БалканКрвава свадба во Шибеник: Жена била погодена во глава со сигнална ракета, веднаш починала Страшни вести го потресоа регионот синоќа околу 19 часот, кога на свадбена прослава во Шибеник се случи трагедија.При испукување на ракета на свадбата, една жена беше погодена и се здоби со сериозни повреди на главата. Повредената беше итно пренесена во Општата болница во Шибеник, каде што, и покрај напорите на лекарите, почина. Уапсен е маж Полицијата во Шибеник го потврди инцидентот. „Едно лице е однесено во полициската станица и е на лекување, додека повреденото лице е пренесено во Општата болница во Шибеник каде што му е дадена медицинска помош“, изјави претходно портпаролката на полицијата Сања Баљкас. Полицијата кратко потоа потврди дека жената починала. Подоцна беше потврдено дека 52-годишниот осомничен е уапсен и донесен во полициската станица, а против него е покрената кривична истрага. Увидот на местото на настанот е во тек, а полицијата спроведува истрага за да ги утврди сите околности на несреќата. Што е сигнална ракета? Ракетата е пиротехничка направа што се користи во воениот, авијацискиот и поморскиот сектор за емитување светлосни или звучни сигнали, најчесто како повик за помош или за означување позиција. Често ја користат и навивачите на спортски настани. Откако ќе биде испукана, таа произведува силна светлина (црвена или бела) или гласен звук. Поради големата брзина на исфрлање, може да биде опасна ако не се ракува внимателно, како што за жал покажа оваа трагедија.Тагови: свадба Шибеник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: На ден 23.06.2026 г. сообраќајот на патниот правец Прилеп- Битола близу железничката пруга Лознани е спроведен времен режим на сообраќај, сообраќајот ќе се одвива со пренасочување од магистралниот кон регионалниот пат заради изведување на градежни работи на терен. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоНестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветерПод влијание на циклонска активност од југоисток денес ќе имаме нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер.Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени. Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени. Денес ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло. Тагови: дожд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМоника Зајкова и Бране Петрушевски во „Само вистина“Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Моника Зајкова и Бране Петрушевски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВладата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12Мицкоски: Очекувам намалување на бензините за 2,5 до 3 денара и 7 денара на дизелот по литар12:55
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Цената на дизелот се намалува за 7 денари, на БС - 95 за 3,5 денари, на БС – 98 за 4 денари по литар13:12