, од бугарското министерство за надворешни работи објавија дека не биле однапред известени за случајот и тврдат дека не учествувале во организацијата за враќање на младата Ива во Бугарија.Се уште нема информација и од македонското мвр како Ива Михаилова ја преминала границата со оглед на тоа што ѝ се одземени личните документи, како и преку кој граничен премин ја напуштила државата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Акал ќебап

Во понеделник (05.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Нино Величковски

„Гответе со Дракче“ - Акал ќебап

Состојки за денешниот рецепт:

500 гр. јагнешки мозок

500 гр. јагнешко месо

500 гр. јагнешка марамица

1 главица кромид

1 чешне лук

масло

сол, шарена сол и др. зачини по избор

Бешамел сос за премачкување

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Јокиќ маестрален на натпревар од предсезоната. Трипл-дабл за 26 минути

Еден од најдобрите светски кошаркари, српскиот центар Никола Јокиќ одигра одличен натпревар во победата на Денвер Нагетс над Чикаго Булс со 133:128, во подготвителен меч пред почетокот на новата НБА-сезона.

Видео: Јокиќ маестрален на натпревар од предсезоната. Трипл-дабл за 26 минути

31 годишниот Јокиќ оствари „трипл-дабл“ учинок за само 26 минути поминати на теренот, завршувајќи го натпреварот со 22 поена, 11 скока и 10 асистенции.

Трикратниот НБА МВП имаше шут од игра 8 од 12 (вклучувајќи 1 од 2 за три поени), додека од линијата за слободни фрлања погоди пет од седум обиди.

Тој запиша и една блокада, а до „трипл-дабл“ стигна уште во текот на првите три четвртини. Јокиќ одлично го отвори натпреварот. Во првата четвртина ги погоди сите пет шута од игра и постигна 14 поени, а до крајот на мечот повторно покажа зошто важи за еден од најдобрите додавачи меѓу високите играчи во историјата на кошарката. Големо внимание привлекоа неколку негови асистенции, вклучувајќи и едно атрактивно додавање преку речиси целиот терен.

Најефикасен играч на Денвер беше Арон Гордон со 25 поени, додека Камерон Џонсон додаде 15. Кај Чикаго се истакна Леонард Милер, кој постигна 26 поени влегувајќи од клупата и имаше реализација од 11 од 14 обиди од поле.

Минатата сезона, Јокиќ ја продолжи низата од шест последователни сезони во кои завршуваше меѓу првите двајца во гласањето за МВП-наградата.

Иако „трипл-дабл“ учинокот од подготвителните натпревари не се вбројува во неговата официјална НБА-статистика, синоќешниот настап покажа дека српскиот центар е во одлична форма пред почетокот на новата сезона.

Пред стартот на регуларниот дел од сезоната, Денвер го очекуваат уште неколку подготвителни натпревари против Лос Анџелес Клиперс и Лос Анџелес Лејкерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер